Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Превработеност и милионски долгови во ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 237 Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ тоне во долгови. Според анализите на новото раководство, во моментот, „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Од оваа сума, 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 27.329.000 денари се по основ на извршни судски решенија, додека 16.491.000 денари се по основ на кредит од Охридска банка. За овој кредит, според в.д директорот на ова јавно претпријатие, Елена Скрческа, месечно стигнуваат по 150.000 денари во затезна камата. Поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да набави гориво...

Продолжи со читање

И Охриѓани кажаа „не“ за генетски модифицираната храна

Post Views: 371 Охриѓани се приклучија на глобалниот марш против генетски модифицираната храна, како продолжена рака на главниот протест кој се случува во Скопје. Неколкумина ентузијасти, на градскиот плоштад, како и во просторот пред чинарот, делеа информативни материјали за тоа што претставува ГМО или генетски модифицираната храна како и  кои се последиците од нејзиното консумирање. Инаку генетски модифицираната храна е храна добиена преку генетски инженеринг односно комбинирање на гени од растенија со гени од бактерии, вируси, а не ретко и животни. Република Македонија важи за...

Продолжи со читање

Влашката заедница го слави Националниот ден на Власите

Post Views: 446 Денес е националниот ден на Власите. Оваа заедница секоја година на овој ден организира бројни манифестации на кои се презентира влашкиот фолклор, се организираат свечени академии и влашки вечери. Токму тоа ќе се случува денес и на централната прослава во Скопје, но и тука во Охрид каде ќе стане збор околу значењето на овој ден за власите. А 23ти Мај има интересна историја и претставува еден од најзначајните датуми за влашката заедница. Еве зошто.„Овој ден се прославува со одлука на Светската лига на власите. Таа одлука е донесена во Битола пред триесетина години....

Продолжи со читање

Лажни сметки за гробарина, неисплатени плати и долгови во „Градски гробишта“

Post Views: 297 Очајно лоша финансиската состојба на ЈП „Градски гробишта“ според анализите кои ги направиле службите во претпријатието. Финансиските показатели на ова претпријатие покажале сериозни злоупотреби, неправилности и недомаќинско работење на претходното раководство. Според овие анализи, се дошло до сума од 2.315.088 денари долг на претпријатието, кој долг, според новиот директор Зоран Симоноски значително отстапува од фактичката состојба. Според него, долгот е многу поголем, бидејќи стручните служби откриле бројни обиди за вештачко пумпање на финансискиот резултат. Симоноски...

Продолжи со читање

Македонија-светски лидер во заштитата на озонската обвивка

Post Views: 293 Намалување на хемикалии кои ја трошат озонската обвивка, унапредување на знаењата од областа на заштитата на озонската обвивка, реализација на бројни проекти. Ова се само дел од активностите кои во изминатите 16 години, Република Македонија ги презема во насока на зачувување на озонската обвивка. Сето ова, Македонија ја прави лидер не само на Балканот и Европа, туку светски лидер во оваа област. Воедно, нашата земја е првата земја воопшто која е членка на мрежата на канцеларии за заштита на озонската обвивка од Европа и Централна Азија, која  добила проект финансиран...

Продолжи со читање

Еколошка акција за спас на шумата под Самоилови

Post Views: 202 Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник.„Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата,...

Продолжи со читање

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се вклучува во научните истражувања против ракот

Post Views: 198 Со примена на знаењата од областа на комјутерските науки до рана детекција и лекување на канцерогени заболувања. Ова е целта кон која ќе се стремат двајцата млади истражувачи од универзитетот „Свети Апостол Павле“, д-р Драги Кимовски и м-р Атанас Христов.  На покана на одделот за Онкологија при Универзитетската болница на престижниот „Корнел“ универзитет од Њујорк, д-р Кимовски и м-р Христов, активно ќе се вклучат во борбата против ракот и ќе го дадат својот придонес во оваа благородна цел.„Тоа што ние го работиме фактички повеќе се однесува на компјутерските алгоритми...

Продолжи со читање

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 318 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани.„Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и...

Продолжи со читање

Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Post Views: 354 Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството. Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството.„Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...

Продолжи со читање

Отстранета мини депонијата од градските гробишта

Post Views: 206 Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам...

Продолжи со читање

Денес е Велики Четврток-нека ни е за многу години

Post Views: 339 Денес е Велики Четврток, денот кога православните христијани рано наутро, уште пред изгревањето на сонцето, ги вапцуваат првите велигденски јајца. На овој начин всушност се објавуваат последните денови од животот на Исус на земјата. Токму вапцувањето на јајцата со црвена боја е најприфатената традиција од страна на црквата која верниците ја практикуваат.„Вапцувањето на првото Велигденско јајце е нешто што се случува денеска и тоа црквата го благословува и на тој начин треба секој православен христијанин да постапува. Сведоци сме дека многу луѓе денес носат и дарови...

Продолжи со читање

СВР порачува: Мотоциклисти носете кацига-спасува живот

Post Views: 258 Штом се затопли времето очекувано во патниот сообраќај се вклучуваат се повеќе мотоциклисти. Но токму тука настануваат и проблемите. Од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека според анализите кои ги направиле во поглед на безбедносната состојба, во овој период зачестени се прекршоците кои ги прават мотоциклистите, пред се околу неносењето на заштитните кациги. Токму поради тоа, од полициската станица за безбедност во сообраќајот велат дека ќе зачестат контролите на неколку пунктови низ градот. Доколку еден мотоциклист не носи кацига,...

Продолжи со читање