Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 237 Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски.„До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка,...

Продолжи со читање

Дали Охрид ќе прерасне во главен спортски центар во земјава?

Post Views: 236 Градоначалникот Никола Бакрачески на иницијатива на првите луѓе на СРЦ „Билјанини извори“ организираше работна средба со спортските федерации од државава, Агенцијата за млади и спорт како и истакнатите спортски работници од градов. Крајната цел според Бакрачески е развој на спортските клубови во Охрид преку една ваква координирана акција.„Она што е наша цел како локална самоуправа и секако цел на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, е да ја дадеме максималната логистичка подршка за организација на масовни настани во спортот кои што би се одржувале во Охрид....

Продолжи со читање

„Кога бев мртов“-бурлеската без текст го отвора драмскиот дел на Охридско лето

Post Views: 268 Драмскиот дел од 53то издание на Охридско лето ќе добие немо но нималку тивко отворање. Несекојдневната претстава „Кога бев мртов“ работена според немиот филм на Ернст Љубич, ќе ја има задачата да ја насмее присутната публика. Претставата нема текст, па актерите своите улоги ќе ги одиграат со изразување преку телото. Поради тоа, според режисерот Диего де Бреа оваа претстава отвора нови полиња на изразување во театарот.„Приказната не е некоја драмска класика. Тоа е приказна за еден обичен, но невозможен однос помеѓу машко и женско кои на секој начин се одвојуваат за...

Продолжи со читање

ВМРО НП: Се вршат притисоци врз доверителите за да се откажат од побарувањата кон општината

Post Views: 215 ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив...

Продолжи со читање

НУ „Завод и музеј“: Голем дел од културно-историските споменици во градов несоодветно осветлени

Post Views: 250 Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација. Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска,...

Продолжи со читање

Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам

Post Views: 226 Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец. На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам,...

Продолжи со читање

Охридските средни училишта договорија практична настава кај занаетчиите

Post Views: 357 Трите средни училишта од Охрид, денес потпишаа меморандум за соработка со Занаетчиската комора на Македонија и нејзиниот регионален огранок. Меморандумот е донесен по заклучок на Владата на Република Македонија, а освен во Охрид, ваков документ комората потпишала и со училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип. „Секако со овој меморандум може да се допринесе многу за подобар кадар на занаетчиската структура. Учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите и на тој начин да соработуваме за доброто на сите.“-рече Весна Симова, претседател на Занаетчиската...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа ќе става поголем акцент на руралниот туризам

Post Views: 209 Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата. Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле...

Продолжи со читање

Годинава за прв пат „Бело лето“ во Охрид

Post Views: 204 Оваа сабота ќе биде првата „бела ноќ“ во Охрид. Локалната самоуправа заедно со секторот за туризам и локален економски развој „Белото лето“ ќе го искористат за да го означат и официјалниот почеток на летната туристичка сезона. Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6ти јули. За од наредната година најавуваат дека таа ќе се одржува или на крајот од мај или на почекот на јуни како би се пролонгирала летната туристичка сезона. Главна ѕвезда на саботната „бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде македонското...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески денес се сретна со претставници од „Сахара Груп“

Post Views: 213 Претставници од индиската компанија „Сахара Груп“ на инвеститорот Субрата Рој, денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески. На оваа средба, градоначалникот ги информирал до каде се активностите околу изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа. Претставниците на „Сахара Груп“ пак го информирале градоначалникот дека на 11ти и 12ти Јули во Охрид ќе престојува и претседателот на „Сахара Груп“, индискиот инвеститор, Субрата Рој. Во текот на овие два дена ќе се одржи и работна средба на која учество ќе земат самите инвеститори, претставници од...

Продолжи со читање

Санирани дефектите во градскиот базен-наскоро се става во функција

Post Views: 205 Градскиот базен за брзо време ќе биде ставен во функција. Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека при првата комплетна проверка на базенот, тие откриле многу лоша слика. Проблеми со мембраната, вентилите, функционирањето на моторите, каналите на базенот. Ова се само дел од проблемите на кои во изминативе неколку денови работеле од ЈП „Билјанини извори“,со цел што е можно побрзо ставање во функција на градскиот базен.„Ние веќе тоа го отстранивме. Има уште некои ситни работи кои што треба да се отстранат во денешниот и утрешниот ден. Се надевам дека нема да имаме покрупни...

Продолжи со читање

Годинешното издание на Канео фест, со хумана мисија

Post Views: 203 Познатиот охридски музички фестивал, Канео 2013 ќе се одржи по дванаесетти пат. Организаторите велат дека годинава се многу позадоволни од минатата. На фестивалот ќе настапат вкупно 18 новокомпонирани песни, со добро познати музички имиња од македонската сцена. За разлика од минатите изданија на фестивалот, годинава ќе има и втора, ревијална вечер.„Се работи за новокомпонирани композиции, ќе има доста имиња и доста млади кои за првпат ќе се појават. Ќе се направи еден добар микс на една добра музика и едно уживање и прекрасна вечер. Оваа година се одлучивме да имаме...

Продолжи со читање