Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Sushica

Нелегален приклучок на канализациона шахта-причина за загадувањето на реката Сушица

Post Views: 57Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние. Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот...

Продолжи со читање

pesacki

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Post Views: 48Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став.„Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“„Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“„Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“„Добро се обележани, ама да не е во...

Продолжи со читање

priem vila Biljana

Оперските ѕвезди Фритоли и Нучи на средба со претседателот Иванов

Post Views: 53Покровителот на фестивалот Охридско лето, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше прием за оперските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи во вилата Билјана во Охрид.           Атрактивната сопранистка и еден од најдобрите баритони на денешницата, вчера по слетувањето на аеродромот Свети Апостол Павле заминаа во претседателската вила.           Претседателот Иванов на средбата им раскажал за историјата на Република Македонија, ги запознал со историјата на Охрид, како и со легендите за нашиот град. Високите гости се воодушевиле од убавините што ги виделе од терасата на...

Продолжи со читање

patiki

Прекршочни и глоби за продавачите на фалсификувана роба на охридскиот пазар

Post Views: 55Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи. Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар.„Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки кои се...

Продолжи со читање

logo

Со помош на волонтеризам до кршење на предрасудите за лицата со аутизам

Post Views: 45Волонтеризмот одлична алатка за подлабоко спознавање со аутизмот и кршење на предрасудите кај луѓето во однос на оваа и на неа сличните состојби. Денес, 36 волонтери од шест различни земји кои работат на проектот кој носи сличен наслов „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ ја посетија нашата општина и ги споделуваа своите искуства, односно искуствата на нивните држави во справувањето со проблемот со аутизмот, но и слабата информираност кај луѓето за каква состојба всушност станува збор. Според Ѓоко Вукановски од Волонтерскиот центар од Скопје кои се дел од проектот,...

Продолжи со читање

plazi

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Post Views: 56Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската.„Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто на...

Продолжи со читање

Balkanski

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Post Views: 49Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна. „На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...

Продолжи со читање

AVRM

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 53Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Продолжи со читање