Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Несекојдневниот УФО фестивал ќе ја отвора летната кино-бавча

Post Views: 191 Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности. Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс.„Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички...

Продолжи со читање

Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди

Post Views: 199 Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“. Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер.„Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни...

Продолжи со читање

„Македонија е најдобро чуваната тајна на светот“

Post Views: 399 Шест студенти по реклама и односи со јавноста од Поинт Парк универзитетот од Питсбург ќе го промовираат нашиот град во САД. Тие летово ќе го поминат во Охрид запознавајќи се со нашата култура и традиција, а за време на нивниот престој ќе создаваат промотивна кампања за зголемување на бројот на туристи од САД во Македонија. Студентите во Охрид доаѓаат заедно со нивниот ментор, професорот Јохан Ејсел кој веќе ја имал можноста да ја посети нашата земја. Воодушевен од она што го видел, побарал од студентите да работат посветено затоа што доаѓањето во Македонија за нив...

Продолжи со читање

Малите охриѓанчиња другаруваа на хуманитарната „За посреќно детство“

Post Views: 192 Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад.„ Голем број на луѓе можат да се забавуваат...

Продолжи со читање

ТЛЕР ќе ги помага охридските земјоделци со посебна канцеларија за поддршка

Post Views: 201 Земјоделството станува дел од клучните аспекти на локалниот економски развој на општината. Денес, секторот за туризам и локален економски развој доби канцеларија за подршка на земјоделието. Ова посебно советодавно тело кое ќе работи во рамките на секторот за ТЛЕР, ќе дава и административна, но и стручна подршка за земјоделците од Охрид и охридско. Од ТЛЕР велат дека со отворањето на канцеларијата очекуваат уште поголема активност во промоцијата и подршката на земјоделците.„И досега во ТЛЕР се работеше на тековни активности од областа на земјоделието, на прашања поврзани...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа го раскина договорот за закуп на паркинзите

Post Views: 195 Постапувајќи по заклучокот донесен на седница на советот на општина Охрид од 10ти Мај годинава, градоначалникот Бакрачески го раскина договорот за закуп на паркинзите. Денес и официјално од локалната потврдија дека досегашниот закупец, компанијата „Сузуки“ повеќе нема да стопанисува со паркинг просторот во централното градско подрачје. Новоименуваниот портпарол на локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека договорот со закупецот бил раскинат поради неисполнување на условите кои стоеле во договорот. Еве што значи тоа.„Тоа ќе значи дека досега оние улици кои се користеа...

Продолжи со читање

Нема наменско прскање против крлежи

Post Views: 394 Влажното и дождливо време како и периодот на затоплување кој се очекува деновиве, прават за совршени услови за појава на крлежи. Овие потенцијално опасни инсекти најчесто се наоѓаат во тревнати површини особено обраснати со високи треви и околу мочуришта. Крлежот е пренесувач на многу заразни болести, болести кои не ретко завршуваат и фатално. Д-р Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека најдобар начин за спас од крлежите е превентивната системска дезинсекција, но според него, не станува збор за посебно прскање против крлежи.„Наменско...

Продолжи со читање

Охридските занаетчии го слават денот на регионалната занаетчиска комора

Post Views: 206 Занаетчиите од Охрид денес го слават Денот на регионалната занаетчиска комора. Овој ден се одбележува втора година со ред, а комората е формирана во 2005та година со Законот за вршење на занаетчиска дејност. Токму овој закон е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите. Во фаза на донесување е новиот Закон за вршење на занаетчиска дејност, а охридската занаетчиска комора е активен учесник во неговото креирање. Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора од Охрид вели дека нивна основна цел е законот да биде поприфатлив за занаетчиите,...

Продолжи со читање

Основците од „Григор Прличев“ ќе добијат училница во природа

Post Views: 307 Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас. Токму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја.„Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и...

Продолжи со читање

ОУ Григор Прличев-прва образовна институција која доби помош од локалната

Post Views: 175 Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“.„Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...

Продолжи со читање

При крај подготовките за 52от Балкански фестивал на народни игри

Post Views: 221 Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули. Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците....

Продолжи со читање

Охрид домаќин на претседателите на парламентите од земјите од ЈИЕ

Post Views: 227 Претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа седнаа на заедничка маса. На десеттата, јубилејна конференција, разговараа за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од југоисточна Европа, како и улогата на националните собранија во надминувањето на проблемите.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, потенцираше дека еден од тие заеднички проблеми е секако економската криза. Велјаноски рече дека без соодветни реформи, земјите од регионот економски ќе стагнираат. Во таа насока, тој изјави дека Република Македонија...

Продолжи со читање