Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

sovet na mladi

Советот на млади при Општина Охрид го одбележа меѓународниот ден на младите

Post Views: 12 Советот на млади при Општина Охрид, денеска одржа свечена седница по повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите. Пред младите од локалниот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев според кого младите се носители на напредокот, науката, технологијата. Тој потенцираше дека младите треба да се слушаат почесто и да бидат погласни, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење. Јанев посочи дека младите...

Продолжи со читање

crven krst spasiteli

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

Post Views: 19 „Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид.А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и...

Продолжи со читање

lice v lice

Првото македонско улично списание „Лице в Лице“ пристигна и на охридските улици

Post Views: 16 „Купувајќи го списанието „Лице в лице“ им помагате на многумина, читајќи го „Лице в лице“ си помагате себеси.“ Ова е слоганот на првото македонско улично списание „Лице в лице“ кое од денес конечно може да се купи и низ охридските улици. Ова списание обработува најразлични теми, од екологија, социјала, здравство, култура, но сите тие видени од гледна точка на граѓанинот. „Лице в лице“ ќе го продаваат граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, и кои со продажбата на истото чесно ќе заработуваат.„Она што го прави специфично „Лице в Лице е тоа што се обидува да го...

Продолжи со читање

veslaci JUG

Шест злата за веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид на Меѓународната Илинденска регата

Post Views: 14 Веслачите од веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид доминантни на Меѓународната Илинденска веслачка регата која се одржа во нашиот град. Охридскиот веслачки клуб „Југ“, во неделната регата која се возеше во водите на Охридското Езеро беше апсолутно најдобар освојувајќи вкупно 6 златни медали во единаесетте трки во пионерска, кадетска и јуниорска катерогија во дисциплините скиф и дубалскул. Меѓународниот карактер на регатата и го дадоа трите веслачки клубови од соседна Бугарија, и тоа клубот „Тракија“ од Пловдив, „ЦСКА“ од Софија, и „Черпоков“ исто така од Пловдив. Освен...

Продолжи со читање

aleja grobishta

Каква судбина ги чека гробните места во кои почиваат заслужни граѓани, а немаат старател?

Post Views: 19 Дали посмртните останки и гробовите на значајните лица кои придонеле за Охрид ќе завршат во заедничка гробница? Недостатокот на гробни места, и немањето средства за нивно одржување е причината поради која ЈП Градски гробишта, гробните места кои немаат старател ќе ги сместува во заедничка гробница. Ова прашање деновиве станува актуелно имајќи го предвид фактот дека Охрид, односно во рамките на градските гробишта не постои алеја на заслужни граѓани во која би можеле да се сместат посмртните останки на граѓани заслужни за Охрид. Засега непознато е каква ќе биде...

Продолжи со читање

sdsm Ohrid

Охридските социјалдемократи на работна средба со нивните австриски колеги

Post Views: 18 Раководството на охридските социјалдемократи на работна средба во нивните австриски колеги од социјалдемократската партија. Австријците биле детално запознаени со моменталните состојби во СДСМ во услови на вонпарламентарни активности. Австриските социјалдемократи изразиле поддршка за нивните колеги во како што велат од СДСМ, нивните напори за демократизација на општеството, надминување на политичката криза и нормализација на политичките состојби. Австријците изразиле надеж дека политичките субјекти во земјава ќе постигнат одржлив политички договор. Двете делегации...

Продолжи со читање

sveti Kliment

Свежо цвеќе за патронот и заштитник на градот Свети Климент Охридски

Post Views: 24 Денес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат...

Продолжи со читање

barmen

Професионални обуки за баристи и бармени за невработените

Post Views: 20 Младите невработени лица од Охрид имаат можност за професионална обука за баристи и бармени. Туристичкиот кластер ЕДЕН од Охрид објави јавен повик за таа цел, а во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителството.  Кандидатите, наредната сабота, на 16 Август 2014та година со себе треба да понесат лична карта, картон од Агенцијата за вработување, копија од диплома за завршено образование како и копии за дополнителни курсеви доколку ги имаат и да се појават на јавниот повик, во големата сала на вториот кат од Агенцијата за вработување во Охрид, со...

Продолжи со читање