Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 231 Фирмите во Охрид доцнат со подигнувањето на електронските здравствени картички за своите вработени. Вака велат анализите кои ги направил Фондот за здравствено осигурување. Советникот на директорот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека за разлика од фирмите, во подрачната единица во Охрид, далеку поажурни биле невработените и пензионерите иако според Аџигогов тоа е нелогично со оглед на фактот дека фирмите можат да подигнуваат поголем број на електронски здравствени картички одеднаш.„Во подрачната служба Охрид, 25000 охриѓани веќе ги имаат подигнато своите електронски...
Познати годинешните победници на меѓународниот атлетски маратон Охрид 2013
Post Views: 186 Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји. Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58 минути...
Нема веќе рефус мелено месо по месарниците
Post Views: 283 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее...
Исклучително успешна 46та отворена Балканијада во едрење, Охрид 2013
Post Views: 195 Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо. „Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде даден...
Човекот-амфибија, Јане Петков, со врзани раце и нозе ќе плива во Охридското езеро
Post Views: 225 Пливачкиот инструктор, спасувач и авантурист, Јане Петков од Сандански, соседна Бугарија во водите на Охридското езеро ќе се обиде да направи еден несекојдневен, необичен и пред се екстремно опасен подвиг. Петков ќе се обиде со врзани раце и нозе, а потоа вовлечен и повторно врзан во вреќа да преплива цели три километри почнувајќи од плажата Горица 1 до градското пристаниште. Ваквиот подвиг не е новина за Петков, бидејќи тој веќе има пливано со врзани раце и нозе. Тој ни раскажа како тоа за прв пат се случило, но и која е тајната за да се успее во еден ваков несекојневен...
Среќен крај на заложничката драма што попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро
Post Views: 220 Заврши едночасовната заложничка драма која попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на хотелот Горица. Драмата се случуваше на бродот Александрија кој во моментот превезувал странски туристи, учесници на безбедносна конференција. Грабнувањето го извршиле припадници на терористичка организација кои како џихадисти учествувале во вооружениот конфликт во Сирија. Со координирана акција на поголем дел од организационите единици при МВР, беше извршен упад од вода и воздух кој заврши кобно за тројца од грабнувачите, додека петмина од нив...
Успешен старт на 46та Балканијада во пловење на отворени води, Охрид 2013
Post Views: 197 Денес успешно стартуваше 46та Балканијада во пловидба на отворени води, Охрид 2013. Едриличари од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Турција и Бугарија денес запловија во водите на Охридското Eзеро во шесте поголеми класи, ласер стандард, ласер радиал, ласер 4.7, фин и рсх како и најбројната класа на едриличари, класата оптимист.„Се едри на две регатни полиња, поле А и поле Б. На полето А или Алфа кое се наоѓа над градското пристаниште, едрат поголемите класи, класа 470, класа ласер стандард, ласер радиал, класа 4.7 и класата фин. На полето Браво едри најбројната...
Секторот за ТЛЕР повторно ќе ги става во употреба инфо-пунктовите
Post Views: 182 Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат. Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени инфо-пунктовите,...
Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори
Post Views: 214 Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и целиот регион. Овој проблем, Упевче...
Започна новата школска година-најрадосни првачињата
Post Views: 203 Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година. На првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците...
Невообичаени камени скулптури на плажата во Извиднички
Post Views: 206 Несекојдневно уметничко дело на плажата во извидничкиот камп. Деновиве охриѓани, и туристите кои се сместени во кампот, можат да уживаат и да се восхитуваат на една невообичаена глетка. Безброј камења, во различни големини и форми, наредени еден врз друг балансираат на брегот од езерото. Кога нашиот објектив ја улови оваа несекојдневна слика, најпрво помисливме дека овие скулптури се направени со лепење на камењата или дека се тие зацврстени на некој начин. Но на лице место се уверивме дека не е така, камењата едноставно се поставени еден врз друг, врзани единствено...
Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка
Post Views: 181 Охридското езеро денес си доби нов подмладок од ендемичната охридска пастрмка. Вештачкиот мрест беше спроведен како координирана акција помеѓу јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и стопанскиот концесионер на езерото „Пастрмка 2012“, а во соработка и со подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според концесионерот Ристе Танасоски, од „Пастрмка 2012“, нивото на собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор за подобрувањето на бројноста на охридската пастрмка во Охридското езеро.„Денеска ќе биде порибено со 100.000...