Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Слаб интересот кај охридските такси превозници за курсевите по англиски

Post Views: 9 Слаб интересот за изучување на англиски јазик кај охридските такси превозници. Обуката за англиски јазик се спроведува како соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи. До истекот на рокот за пријавување, такси превозниците имаат уште две недели, но барем засега, според нивните кажувања, или не се запознаени со процедурите и роковите за пријавување или пак воопшто не постои интерес за посета на таквите обуки.„Не сум се пријавил досега, не сум заинтересиран. Ова го работам привремено така да оставам на младите, тие нека учат.“„Не не...

Продолжи со читање

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Post Views: 2.012 Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри.„Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел,...

Продолжи со читање

ВМРО НП го поздравува отпочнувањето на градскиот линиски превоз за кој велат бил нивна идеја

Post Views: 4 Од Народна велат дека уште во 2012 година тие поднеле иницијатива во Советот на Општина Охрид по што била донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на Охрид. Додаваат дека истиот краток период во 2013 година функционирал но набрзо потоа бил прекинат. Од ВМРО Народна велат дека го поздравуваат тоа што Локалната конечно реализира една иницијатива од минатото. Тие додаваат дека позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се, како и тоа дека благодарение на нивната иницијатива, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ...

Продолжи со читање

Центарот за социјални работи од Охрид задоволен од интересот за бесплатните курсеви за децата без родители

Post Views: 6 Задоволителен интересот за посетување на бесплатните курсеви по компјутери и англиски јазик кои ги организира Министерството за труд и социјална политика-оценуваат од охридскиот Центар за социјални работи. Со овие почетни курсеви ќе бидат опфатени децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачко семејство, во мал групен дом, во установи за социјална заштита, деца под старателство на близок сродник и лица кои до својата осумнаесетта година имале статус на деца без родители, но не се постари од 26 години.„Постапувајќи по насоките од Министерството,...

Продолжи со читање

Охридското ѓеврече ја освојува Србија

Post Views: 3 Познатиот охридски бренд, АД Жито леб успешно ги освојува пазарите во соседните земји. Од таму велат дека во моментов, вистински хит на српскиот пазар се нивните познати охридски ѓевречиња, но додаваат дека до крајот на годината ќе почнат со извоз и на уште еден препознатлив свој производ, односно со производната линија апетисимо.„Сигурно дека најпрво отидовме со нашиот бренд, кој вие добро го знаете, нашето охридско ѓеврече кое го имаме во две варијанти, како бело охридско ѓеврече и ржано охридско ѓеврече. Пробавме на пазарот во Србија, засега сме успешни и се...

Продолжи со читање

Исполнета есен за теквондистите од „Хва Ранг“ од Лескоец

Post Views: 10 Тек вон до мајсторите од „Хва Ранд ИТФ“ од Лескоец со исполнета и натпреварувачка есен. На крајот од месецов заедно со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир во боречки вештини организиран во чест на Милчо Ангелески, истакнат долгогодишен работник во боречките вештини. На овој турнир, учество ќе земат најголемиот број од членовите на тек вон до клубот Хва Ранг.„Во соработка со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид организираме на 25ти Октомври меморијален турнир во боречки вештини каде ќе бидат застапени лајт контакт...

Продолжи со читање

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 16 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу...

Продолжи со читање

Ем стоматолошка услуга, ем туристичка прошетка

Post Views: 10 Охрид ги прави првите чекори кон денталниот туризам. Стоматолозите од градов велат дека Македонија сеуште се наоѓа на првото скалило од овој интересен туристички концепт, во кој туристите добиваат и стоматолошка услуга, но и можност да уживаат во сите останати туристички услуги како пакет аранжман. Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, вели дека тие веќе втора година практикуваат дентален туризам. За таа цел отвориле и своја ординација во Словенија која им служи како своевиден промотор и на Охрид и на стоматолошките услуги на центарот. Д-р...

Продолжи со читање