Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Пензионерите од Охрид и Дебрца ден порано го одбележаа 7ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 9 Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, како и здружението на пензионери од Струга, ден порано ја одбележаа 70 годишнината од ослободувањето на Охрид. „По тој повод организиравме манифестација на која го одбележуваме овој ден, пред 70 години, ден кога е ослободен овој убав град. На оваа манифестација учествуваат и млади ученици кои со своите рецитаторски творби ја прикажуваат вистината за за времето кога се одвивале настаните и ја прикажуваат вистината за ослободувањето на градот.“-рече претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи...

Продолжи со читање

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Post Views: 3 Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што...

Продолжи со читање

Медитација и вежби за дишење наспроти огромната употреба на антидепресиви во нашата земја

Post Views: 7 Охриѓани ќе учат техники за справување со стресот. Денес, лиценцираниот учител за Art of living и психолог, Теодора Костовска со едно несекојдневно излагање на тема стресот и луѓето, пред заинтересираните ќе говори за начините на препознавање на симптомите карактеристични за стресот, но и ќе сподели со охриѓани на кој начин да се справуваат со него. Имајќи ги предвид застрашувачките податоци со кои излезе Фондот за здравство кои говорат дека 1.600.000 рецепти кои биле издадени минатата година гласеле на антидепресиви, Костовска смета дека од пресудно значење за...

Продолжи со читање

Локалната привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева

Post Views: 6 Локалната самоуправа привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева. Станува збор за инвестиција од околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на ова современо игралиште нуди можности за развој на спортскиот туризам.„Се прави со финансиско вложување на општина Охрид и на Фудбалската федерација на Македонија, односно УЕФА кое што ќе биде едно од најдобрите игралишта на вештачка трева во Република Македонија и ќе се создадат услови за она што ние подолго време наназад го...

Продолжи со читање

Охриѓани се жалат на неосновано блокирани сметки поради неплатена радиодифузна такса

Post Views: 9 На охриѓани им се блокираат сметките во банките поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Граѓаните реагираат дека неплатениот долг не е по нивна вина. Објаснуваат дека сметките за радиодифузна такса не доаѓаат навреме, а додаваат и дека многу често опомените за неплатена сметка стигнуваат многу доцна кога веќе сметката ќе биде блокирана, а многу често опомени воопшто не стигнуваат. Охриѓани прашуваат како ќе им се пребие сумата за наредните месеци на оние граѓани кои веќе ги платиле сметките за радиодифузна такса, а банкарските сметки им се блокирани за истите...

Продолжи со читање

Новинарите треба подлабоко да истражуваат при известување за сексуалните работници

Post Views: 5 Избегнување на клишеата во известувањето за сексуалните работници, избегнување на стереотипите и подлабоко истражување на темата сексуален работник. Ова се само дел од препораките и заклучоците кои произлегоа од денешната работилница наменета за охридските новинари, насловена како „Сексуалната работа и медиумите.“ Целта на работилницата, меѓу другото беше поголемо и посеопфатно информирање на новинарите за начините на известување кога станува збор за темата на сексуални работници, но и принципите кои би требало да се следат со цел што пообјективно и посеопфатно да...

Продолжи со читање

И Охридската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на свечената седница по повод 11ти Октомври

Post Views: 7 Од ДПМНЕ  со обвинувања дека СДСМ го злоуптребува големиот државен празник за добивање ситни политички поени, а притоа ги навредува сите учесници на свеченоста посветена на празникот. Од охридската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата прашуваат дали обраќањето на претседателот на Сојузот на борци е синхронизиран настап помеѓу СДСМ и него. Според ДПМНЕ, овој говор  бил потврда за контролата на СДСМ над институциите каде има сопствени кадри. Дополнително, во реакцијата стои дека според ВМРО-ДПМНЕ, нивните политички опоненти од СДСМ треба јавно да се извинат бидејќи според нив,...

Продолжи со читање

Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник

Post Views: 2 Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот. Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО. Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот...

Продолжи со читање