Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ODW Elektrik до крајот на годинава започнува со производство во Охрид

Post Views: 22 Целосно адаптирана производствената хала за инвестицијата на германската компанија ОДВ електрик. Донесена е и првата производствена линија во адаптираниот објект со големина од 1500 метри квадратни. Огнен Цубалевски, директор на ОДВ Електрик Македонија вели дека очекуваат напролет да започне израдбата на новиот производствен објект во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Според него, само во првата фаза од инвестицијата ќе вложат околу 4 милиони евра, за до крајот на реализацијата на проектот да имаат производствен капацитет на површина од...

Продолжи со читање

Се запали штала во атарот на село Оровник

Post Views: 4 Се запали штала во атарот на село Оровник. Пожарот се случил денес околу пладне. Под влијание на ветерот, од стрништата биле зафатени нискостеблести растенија-капини израснати околу самата штала, а поради променливоста на правецот на ветерот од истиот била зафатена и кровната конструкција на шталата. Поради превентива имајќи го предвид присутниот ветар, територијалната противпожарна единица на лице место испратила две противпожарни возила, но кога пристигнале на локацијата пожарот лесно го ставиле под контрола. Според информациите кои ги добивме причинета е само...

Продолжи со читање

Меморијално фудбалско шоу на охридската медиумска заедница

Post Views: 8 Многу забава, многу дружење, а по малку и трчање и фудбал на Меморијалниот медиумски фудбалски куп. 16ина новинари, монтажери, камермани, водители, сопственици на медиуми, поделени во два тима, вчера одиграа фудбалски натпревар во чест на своите колеги Петар Алексоски од Телевизија ТВМ, Наумче Аврамоски-Ди џеј Бруце, Влатко Пантоски-Ди џеј Пантер од Супер Радио и Јован Слатинец-Ди џеј Мравка, кои оставија белег во охридската медиумска сцена, а кои прерано не напуштија. Натпреварот беше приказна сама за себе, и тоа забавна приказна. За почеток, посебно отпечатените...

Продолжи со читање

Само еден здравствен работник од Охрид ги остави цигарите во рамки на Советувалиштето за откажување од пушење

Post Views: 5 62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со...

Продолжи со читање

Градската марина ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и х. Парк

Post Views: 23 Долгоочекуваната и долгонајавуваната градска марина преку јавно-приватно партнерство ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и хотелот Парк. Овој бил заклучокот од  вчерашната средба во Скопје помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Капетанија на пристаништата како и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана. Градоначалникот Бакрачески за ТВМ открива дека за оваа локација се решиле поради можноста на истата да бидат изградени и дополнителни објекти кои би ги користел приватниот партнер.„Разговаравме околу можностите...

Продолжи со читање

Најпознатата баба во Македонија, баба Рада, денес делеше совети на охриѓани

Post Views: 14 Голем број охриѓани денес во еден здив ги слушаа зборовите и советите на најпознатата баба во Македонија, баба Рада. На нејзината несекојдневна промоција на прирачникот „Билките на баба Рада“ таа рече дека нема да зборува само за билките, туку и за вербата, надежта и љубовта. Целта на нејзината емисија која за кратко време стана навистина популарна и гледана вели дека е да се помогне на луѓето, да се влее надеж дека за се може да се најде лек.„Да биде емисија која ќе го поткрене она заборавеното во нас, вие знаете дека нашите баби и прабаби, нашите дедовци и...

Продолжи со читање

Валео студиото за физиотерапија, успешна приказна со владини проекти за самовработување

Post Views: 9 Добрата бизнис идеја со мала помош од државата може далеку да дотурка. Физиотерапевтот Михаил Шишкоски е доказ дека тоа е возможно. Неговата ординација за физиотерапија, кинезитерапија, медицински масажи „Валео“ веќе три и пол години функционира и успешно работи во нашиот град. Михаил раскажува дека како и секој млад човек по завршувањето со образованието сонува за добра и платена работа. Согледувајќи ги можностите во нашиот град, одлучил дека треба среќата да ја побара во Скопје. Но кога бил на прагот да прифати една од понудите за работа, разбрал за проектите за...

Продолжи со читање

Македонските адвокати со австриски искуства за примена на современа технологија во работењето

Post Views: 7  Македонските адвокати ќе влечат австриски искуства за примена на современи технологии во адвокатското работење. Ваквите искуства, според претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во голема мера ќе придонесат во унапредувањето на двањето на правна помош од страна на адвокатите. 17Ина адвокати од македонската комора денес на заедничка средба австриските искуства во оваа област ги слушнаа лично од претседателот на Австриската комора на адвокати. „Кај нив има интересни искуства околу ангажманот на адвокатите во земање на тестаментални изјави...

Продолжи со читање