Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Колку активен е македонскиот граѓански активизам?

Post Views: 192 Како изгледа македонскиот граѓански активизам од прва рака? Изминативе неколку години, неколку јавни прашања кренаа вистинска прашина по што групи на граѓани решија да го изразат своето мислење преку мирни протести. Некои од граѓанските иницијативи постигнаа позабележителен, некои помалку забележителен успех, но според граѓаните активисти, за жал заедничко за сите нив е дека во јавноста ваквите иницијативи воглавно добиваат етикета дека се политички мотивирани. „Етикетирањето прави огромна штета врз активизмот во Македонија. Во суштина тоа не е одржлива и нормална...

Продолжи со читање

„Минералите од Република Македонија“-доказ за минералното богатство на нашата земја

Post Views: 383 Монографијата „Минералите од Република Македонија со вовед во минералогијата“ со промоција и во Охрид. Оваа сликовита монографија е резултат на 25 годишно истражување на тројцата главни автори, академик Глигор Јовановски, проф.д-р Блажо Боев и проф.д-р Петре Макрески, но и на триесетината соработници вклучени во овој обемен проект. Според Јовановски, Македонија е мала земја по површина, но според бројот на минералите со кои располага таа е многу богата.„Во книгата се опишани 66те локалитети во земјава од кои што се собрани минералите и опишани се и изучени окол 80...

Продолжи со читање

Дебитантот Аксел Рајмонд победник на 27от Охридски пливачки маратон

Post Views: 190 Французинот Аксел Рејмонд и италијанката Мартина Грималди се годинешните победници на Охридскиот пливачки маратон. Рејмонд воедно го подобри ланското остварување на легендарниот Петар Стојчев за цели девет минути, препливувајќи ја патеката „Климе Савин“ за рекордно време од 5 часа, девет минути и 54 стотинки. За изненадувачки добриот резултат се погрижија и струите на Охридското езеро кое беше доста немирно во последните десет километри. „Ова ми е прв пат на Охридскиот маратон, но сакам само да испливам 30 километри.“-вели победникот во Охридскиот маратон, Аксел Рајмонд.Веднаш...

Продолжи со читање

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 194 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Продолжи со читање

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Post Views: 223 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи.„Пречат, секако...

Продолжи со читање

Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето

Post Views: 192 52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето. „На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници...

Продолжи со читање

„Браќа Карамазови“ за драмско финале на годинешното Охридско лето

Post Views: 200   Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски.„Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите...

Продолжи со читање

Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид

Post Views: 212 Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии. „Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите...

Продолжи со читање

Расказот „Трансакција“ победник на конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Post Views: 251 Познат овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Најзабележителен, според жири комисијата предводена од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, бил расказот „Трансакција“ доставен под шифрата „Нула“. Според Димоски кој е претседател на оваа жири комисија, наградата за краток расказ „Живко Чинго“ го има највисокиот примат за литературен жанр од овој вид. Еве зошто комисијата се одлучила токму за овој расказ.„Расказот „Трансакција“ обработува современа урбана тема во која на некој начин сите ние сме заробени и може да се препознаеме. Двата лика...

Продолжи со читање

Туристите ќе го запознаваат Охрид преку андроид апликација

Post Views: 330 Престојот на туристите во Охрид штотуку стана далеку полесен. Тие до најпознатите и најпосетуваните културно-историски споменици во градов ќе можат лесно да стигнуваат благодарение на андроид апликацијата за паметни телефони наречена МK Guide. Оваа апликација може да се симне од веб страната на Гугл Плеј и е целосно бесплатна. MK Guide е дело на програмерите од Факултетот за информатички науки и компјутерски инженеринг од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и локалната самоуправа од нашиот град.„Апликацијата откако корисникот ќе ја...

Продолжи со читање

Прва изложба по 17 години на Јордан Манасијески во родниот Охрид

Post Views: 276 „Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид. Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески.„Очигледно...

Продолжи со читање

Охриѓани се информираа за сидата на ХИВ караванот

Post Views: 170 ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на дроги.„Преку...

Продолжи со читање