Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Осветено спомен обележјето Фаќач на крст

Post Views: 7 Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите. „Нешто што се пренесувало од...

Продолжи со читање

Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид

Post Views: 7 33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина. Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска...

Продолжи со читање

13ти Канео фест

Post Views: 4 13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи. Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги...

Продолжи со читање

Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи

Post Views: 5 Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест.„Апсолутно поведени од нивната...

Продолжи со читање

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Post Views: 6 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои...

Продолжи со читање

Министрите за култура од земјите од ЈИЕ ја јакнат културата во функција на развојот

Post Views: 7 Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа  ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна.„Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на...

Продолжи со читање

Три дена „Бело лето“ во Охрид, главна атракција, групата Нокаут

Post Views: 6 Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор...

Продолжи со читање

Eзерската и граничната полиција подготвени за спасување на вода

Post Views: 8 Припадниците на граничната и езерската полиција од Охрид одлично се покажаа во спасување на вода. Денес тие демонстрираа дел од стекнатите вештини во тридневната обука која инструкторите од операцијата „Флоријан“ и Црвениот крст од Охрид ја спроведуваа токму за нашите полициски службеници. Тие успешно извлекоа давеник од водите на Охридското езеро, третираа отворени рани, даваа вештачко дишење на бебе. Сето ова беше дел од нивната денешна демонстрација која се случуваше на малото пристаниште спроти хотелот Палас.„Оваа обука значително ќе придонесе во...

Продолжи со читање