Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 5 Се договараат последните детали пред почетокот на 28от Охридски пливачки маратон. Организаторите од Пливачката федерација на Македонија, во процесот на подготовка на годинешното издание на оваа наша значајна спортска манифестација добива и логистичка, но и финансиска поддршка од Локалната самоуправа од Охрид. Секретарот на општината, Димитар Спасески не информираше дека е формирано Координативно тело кое постојано работи со цел годинава да имаме добро организиран маратон. Координативното тело во чиј состав влегуваат сите јавни претпријатија од градов како и Сојузот...
Ниту летниот режим на сообраќај, ниту СВР не успеаа да се справат со нелегално паркираните кај ул.Коста Абраш
Post Views: 8 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои често пати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Пред летната сезона Телевизија ТВМ, за овој проблем, го контактираше Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму не информираа дека проблемот ќе се обидат да го решат со воведувањето на летниот режим на сообраќај и дополнителна патна сигнализација. За воља на вистината,...
Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии
Post Views: 15 Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица...
Министерот Јанакиески и градоначалникот Бакрачески ги посетија градежните зафати во Лескоец
Post Views: 6 Овој проект е еден од дваесеттината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески информираше дека една третина од целиот зафат е веќе завршена, а најави дека до Март следната година ќе биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализациониот систем во Лескоец. Министерот за транспорт и врски, Јанакиески пак потенцираше дека согласно договорот со градежната компанија, во месец Април се...
Триесетина олдтајмери блескаа на охридската ривиера
Post Views: 8 Триесеттина олдтајмери од триесеттите години на дваесеттиот век па навака, денес блескаа на охридската ривиера. Опел, Порше, Фиат, Застава, БМВ, СААБ…И ден денес овие имиња на автомобилската индустрија ја будат фантазијата на многумина, но денес на охриѓани, туристите, но и на самите учесници на првата ревија на олдтајмери во градов им понудија вистинско уживање. Учесниците едногласни дека одржувањето на автомобилите е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов. Еве со што денес се пофалија на ревијата.„За одржување е тешко, лесно е да се...
Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти
Post Views: 6 Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет.„Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за...
УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните
Post Views: 6 Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што...
Олдтајмер ревија Охрид 2014
Post Views: 6 Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски. На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји. Покрај изложбениот дел , вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14:30 часот до месноста Св. Наум и 20:30 часот до хотелот Инекс Горица. Ревијата е од меѓународен карактер, а...