Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Извонредните Voca People ја воодушевија публиката на Антички

Post Views: 4 Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул,...

Продолжи со читање

Маратонците и едриличарите денес во духот на „Илинден“

Post Views: 4 Како поубаво да се одбележи Денот на  републиката од она што денес пливачите на Илинденскиот маратон и едриличарите на Илинденската регата го приредија и за себе, но и за сите љубители на овие два спортови. Охриѓани, но и сите туристи ја имаа можноста денес, да ги проследат овие два традиционални спортски настани, кои години наназад со својата елегантност привлекуваат внимание. „Убава традиција, убаво и за градот и за гостите да видат.“„Јас мислам дека е соодветно на денот, и ми се допаѓа. И во Скопје што успеав сабајле да видам на телевизија, се ми се допаѓа,...

Продолжи со читање

„Његош и јас“ во Заливот на коските

Post Views: 2  Нетипична претстава на нетипична локација. Авторскиот проект на големиот режисер Паоло Маџели, „Његош и јас“ пред публиката на Охридско лето“ која ќе треба да отпатува до Заливот на коските за да ја погледне оваа театарска претстава. Според режисерот Маџели, „Његош и јас“ е приказна за времето кога ја запознавал Црна Гора и кога бил фасциниран од тогаш недопрениот простор. „Не е носталгична претстава, тоа не е некое сеќавање, има и некоја шизофренија. Маја ги игра во исто време час и Данило, час и Поповиќ и на крај една девојка. Нема никакви претензии тоа да биде...

Продолжи со читање

За „Илинден“ традиционално едрилиците ќе забелеат во Охридското Езеро

Post Views: 8 Традиционално и годинава водите на Охридското Езеро ќе се белеат на 2ри и 3ти Август. Илинденската регата во организација на Едриличарската федерација на Македонија годинава ќе биде домаќин на помал број на натпреварувачи, а до овој момент сигурно е учеството само на македонските едриличарски клубови и тоа во класите Оптимист до 15 години , генерално до 12 години и девојчиња, ласер со подкласите ласер стандард, ласер радиал и ласер 47, потоа класите 470, микро и мини тонците, а годинава од Едриличарската федерација на Македонија велат дека ја враќаат и класата на...

Продолжи со читање

Светски познатиот ди џеј Џејсон Фалцоне ексклузивно за ТВМ…

Post Views: 9 Еден од најпознатите хаус ди џеи во Америка и светот, Џејсон Фалцоне со специјален настап за охриѓани. Во ексклузивната можност која ТВМ телевизија ја доби да поразговара со ѕвездата на хаус музиката, Фалцоне откри дека подготвува посебен сет за кој очекува кај охриѓани да предизвика вистинско уживање. Стилот кој Фалцоне го негува и кој самиот го создавал во изминативе години наречен валкан хаус, вклучува миксање на 3 или четири песни истовремено што создава исклучителна мелодичност и енергија. „Вечер ќе имам еден уникатен сет, тоа е навистина посебна плажа ми...

Продолжи со читање

Приватните станоиздавачи немаат пристап до тоалети во рамките на автобуската станица

Post Views: 4 Поставувањето на туристичката берза кај градската автобуска можеби ја подобри грдата слика која приватните станоиздавачи ја создаваа обидувајќи се да дојдат до туристите, но отвори нов проблем. Оние приватни станоиздавачи кои во текот на денот ги нудат своите услуги во малата барака, имаат забранет пристап до јавните тоалети во рамките на автобуската станица. Дел од нив ни се пожалија дека кога немаат друга алтернатива, за тоалет се снаоѓаат како знаат и умеат, но тврдат дека со истиот проблем се соочуваат и туристите.„Кога во автобуската нема тоалетен, санитарен...

Продолжи со читање

Заедничка понуда на Охрид и туристичките центри од соседството за поголема промоција на градот

Post Views: 4 Промовирање на природните и културно-историските  убавини на Охрид и Македонија со цел светот да слушне за ова место. Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Талеб Рифаи оваа порака ја пренесе на денешната средба со претставници од локалната самоуправа, како и при средбата со претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Генералниот секретар Рифаи изрази увереност дека Охрид може да стане едно од најпознатите туристички места во светот поради својата уникатна понуда.„Нема многу места низ светот кои имаат...

Продолжи со читање

Свеста кај охриѓани за вирусниот хепатитис на високо ниво

Post Views: 4 Охриѓани во текот на целата година се информираат за вирусниот хепатитис, добиваат совети, но и институционална поддршка при лекувањето. Денес е светскиот ден за борба против хепатитис.  Ова вирусно заболување е осмиот најголем убиец во светот, но за жал најголемиот дел од луѓето не се свесни за штетните последици од истиот. Целта на одбележувањето на 28ми Јули, меѓу другото е да се подигне свеста за вирусниот Хепатитис,  да се повика на еднаков пристап до третман  лекување, да се подобрат програмите за превенција и да се вклучат владите во борбата против...

Продолжи со читање