Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 44Мистичниот театар „У моста“ од Перм, Русија ќе даде ново светло на драмата на Николај Васиљевич Гогољ, „Женидба“. Режисерот на претставата Сергеј Федотов вели дека во секоја нивна изведба на оваа претстава гледачите остануваат зачудени, велејќи дека во претставата се случуваат чуда соодветно на репутацијата на театарот „У моста“ на мистичен театар.„Една од интересните идеи во нашата претстава е тоа дека ние пронајдовме дека во секоја претстава на Гогољ има ѓавол. И тој ѓавол во нашата претстава е Качкарјов, тој човек кој измислува и прави различни ѓаволски работи, тој сам...
Несекојдневен јапонски перформанс за промоција на „Дневникот на хулиганот“
Post Views: 57Несекојдневната мешавина на поезија во проза и проза во поезија „Дневникот на хулиганот“ утревечер пред охриѓани во една неконвенционална претстава. Преку буто перформансот на Васил Зафирчев, публиката ќе може да се запознае сосема непосредно преку мултимедијалниот проект на авторот, охриѓанецот Сашо Димоски. Оваа книга, која е воедно и негово прво дело е само зачеток на она што Димоски вели дека најмногу го интересира, истражување во формите и создавање на засебни, нови книжевни форми.„Од целиот напишан материјал кој е навистина обемен. Селектирав 44 глави кои се по својата...
Охриѓаните Нина Балабан и Јован Јованоски на Младинската олимпијада во Нанџинг-Кинa
Post Views: 47 Охриѓани на младинската летна олимпијада во Нанџинг-Кина. Нашиот град ќе го претставуваат едни од најуспешните млади спортисти, Нина Балбан и Јован Јованоски, но секој на својот начин. Нина учествува понесувајќи ја титулата млад амбасадор на меѓународен олимписки комитет и Македонски олимписки комитет, додека Јован ќе ги брани репрезентативните бои во неговата дисциплина, велосипедизмот и тоа во крос кантри олимпик и крос кантри елиминатор. Тој вели дека изминатата година собрал доста меѓународно искуство возејќи надвор од државата, а за олимпијадата вели дека му била сон...
Лесковчани загрижени за капацитетот на канализационата мрежа која се поставува во местото
Post Views: 63Зафатите за поставување на долгоочекуваната фекална канализација во Лескоец се влезени во втората и третата фаза од проектот. Со оглед на честите проблеми со канализационата мрежа кои се случуваат во Охрид, жителите на Лескоец загрижени дaли големината на канализационите цевки се соодветни на бројот на жители на ова населено место кое од година во година постојано расте. Од локалната, која се јавува како изработувач на проектната документација, уверуваат дека цевките за фекална канализација во Лескоец се според стандардите кои се налагаат за ваков вид на канализација. Воедно...
СДСМ: „Локалната ги остави граѓаните без можност за бесплатен паркинг“
Post Views: 65Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно.„Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат да...
Добило или не субвенции ЈП „Градски гробишта“?
Post Views: 57СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година. „Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата...
Црвениот крст од Охрид на мускули ќе го турка проектот „Родителите се наша грижа“
Post Views: 54Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...
Хотел кај Долни Сарај, винарија во Требеништа, храбри идеи презентирани низ кафе муабет
Post Views: 59Храбрата архитектонска визија и неконвенционалните идеи кога-тогаш излегуваат на површина. Од вчера, во двата охридски локали Шила и Ликвид, можете да видите педесетина такви архитектонски идеи. Студентите од генерацијата 2006 на Архитектонскиот факултет, на еден неформален начин ги изложија и прикажаа своите дипломски трудови пред охриѓани. Злата Голабоска, која членува во Студентска архитектонска визија или СТАВ, а воедно и самата има изложено проект, појаснува зошто се одлучиле на ваков начин да ги прикажат нивните идеи.„Поентата на оваа изложба е да ја покажеме нашата...







