Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Лајонс клубовите донираа на ранливите категории

Post Views: 8 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција.„Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во...

Продолжи со читање

Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите

Post Views: 8 Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата...

Продолжи со читање

Прво издание на „Црешнобер“

Post Views: 6 Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата...

Продолжи со читање

Бесплатен летен одмор за децата од охридските семејства во социјален ризик

Post Views: 5 И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение. „Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална...

Продолжи со читање

Јубилејна петнаесетта манифестација за Денот на Охридското Езеро

Post Views: 6 15 годишнина од одбележувањето на 21 Јуни, Денот на Охридското Езеро. Уште од  2000та година, овој ден се одбележува со посебна манифестација во еден од трите града кои лежат на Охридското Езеро, Охрид, Струга и албанскиот Поградец. Годинава, токму Поградец е домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро. За посетителите од крајезерските градови, домаќините организираа саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации. Во агендата е поместено и свечено отворање на два хотелски капацитети. Од Охрид, на настанот во Поградец ќе учествува...

Продолжи со читање

Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк

Post Views: 15 Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД. Зекир, бронзениот медал го освои  претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно...

Продолжи со читање

Студентска апликација за сексуална едукација

Post Views: 5 Талентираните студенти од универзитетот за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ денес ги презентираа апликациите кои ги изработија за кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите. Мерсиха Исмаиловска, координатор на натпреварот од универзитетот „Свети Апостол Павле“ за изработка на овие апликации вели дека како задача на тимовите им поставиле да изработат апликација која ќе се состои од квиз со 30 прашања, сексуален и менструален календар со бројни информации од областа на сексуалното здравје.„Тимовите како што видовте денес...

Продолжи со читање

Охрид, Галичица и манастирот „Свети Наум“ дел од холандско патеписно шоу

Post Views: 5 Охрид уште еднаш главна ѕвезда за Холанѓаните. Холандското патувачко шоу Channel 3 travels кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија снима документарна емисија за убавините на Македонија, во која секако се застапени Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс во Свети Наум. Тв екипата од Холандија веќе започна со снимање на знаменитостите и тоа на повеќе локации. Покрај убавините на нашиот град, Channel 3 travels ќе дел од емисијата ќе посвети на старите занаети во скопската чаршија, тврдината Кале, Даут пашиниот амам, спомен куќата на Мајка...

Продолжи со читање