Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Наскоро градски превоз за охриѓани

Post Views: 266 Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена.„Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а другата...

Продолжи со читање

Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Post Views: 202 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...

Продолжи со читање

Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори

Post Views: 206 „Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“ Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори. Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори. Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.„Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам дали...

Продолжи со читање

Лозарите го зарежаа лозјето, денес е Свети Трифун

Post Views: 183 Денес е свети Трифун, познат и како свети Трипун пијаница. Овој великомаченик, е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Свети Трифун е заштитникот на лозјето и на овошките. Токму затоа на овој ден, лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по...

Продолжи со читање

Кои невработени се активни, а кои пасивни баратели на работа?

Post Views: 775 Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување. Но...

Продолжи со читање

Д-р Бакрачески: Време е за градење подобар Охрид

Post Views: 201 „Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани. Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи...

Продолжи со читање

Младите претприемачи-иднина на европскиот бизнис

Post Views: 282 Младите претприемачи се иднината на балканскиот бизнис. Токму тоа е причината за одржувањето на една од серијата работилници на тема „Корпоративен идентите“ кои се дел од проектот за Економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и земјите од југоисточна Европа. Млади претприемачи, но и претприемачи кои долго време се занимаваат со бизнис, добија сознанија за тоа како функционира претприемништвото во Европа.„Јас сум повеќе насочена кон стручниот дел на работата. Овој дел, маркетиншкиот дел ми е послаба страна и затоа сум дел од оваа работилница, да добијам малку...

Продолжи со читање

Основците од „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон

Post Views: 184 Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори.   Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет. „Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...

Продолжи со читање

Женскиот ракомет се враќа во Охрид после долга пауза

Post Views: 264 Не стивнува ракометната еуфорија во Охрид. Последна и најсилна причина е формирањето на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“. Тоа е клубот кој ќе го понесе товарот да ги потсети охриѓани на историјата, но и да им ја покаже иднината на женскиот ракомет, кој за жал долги години го немаше во Охрид. Го посетивме нивниот прв, официјален тренинг, а бројката на девојчиња кои тренираа беше огромна, па не испуштивме да ги запрашаме зошто ги привлекол токму ракометот.„Долго време чекав ракомет, и сега се отвори. Интересно е досега, се надевам и натаму ќе биде.“„Во градов немаше...

Продолжи со читање

Неплатен долг кон ЕВН ги остави без вода жителите на Долно Лакочереј

Post Views: 288 Долно Лакочереј, повторно мака-мачи со немањето вода. Овој пат, причината малку поинаква. Пумпите кои ја дистрибуираат водата до домаќинствата од ова охридско село, нешто повеќе од 4 дена, не функционираат. Проблемот се состои во тоа што  Месната заедница не го подмирила долгот кон ЕВН, па ЕВН-Македонија, ја исклучиле струјата во водоснабдителниот објект, поради што пумпите останале надвор од функција. Единствен извор на оваа драгоцена течност им е селската чешма која се наоѓа во близина на црквата.Стапивме во контакт и со претставници од месната заедница на Долно...

Продолжи со читање

Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

Post Views: 206 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство.„Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...

Продолжи со читање

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Post Views: 446 Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...

Продолжи со читање