Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 237 Сребрено, јубилејно издание на традиционалниот фестивал на староградска песна, „Охридски староградски средби“. Ова е фестивал кој со години ја негува македонската староградска песна, песна која се создавала во периодот кога во градовите цутело занаетчиството и кога се создавало градското јадро. Креирана во различни градови, од различни музички тајфи, староградската песна изобилува со варијации карактеристични за местото од кое потекнува.„Оние стари убави трубадурски песни и градски серенади кои што секој град, секое поднебје си има карактеристика. Токму тоа е поентата...
Институциите во борба против дискриминацијата
Post Views: 207 Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“. Спасов...
Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода
Post Views: 204 Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани.„Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...
НВО „ХЕРА“ со петиција бара сеопфатно сексуално образование во училиштата
Post Views: 214 Невладината организација „ХЕРА“ ја бара подршката од граѓаните за воведување на сеопфатно сексуално образование како предмет во училиштата ширум земјава. Насловена „За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“ нивната кампања деновиве е фокусирана на привлекување на вниманието на ресорното министерство за образование околу потребата од воведување на ваков предмет во образованието. Претставниците од „ХЕРА“ велат дека според нивното истражување „Љубов после часови“, и кај родителите, и кај професорите и особено кај децата постои подготвеност па дури...
„Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник
Post Views: 207 Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија. Но ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи,...
Европска клубска кошарка викендов во Охрид
Post Views: 200 Јавното претпријатие „Билјанини извори“ подготвува вистински викенд-спектакл. После подолго време, во Охрид ќе настапат врвни европски кошаркарски екипи. Овој петок, започнува меѓународниот турнир „Охрид Трофеј 2013“, кој на охриѓани ќе им понуди вистинско спортско уживање. Главен покровител на овој меѓународен турнир е општина Охрид, додека негов реализатор ќе биде ЈП „Билјанини извори“.„Можеби возрасните ќе ме корегираат, после три децении на голема врата ја враќаме меѓународната квалитетна клубска кошарка. Ја враќаме со „Охрид Трофеј 2013“. На него ќе учествуваат...
Отворени две од вкупно трите унифицирани сувенирници во Охрид
Post Views: 187 Долгонајавуваните сувенирници од вчера и официјално отворени. Нивното поставување е во рамки на програмата на Владата на Република Македонија за поставување на унифицирани туристички монтажни објекти. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска изрази задоволство што и во Охрид се отвораат вакви сувенирници. Од вкупно трите предвидени локации, вчера беа отворени две, додека третата ќе биде отворена во наредниот период.„Имаме можност да отвориме две, едната сувенирница беша кај чинарот, а другата е овде во центарот на Охрид. Мислам дека самото место е одлично...
Охриѓани ќе патуваат во минатото преку три документарци за Охрид
Post Views: 237 Три кратки документарци ќе ги потсетат охриѓани на едно минато време. Центарот за култура „Григор Прличев“ во соработка со Кинотека на Македонија, направиле избор на три документарни филмови кои што се поврзани со Охрид. Се работи за насловите „Охридско езеро“ од 1958 година, „Дванаесетте од Папрадник“ од 1965 година и Охридските трубадури произведен во 2005та година.„Охридско езеро“ и „Охридските трубадури“ се однесуваат директно на Охрид и ги опишуваат убавините на Охрид, но и луѓето кои што во тој период направиле нешто за Охрид, еве пример за охридските трубадури,...
Изложба на дваесетина графики во Центарот за култура „Григор Прличев“
Post Views: 200 Центарот за култура од вечерва па се до 25ти Септември ќе биде дом на дваесетина уметнички слики, графики, изработени од македонски и бугарски автори. Организаторите од Центарот за културен проток-АРТерија, велат дека ова е идеја која е подготвувана од поодамна, а вклучува дела од автори кои студирале на Националната академија на ликовни уметности од Софија-Република Бугарија.„Имаме отприлика дваесет и осум графики. Изработени се во различни техники, литографија, бакропис, аква тинта. Имаат еден поинаков пристап, многу поразличен од кај нас, тие елементи и принципи...
Француски искуства за приближување на македонското кон европското законодавство
Post Views: 208 Адвокатските комори на Република Македонија и градот Кан од Франција денес потпишаа договор за меѓусебна соработка. Потпишувањето на овој договор за македонските адвокати, и адвокатите од Кан ќе значи и можност за размена на искуства, во повеќе различни области од правото, вклучително и во областа на човековите права. Според претседателот на адвокатската комора на градот Кан, Робер Алери, овој договор претставува само рамка за сите идни активности чија содржина ќе се формира во зависност од желбите на адвокатите од двете земји.„Се разбира дека адвокатската комора од...
100 години од Охридското востание
Post Views: 309 Денес охриѓани се присетуваат на еден од најзначајните револуционерни настани во овој регион. Помалку заборавено и прескокнато од историските книги, Охридско-Дебарското востание од 1913та година со заедничка идеја ги обединило за прв пат македонските револуционери со албанските, со што уште повеќе добива на историски значај. Ова востание било кренато како знак на револт против тогаш донесениот Букурешки мировен договор со кој била поделена Македонија. Христо Матов, син на Милан Матов, еден од најистакнатите војводи во охридската чета, денес се присети на приказните...
Охридските ракометари ја започнуваат Суперлигашката авантура
Post Views: 223 Охриѓани годинава ќе имаат привилегија на свој терен да следат Суперлигашки ракомет, а сето тоа благодарение на момците од ракометниот клуб Охрид 2011. Тие, за само неколку дена, во недела, ја започнуваат својата Суперлигашка авантура. Со своите игри, залагање, борбеност и посветеност во изминатите две сезони, овие момци покажаа и докажаа дека знаат ракомет. Тие во последен момент и благодарение на локалната самоуправа, но и локалните бизнисмени го фатија возот за ракометната елита, откако беа условно претворени во акционерско друштво што беше првиот услов за настап...