Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

„Општина Дебрца е изолирана општина“-обвини кандидатот за градоначалник Трајковски

Post Views: 280 „После локалните избори, општина Дебрца ќе биде конечно ослободена со завршувањто на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски.“-порача кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски. Тој воедно го обвини и дека општина Дебрца во изминативе 16 години е држена во изолација.„Живееме во 21 век каде што секоја институција е транспарентна и отворена за граѓаните, единствено за оваа наша општина никој ништо не знае нитуа пак се има пристап до било какви информации, ниту туа колку средства, какви средства се вложени нитуа пак можеме да...

Продолжи со читање

ДПМНЕ обвинува: Вработените без плата, а директорите ручаат на сметка на јавните претпријатија

Post Views: 200 ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со серија обвинувања упатени на име на директорите на јавните претпријатија од градов. Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски, обвини за расфрлање со средствата на претпријатијата, додека работниците не земаат плати.„Осум години вработените во јавните претпријатија не земаат редовна плата, не им се исплаќаат придонеси, а претпријатијата тонат во долгови. Дали е чесно прашуваме, луѓето да одат на работа, а да не земат плата, да не можат да ги планираат своите приходи и расходи, вложувања и кредити, да...

Продолжи со читање

Ново фудбалско игралиште во Лескоец-ветија од ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 339 Кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес ги посетија Лесковчани. Цел на нивната посета беше фудбалското игралиште во ова населено место за кое констатираа дека е целосно запуштено и руинирано. Тони Коталески, кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој воедно потекнува од овој крај, рече дека Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт одобрила 154.000 евра за изградба на ова игралиште, но локалната самоуправа и градоначалникот Петрески тоа не го прифатиле и го оставиле неизградено.„Фудбалскиот клуб од Лескоец не постои...

Продолжи со читање

Или пререгистрација или привремено губење на здравственото осигурување

Post Views: 277 Невработените охриѓани кои се здравствено осигурени на товар на државата, доцнат со пререгистрацијата. Ова го говорат податоците кои ги добивме од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од околу 7000 невработени лица осигурени по овој основ, досега се пререгистрирале само 1000. Последниот рок за оваа пререгистрација истекува на 31ви овој месец, односно остануваат уште нешто повеќе од две недели за останатите 6000 кои не се пререгистрирани.„Одзивот мора да признаам не е баш добар, тоа е веројатно навика на нашиот народ, последниот...

Продолжи со читање

Нова автобуска-приоритет за кандидатот за градоначалник Васил Ристески

Post Views: 217 Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески презентираше уште еден од приоритетните проекти. Доколку ја добие подршката од граѓаните, Ристески вети нова автобуска станица која би се изградила на местото на старата. Тој рече дека постојното решение повеќе наликува на „паркинг простор“ наместо на автобуска станица.„Еден од приоритетните проекти според мојата изборна програма е изградба на современа автобуска станица која ќе биде за пример во Македонија. Исто така покрај овој паркинг простор, кој ќе биде современа автобуска,...

Продолжи со читање

Форца Еѓипќани: д-р Бакрачески е вистински пријател на еѓипќаните

Post Views: 274 „Д-р Никола Бакрачески ќе придонесе за вистинска интеграција на еѓипќаните во општеството.“-вака сметаат од невладината организација „Форца Египќани“. Инаку како што е познато, втората по бројност етничка заедница во Охрид, најпрво поднесе сопствени кандидатски листи за советници, но веднаш потоа истите ги повлече заради како што тогаш рекоа-невидени притисоци врз еѓипќанскиот народ. „Апелирам и го повикувам мојот народ, еѓипќаните на 24.03.2013 храбро, без страв и достоинствено да го подржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, за кандидат за градоначалник...

Продолжи со читање

Од ДПМНЕ бараат Петрески да одговори кое е грдото лице на Охрид

Post Views: 193 „Грдото лице на Охрид е пресликано во непотизмот во редовите на СДСМ“-вака обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Тие велат дека актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески, лицемерно побарал фер и коректна кампања, а потоа продолжил со навредливиот говор на отворањето на маалскиот штаб на СДСМ кај Отекс. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побараа Петрески да одговори на неодговорената тема-Непотизам.„Дали ќе признае за голем број на примери за непотизам кај вработените во локалната самоуправа. Татко-заменик директор на јавно...

Продолжи со читање

Независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески ја започна кампањата

Post Views: 221 Независниот кандидат за градоначалник, подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески ја започна својата изборна кампања. Тој рече дека досега граѓаните имале можност да ја видат способноста на партиските градоначалници и дека е време да се избере лице кое е експерт од областа на развојот на урбаните средини. Ристески вели дека актуелната состојба во Охрид е добро позната, дека Охрид е град завиен во сивило, во кој има само безнадежност кај граѓаните и дека тоа мора да се менува. Тој на своите политички опоненти им порача да се занимаваат со своите професии,...

Продолжи со читање

Сојузот за иднината најави натпревар на идеи и потенцијали

Post Views: 215 Сојузот на иднината или здружената опозиција ги презентираше кандидатот за градоначалник како и кандидатите за советници во идниот општински совет. Од здружената опозиција децидни дека дваесет и тројцата кандидати за советници на нивната листа се избрани демократски и едногласно наспроти сите шпекулирања во јавноста. „Натпревар на идеи, натпревар на аргументи и на потенцијали“-најави проф. д-р Јован Стојаноски, носител на листата на советници. Тој истакна дека мора да се истрае во определбата Охрид да се гради по принципите по кои досега се градел. Најави чесна и...

Продолжи со читање

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Post Views: 208 Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“. Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота.„Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски играни...

Продолжи со читање

Министерството за информатика ќе дава бесплатни информатички курсеви

Post Views: 205 Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите.„Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки...

Продолжи со читање

Бакрачески: Тула по тула, блок по блок, заедно ќе градиме подобар Охрид

Post Views: 186 Во еуфорична амтосфера, пред голема бројка насобран народ, пред своите симпатизери и подржувачи, вчера од градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја започнаа изборната кампања. Први честа да се обратат пред охриѓани ја имаа лидерите на коалиционите партнери на ДПМНЕ, Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците, Павле Трајанов од Демократската партија како и претставникот од Социјалистичката партија, министерот Љупчо Димовски. Од локалниот тим, честа прва да се обрати пред охриѓани ја доби д-р Јованка Точко, како носител на советничката...

Продолжи со читање