Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус

Post Views: 226 Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња. Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба. „Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата...

Продолжи со читање

Независниот носител на советничка листа, Зоран Стевоски ја започна кампањата

Post Views: 227 Од родното Долно Лакочереј, носителот на независната советничка листа, Зоран Стевоски, ја започна својата кампања за престојните локални избори. Според него, селото Долно Лакочереј е село кое во послените 20 години рапидно уназадува. Стевоски вели дека во минатото, ова село доминирало во сите сфери, и во спортот, и во културата, и во земјоделието.„Со ова сакам да порачам дека не само Долно Лакочереј, туку и сите села во општина Охрид, вклучувајќи ги и селата од поранешната Коселска општина, ќе се заложиме ние како советничка група да го добијат своето вистинско место...

Продолжи со читање

Полска комедија ќе ги промовира убавините на Охрид

Post Views: 272 Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм. Идејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето идилично...

Продолжи со читање

Реализацијата на ланскиот буџет ги раскара охридските советници

Post Views: 296 Извештајот за реализацијата на ланскиот буџет, ги раскара советниците на власта и опозицијата. Токму оваа точка на дневниот ред на денешната 59та по ред седница на советот на општина Охрид, предизвика лавина обвинувања и остри реторики и од едната и од другата страна. Според советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на ланскиот буџет, точно покажува колку Охрид бил неуспешен минатата година. Од ДПМНЕ ја обвинија локалната самоуправа за несериозност и неинвентивност и потенцираа дека и од технички и од политички аспект минатогодишниот буџет е неуспех за Охрид...

Продолжи со читање

На кои локации бесплатно ќе се лепат изборни плакати?

Post Views: 193 Локалната самоуправа ги одреди локациите на кои политичките партии односно кандидатите за градоначалници и членови на советот ќе можат бесплатно да се рекламираат. Одредувањето на овие локации е обврска на секоја локална самоуправа согласно Изборниот законик. Општина Охрид за оваа намена ги определи истите локации кои за оваа намена се употребуваа и во минатите изборни циклуси. Станува збор за три локации, и тоа просторот пред гимназијата „Свети Климент Охридски“, бетонските огради кај полигонот за мали спортови, како и лимените огради кои што се поставени околу хотелот...

Продолжи со читање

Петрески и Лидл, разговараа за децентрализацијата и политичката криза

Post Views: 200 Заменик амбасадорот на Европската унија во Македонија, Роберт Лидл на разговор со градоначалникот Петрески, се информираше за текот на процесот на децентрализација во Охрид кој според амбасадорот е клучен за една цивилизирана држава. Градоначалникот Петрески го информираше Лидл за актуелните состојби како и за генералното функционирање на општината во изминатите четири години. Петрески и Лидл разговараа и за престојните локални избори како и моменталната политичка криза.„Мислам дека пораката веќе им е пренесена од комесарот Фуле, и Стефано Санино. Нашиот амбасадор...

Продолжи со читање

Слатинското езеро ќе се спасува со употреба на механизација

Post Views: 206 Слатинската брана четврти ден одолева на силата на водата. Ситуацијата уште повеќе ја усложнуваат и обилните врнежи кои паѓаа изминативе два дена. Состојбата со Слатинското езеро засега останува непроменета. Како што информираат од Центарот за управување со кризи од Охрид, сеуште постојат сериозни оштетувања и сеуште низ телото на браната продира вода. Поради критичната состојба, не само со Слатинското езеро, туку и во повеќе градови низ државава кои беа погодени со поројни дождови, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ги свика на итен состанок членовите...

Продолжи со читање

Малите и средни претпријатија поимуни на економската криза

Post Views: 207 Малите и средни претпријатија поимуни на ударите на светската економска криза. Вака говори германската пракса. Занаетчиството во Германија, воглавно предводено токму од мали и средни претпријатија, според економските експерти е многу малку погодено од негативните влијанија на светската економска криза. Еве и зошто.„Посебно погодени области всушност беа експортно ориентираните претпријатија. Наспроти тоа, занаетчиството кое што е повеќе ориентирано кон економијата во самата земја, се покажа како мошне резистентно. Токму од таа причина, Германската економија всушност...

Продолжи со читање

Срцевите заболувања се почести и кај младата генерација

Post Views: 220 Некогаш познати како старечки болести, кардиоваскуларните заболувања за жал се почесто ги напаѓаат и младите. Како и кај секое друго заболување, и кардиоваскуларните болести може да се превенираат или да се оддолжат нивните штетни последици. Според експертите од ова поле, денес населението живее во постојан страв од кардиоваскуларните болести затоа што за нив се почесто се слуша и по медиумите, но и технологијата која сега се користи е толку напредна што може да ги забележи и најмалите промени.  Како фактор број еден за се позачестеното појавување на кардиоваскуларните...

Продолжи со читање

Како се хранат вашите деца додека се на училиште?

Post Views: 224 Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште. Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот. Директорката...

Продолжи со читање

Класичните пишувани упати заминуваат во историјата

Post Views: 228 „Мој термин“ е името на новиот модел на упатување на пациентите од примарната кон секундарната и терцијарната медицина. Примената на оваа новина ќе започне од месец Април, а се состои во тоа што наместо со класичните пишувани упати, сега матичните лекари по електронски пат ќе ја прават целата постапка околу упатувањето на пациентите на специјалистички прегледи.„Секој матичен доктор е должен на својот пациент да му закаже преглед кај специјалст во секундарното и терцијарното здравство и пациентот е должен на закажаниот термин кој што ќе биде по електронски пат и повратно...

Продолжи со читање

Охридски алпинист ги освои австриските мразови

Post Views: 215 Дури ни австриските замрзнати висечки карпи не се недостижни. Охриѓанецот Димитри Димитров од алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид е доказ за тоа. Тој, заедно со своите колеги алпинисти, Крунослав Аџиовски и Виктор Трпевски од алпинистичкиот клуб „Матка“ од Скопје успешно завршија петдневна качувачка мисија во снежната и студена Австрија. Се качувале во различни насоки со различни тежини.„Секој од тие пет дена си е тежок затоа што мора и припремата и изборот на самата насока, качувањето, отстапувањето тоа е на начин како што гледате во филмовите, има спуштање...

Продолжи со читање