Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 199 Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи.„Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се почитуваат...
Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди
Post Views: 185 „Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди.„Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки...
Јајцата и јагнешкото поефтини од минатиот Велигден
Post Views: 196 Останаа уште неколку дена до еден од најголемите христијански праници. Велигден е празникот кој се карактеризира со големи и богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се и желбите. Но најчесто за македонскиот граѓанин, длабочината на џебот не соодветствува со желбата за еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Двата најбарани продукти околу Велигден се секако јагнешкото месо и јајцата. И едниот и другиот продукт, изминативе години со своите цени и тоа како знаеја да ги шокираат граѓаните. Само да се потсетиме,...
Дали високите кирии ги затвораат бизнисите во чаршијата?
Post Views: 211 Купи ден-помини. Така за жал функционира последниве години нашата сакана охридска чаршија. Се помалку се луѓето кои поседуваат дуќани во чаршијата, а се повеќе оние кои земаат дуќани под наем. Но и тоа не е најстрашното. Најстрашно е што за разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое бизнисите цветаа, сега се повеќе од дуќаните се затвораат. Многумина ја обвинуваат светската економска криза и беспарицата за затворањето на бизнисите, но голем дел од дуќанџиите се жалат и на превисоки кирии. Можеби тука лежи и причината зошто добар дел од дуќаните кои се на...
Детскиот семафор со помалку учесници, но со одлични резултати
Post Views: 195 Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар.„Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар...
Започна најголемиот детски музички спектакл „Распеано рибарче 2013“
Post Views: 191 Дојде и моментот кој малите охриѓанчиња со нетрпение го очекуваа. Денес започна нивниот омилен детски музички фестивал, „Распеано рибарче“. Многу играње, многу музика, песна и забава. Денес ја одржаа првата претстава наменета за дечињата од приградските населби. Уловивме две од дечињата кои се подготвуваа за настап. Андреј и Јана беа видно возбудени, но сепак не можеа да дочекаат да излезат на сцена и да покажат што знаат.„Немам трема, а песната е убава. Се вика „Јас сум Андреј.“„Мојата песна ја напиша Драган Мијалкоски, а аранжманот го направи Даниел Јованоски и ја...
Галичица дел од „Динарските паркови“ и новиот туристички бренд
Post Views: 185 Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“. Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите...
Хендикепот не може да ја спречи уметноста
Post Views: 266 Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска. Таа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во...
Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат
Post Views: 311 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа.„Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...
Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата
Post Views: 538 Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку. Денес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен читател....
Охридските основци весело и разиграно за Денот на планетата земја
Post Views: 238 Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица. Под мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани.„Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот град,...
Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини
Post Views: 347 Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види.„Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени,...