Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 221 МЈП Проаква деновиве со полни раце работа. Високиот водостој на Охридското Eзеро прави проблеми во функционирањето на колекторскиот систем. Од МЈП Проаква велат дека ситуацијата е алармантна веќе неколку денови, а предупредуваат дека доколку продолжат врнежите таа ќе стане уште посериозна. Директорот на ова јавно претпријатие, Златко Старкоски вели дека постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите мерки кои се во рамките на нивните можности како не би дошло до поголеми прелевања во колекторскиот систем и поплави.„Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со...
Педијатрите предупредуваат-децата се премногу чувствителни на алергии
Post Views: 214 Пролетните месеци се познати како месеци на алергии и алергиски реакции. Веројатно најпознати се реакциите на поленот и зеленилото, но тука се и храната, домашните миленичиња, инсектите. Според последните истражувања, статистиките говорат дека околу 30 % од децата имаат алергиски манифестации, што според педијатрите е загрижувачка бројка. Дел од оваа статистика во последниве години е и нашиот град. За жал, најподложни на алергиите се децата. „Имунолошкиот систем е еден важен фактор кој е одговорен за настанување на овие имуни реакции. Затоа што алергијата е една имуна...
Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг
Post Views: 205 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца.„Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка...
ОИК ги соопшти конечните изборни резултати
Post Views: 198 Општинската изборна комисија ги официјализираше резултатите од одржаните локални избори 2013 година. Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со освоени 21.004 гласови, во првиот круг е избран за нов градоначалник на Охрид. Од неговите противкандидати, Александар Петрески од СДСМ и Сојузот за иднината освои 13.250 гласови, Александар Митрески од СДПМ, освои 471 глас, Фетах Елмази од ДПА освои 351 глас и Васил Ристески од СДУ освои 235 гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија и најмногу гласови за советничката листа односно...
Министерот за странски инвестиции и Бакрачески заеднички за развој на Охрид
Post Views: 250 Воспоставување на директна соработка во сегментот на економски развој на Охрид најави Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески. Тој денес имаше работна средба со новоизбраниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески со кој разменија идеи околу полињата на идна соработка. Павлески потенцираше дека приватниот сектор ќе биде носител на развојот на Охрид бидејќи според него токму тоа е секторот кој нуди најголем потенцијал и во поглед на отворање на нови фирми и нови работни места.„Во приватниот сектор ги дискутиравме секторите за развивање на локалната индустрија...
Васил Ристески со честитки за изборната победа на д-р Никола Бакрачески
Post Views: 247 Честитки за остварената победа до новиот градоначалник, д-р Никола Бакрачески денес упати неговиот довчерашен конкурент, Васил Ристески. Тој изрази огромна благодарност до сопствените гласачи и истакна дека ја почитува волјата на своите сограѓани. Ристески изрази и надеж дека новиот градоначалник ќе добива поголема подршка од централно ниво.„Верувам дека господинот Бакрачески, новиот градоначалник целосно ќе се посвети за потребите на поубав Охрид и подобар живот на нашите сограѓани. Доколку му се допадна дел од програмата, нашата изборна програма, му стоиме на располагање...
Црвениот крст од Словенија, на гости кај колегите од Охрид
Post Views: 200 Македонската организација на Црвениот крст е една од најдобрите во светот. Нема подобар доказ за тоа од бројните соработки кои нашата национална, но и општинските организации ги имаат со колеги од целиот свет. Денес, во посета на Охридскиот Црвен крст беше делегација од националната организација на Црвениот крст од Словенија. За нив, фактот што Македонскиот црвен крст е првата организација која ја положила меѓународната проверка со одлични оцени е мотив повеќе да се споделат искуствата. Велат дека ова е првиот чекор за да се надомести заостанувањето кое го имаат зад...
Искршен штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска
Post Views: 202 Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат. Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото. „Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам како...
Петрески предупреди: „Нечистата кампања врвот ќе го достиге во петок и сабота“
Post Views: 210 Тој е убеден дека Охрид ќе биде преплавен со недолични пароли, плакати, текстови и фотографии. Петрески со обвинувања дека не е дозволиво министрите да се мешаат во изборната кампања. Тој уште еднаш потсети дека противкандидатот Бакрачески сеуште не прифатил дуел со него и додаде дека треба храброст за да се стори тоа. Петрески се осврна и на обвинувањата кои беа упатени до него, дека локалната е виновна за покачувањето на цените на комуналните услуги, вклучително и цената на водата. „Зборува за покачената цена на водата, а не знае за што зборува. Во тоа му простувам,...
Намалување на цените на комуналните давачки-вети д-р Бакрачески
Post Views: 228 Тој рече дека Охрид ќе го развива како град на задоволни жители, со развиена инфраструктура и улици. Додаде дека тој, и неговиот тим ќе имаат поинаков пристап во водењето на јавните претпријатија. Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги кои се под надлежност на локалната. „Ниту еден ден од мандатот нема да помине а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.“-порача Бакрачески.„Граѓаните на Охрид многу добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без никакво логично...
Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески
Post Views: 222 Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид.„Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и...
Професори го обвинија Петрески за политички притисок врз нивни колеги
Post Views: 265 Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори. Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески.„Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се...