Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапениот паркинг-удар врз џебот на граѓаните

Post Views: 210 Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид.„Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област...

Продолжи со читање

Петрески повторно побара поставување на капетан на Охридската капетанија

Post Views: 277 Уште една прес конференција на градоначалникот Петрески одржана пред Капетанија. Повторно побара од Владата што поскоро да биде поставувањето на новиот капетан на Охридската капетанија. Петрески вели дека за жал и покрај редовните апели до централната власт, ја добивме и првата жртва на дивеењето на скутерџиите, а капетанија и натаму нема прв човек. Момчето кое во неделата се здоби со тешки телесни повреди е само потврда за незавидната безбедносна состојба во Охридското езеро-рече Петрески.„Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај,...

Продолжи со читање

Вечерни концерти на плажи-законски или противзаконски?

Post Views: 200 Ако не ни е јасно дали започнала летната туристичка сезона, тогаш треба само да фрлиме поглед кон некои од плакатите низ градов. На нив ќе видиме најави за концерти, за свирки и настапи. Штом има концерти, сигурни сме, дојде лето. Во последно време се почесто ваквите свирки или концерти се одржуваат на охридските плажи, и тоа во термини од доцните вечерни до раните утрински часови. А дали се плажи, кафе барови или ноќни клубови, е тоа е веќе некое друго прашање. Со законски норми кои го одредуваат работното време како и степенот на дозволена бучавост, се наметнува...

Продолжи со читање

Турски фирми најавуваат инвестиции во Охрид

Post Views: 201 Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак.„Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби. Фирмите...

Продолжи со читање

Охридската чаршија-културна институција на генерациите

Post Views: 275 „Само оној кој работи на долгата патека, полека и трпеливо може да постигне успех.“ Нема поголем доказ за оваа убава мисла од генерацијата гимназијалци од 52та. 60 години матура за дел од охриѓани кои дадоа исклучителен придонес за Охрид на сите полиња на општественото живеење. За нив ни говори човекот кој и самиот е дел од неа, човекот кој врз себе го понел товарот да биде хроничар на културолошкото издигнување на Охрид, Томислав Стефоски. „Мојата генерација беше природно надарена, генерација која зрачеше во секој поглед. Беа луѓе кои носеа со себе една добрина, една...

Продолжи со читање

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

Post Views: 205 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните...

Продолжи со читање

Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Post Views: 246 Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек.  Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката...

Продолжи со читање

Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 382 Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма,...

Продолжи со читање

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 346 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем...

Продолжи со читање

Музичaри од целиот свет на натпреварот „Охридски бисери“

Post Views: 234 Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и дека...

Продолжи со читање

Адвокатите-заштитници на работничките права

Post Views: 197 Македонија и Франција ја потпишаа ревидираната европска социјална повелба. Овој значаен документ кој ги регулира работничките права, како и нивната заштита, беше потпишан од Адвокатската комора на Република Македонија и Францускиот амбасадор во Македонија, Жан-Клод Шлумберже. Амбасадорот задоволен што конечно се реализира и конкретна активност од договорот, кој со адвокатската комора на Македонија го потпишале во месец Февруари.„Веќе знаете дека Франција отсекогаш ја поддржува европската перспектива на Македонија и ја охрабрува да ги спроведе сите неопходни реформи,...

Продолжи со читање

Охриѓани го слават својот чудотворец Свети Еразмо Охридски

Post Views: 449 Црквата на Свети Еразмо вчера и денес вистинско збиралиште на христијаните. Автомобили од сите страни, врвици на луѓе кои пеш тргнале да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик. Овој голем христијански празник има посебно место во срцата на охриѓани бидејќи се смета дека токму Свети Еразмо ја има можеби најголемата улога во ширењето на христијанството во некогашен Лихнидос или денешен Охрид. Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, православните христијани редовно доаѓаат, посебно за овој ден.„Секогаш, секоја година и кога ќе ми...

Продолжи со читање