Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Полуматурантите најмалку заинтересирани за угостителската струка

Post Views: 262 Заврши првиот уписен рок во трите охридски  средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка. Во електромашинскиот...

Продолжи со читање

Поставувањето на маси и столови пред угостителските објекти ќе се наплаќа по зони

Post Views: 194 Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата...

Продолжи со читање

СВР Охрид со превентивни мерки за безбеден сообраќај летово

Post Views: 358 Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120  учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива...

Продолжи со читање

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ги откриваа убавините на шахот

Post Views: 214 Велат дека првиот допир шаховската игра знае да биде посебно доживување. Денес и се уверивме во тоа. Дечињата од централната градинка „Јасна Ристеска“ се запознаваа со шахот, со фигурите, со нивното движење по шаховската табла. За некои од нив ова беше прва средба со оваа античка игра, додека некои веќе знаеја по нешто за шахот.„Јас знам да играм шах, брат ми ме научи и секогаш ме победува. Некогаш мене ме победува, некогаш јас него.“„Со црните се фаќа белото, а со жолтото се фаќа белото.“-рекоа дел од нив.Ова запознавање на малите дечиња со шахот е всушност иницијатива...

Продолжи со читање

Двокатниот автобус за брзо се става во функција

Post Views: 334 Двокатниот автобус кој општина Охрид го доби од Министерството за транспорт и врски за брзо започнува да функционира. Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираат дека во моментот се работи на негово брендирање, а за два-три дена тој и формално ќе биде ставен во функција. „Тоа ќе е слободен превоз. Доколу вие сакате да го закупите и имате желба да одите до одредено место, ние тоа ќе го удоволиме. Инаку се подготвува теренот да може до Заливот на коски, до Свети Наум да оди автобусот, но тоа ќе зависи од клиентите со оглед дека се работи за слободен превоз....

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ од денес започна да наплаќа за паркинг

Post Views: 308 ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А. Додека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска банка,...

Продолжи со читање

КУД „Ѓердан“ слави 45 години игри, песни, музика, историја

Post Views: 259 Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови. За монографијата „45...

Продолжи со читање

Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа

Post Views: 183 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...

Продолжи со читање

Странските туристи збунети од сезонскиот линиски превоз

Post Views: 250 Ќе се става поголем ред во сезонскиот линиски превоз. Нема веќе да ја гледаме честата слика кога странски туристи збунето прашуваат од еден до друг кога им тргнува автобусот или до каде ќе ги носи.Во тоа не им помагаат дури и оние мали табли на кои е испишана дестинацијата, а кои стојат на средствата за јавен превоз. Често проблем е и тоа што тие се испишани на кирилично писмо кое е неразбирливо за туристите кои не доаѓаат од Балканот. За таа цел локалната самоуправа ќе поставува информативни табли со возниот ред и дестинациите до кои се патува по теркот на неодамна...

Продолжи со читање

Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Post Views: 211 Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници.„Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со јавноста,...

Продолжи со читање

„И ние сме деца на Македонија“-прв студиски албум на „Билјана Јуниор“

Post Views: 221 Шестчлениот ансамбл „Билјана Јуниор“ го издаде своето прво цд. Нивното првенче е работено во три охридски студија, а екипата на неговото снимање работела во изминативе 6 месеци. По примерот на нивните ментори од ансамблот „Билјана“, младите музичари направиле избор од некои од најубавите охридски староградски песни.„ЦД-то е составено од 14 песни. Една турска, една влашка и едно оро има. Другите се македонски староградски песни од охридскиот крај. Исто така насловот на ЦД-то е „И ние сме деца на Македонија“ од песната „Налеј, налеј.“-рече Петар Паскали од ансамблот...

Продолжи со читање

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 204 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата.„Со јавниот...

Продолжи со читање