Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 57Голем број преставки и жалби на граѓаните до Народниот правобранител за случаи кога банките им ги блокираат сметките без притоа да ги известат за тоа. Во текот на изминатава година, Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, вели дека ова особено било евидентно со плаќањето или неплаќањето на радиодифузната такса што резултирало со блокирање на приватни сметки на граѓаните.„Голем беше бројот, сеуште е голем бројот затоа што и во делот на плаќање на радиодифузна такса се премина од еден во друг систем на плаќање на радиодифузната такса, така да на почеток...
Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна
Post Views: 60Кој рече дека желбите не се исполнуваат. Детската желба и љубов кон шминката и козметиката воопшто, сега е веќе реалност за Даниела Златаноска. Нејзината идеја да отвори свој салон за убавина се реализирала во рамките на активните мерки за самовработување кои Владата ги нуди преку Агенцијата за вработување. Со бизнис планот кој сама го изработила, Даниела добила 3000 евра или 180.000 денари неповратни средства од Владата и го остварила својот сон.„Самите ние, нашиот бизнис да биде успешен буквално не подготвуваа да бидеме подготвени на се и беше одлична соработката таму, цел...
Љубов кон животните од најрана возраст низ интерактивно предавање
Post Views: 58Љубовта кон животните се раѓа и негува од најрана возраст. Ова е мислата водилка на активистите од здружението за заштита на животни од Охрид, Анималиа. Тие денес започнаа со реализација на нивниот едукативен проект „Заедно растеме“ со кој како што велат сакаат да влијаат на зголемување на свеста за полезноста од љубовта кон животните. Денес имаа едукативно и интерактивно предавање за учениците од ОУ „Братство Единство“.„Доколку ние од мала возраст не водиме сметка за да ги изградиме дечињата за да ги љубат животните, подоцна е тешко да им ги промениме тие вкоренети навики на...
Регионалниот сојуз на синдикати со предлог решенија за ситуацијата со вработените во ЕМО
Post Views: 58Претставници од регионалниот сојуз на синдикатите на Македонија денес во непосредна средба со градоначалникот Никола Бакрачески со конкретни предлози за конечно решавање на судбината на вработените во АД ЕМО од Охрид. Драган Цветкоски, претседател на регионалниот огранок на ССМ во Охрид изрази благодарност за разбирањето на градоначалникот Бакрачески за тежината на нивните проблеми иако неговите ингеренции не му дозволуваат директна помош на вработените.„Ако е можно да се изнајде определено решение за изготвување на определен пакет и исплата на плати и придонеси за...
Хрватски компании во обиколка на можните локации за изградба на градската марина во Охрид
Post Views: 55Две хрватски компании од областа на градбата на марини, во обиколка на охридското крајбрежје. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручни лица од областа на изградбата на марини како и стручните лица од Капетанијата на пристаништата на Република Македонија им ги презентирале на гостите можните локации за изградба на градската марина. „Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето, каде што гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат и тлото на езерото, се информираа од...
Локалната задоволна од остварените приходи, опозицијата смета дека се кастрат развојните програми
Post Views: 50Проектираниот буџет на општина Охрид денес намален за 21 процент во однос на она што било замислено. Од локалната самоуправа причината за тоа ја гледаат пред се во неможноста во оваа фискална година да ги добијат на општинска сметка парите од добиениот кредит од Светска банка.„Она што можам да кажам за буџетот на општина Охрид е дека буџетот е стабилен, од приходната страна сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки како што знаете подолго време надоместокот за уредување на градежно земјиште не ги дава очеквуаните и проектираните резулати, а...
Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа
Post Views: 97Маката денес натера седумдесеттина вработени во АД ЕМО од Охрид решение за своите судбини да побараат во локалната самоуправа од Охрид. Неисплатени плати, придонеси, извршни решенија и нерешен статус околу рестартирањето на фабриката. Ова е дел од проблемите за кои тие побараа помош од локалната. Претседателот на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Пеце Ристевски, вели дека кога ја побарале средбата со секретарот на општината, Димитар Спасески биле свесни дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но потенцира дека како...
Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија
Post Views: 57Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад. „Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој не е...







