Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Ако одите во планина, без грижа-ве чуваат лиценцирани водичи

Post Views: 191 Водичите во планина-вистински професионалци. Тоа го докажаа и со последниот семинар кој го одржаа во снежните височини на нашата Галичица. На местото викано Липова ливада кај спасителната станица Магаро, голем број на лиценцирани водичи, ентузијасти, љубители на планините и идни водичи ги збогатија своите знаења во оваа професија.„Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина годишно програмски одржува најмалку четири вакви семинари кои се наменети за релиценцирање, односно обновување на лиценците на водичите кои секоја година имаат обврска најмалку...

Продолжи со читање

Советот на општината утре го гласа касовиот максимум на општинската благајна

Post Views: 258 Охридските советници утре со полни раце работа. Ќе ги спротиставуваат ставовите околу 37 точки колку што ги има на дневниот ред 58та седница на Советот на општина Охрид. Особен интерес и пожестока расправа се очекува за предлог-одлуката за утврдување на касовиот максимум во општинската благајна, точка која секогаш нуди интересни коментари и дискусии од страна на советниците. Освен оваа интересна точка, во останатиот дел од седницата ќе доминираат предлог-одлуките од урбанистичката сфера.Ќе се утврдуваат нацрт-урбанистички планови вон населените места и тоа во Долно...

Продолжи со читање

Збогатување на културната програма на Охрид-еден од приоритетите на д-р Бакрачески

Post Views: 210 Актерите од Охридскиот народен театар се сретнаа со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. Во едночасовниот разговор, тие имаа можност да продискутираат за проблемите, перспективите и идните планови. Д-р Бакрачески вели дека културно-уметничките манифестации заземаат посебно место во неговата лична и партиска програма со која во иднина планираат да ја збогатат културната сцена во Охрид.„За подобро запознавање со приликите во Домот на култура и театарот во Охрид, целта беше да се сретнам директно со непосредните актери на овие...

Продолжи со читање

Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатен приход

Post Views: 192 Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи. Тука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост,...

Продолжи со читање

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 208 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита.„Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...

Продолжи со читање

Ќе се вратат ли фенерчињата во стариот дел на градот?

Post Views: 231 Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има. Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен.„Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите,...

Продолжи со читање

Дел од „Марко Нестороски“ подолго време во мрак-се жалат жителите

Post Views: 281 На дел  од улицата „Марко Нестороски“ подолг период не функционира уличното осветлување. Во близина на улицата се наоѓа и основното училиште „Христо Узунов“ каде гравитираат голем број на млади и деца. Еден жител на оваа улица ни се пожали дека во вечерните часови, на овој дел од „Марко Нестороски“ ништо не се гледа. Велат дека дефектот одамна бил пријавен.„Околу два и пол до три месеци месеци. Интервениравме до општина Охрид, до раководителот Сашо Велјаноски. Бевме известени дека наводно корпата била расипана. Денес, утре, секој ден така. Неделно се јавуваме по еднаш,...

Продолжи со читање

Кинескиот кредит за автопатот до Охрид влегува во собрание

Post Views: 227 Започнува постапката околу кинескиот кредит за изградба на автопатското решение од Кичево до Охрид и патниот правец од Охрид до Свети Наум. Овој кредит кој македонската и кинеската влада го потпишаа уште во месец Ноември минатата година, наскоро ќе добие и собраниски легитимитет. Владата на Република Македонија, на 9ти овој месец до Собранието го испрати предлог-законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина.„Денес ексклузивно го овјавувам...

Продолжи со читање

Sparrow-охридска игра за Windows 8 и Windows телефон

Post Views: 220 Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.  Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима.„Овој настан е прифатен...

Продолжи со читање

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 208 Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект.„Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...

Продолжи со читање

Дали доцнат вашите писма и пратки?

Post Views: 215 Во динамичноста на секојдневното живеење, луѓето се повеќе зависат од точноста и ажурноста, не само вашите сопствени, туку и на останатите. За разлика од минатото,  сега светот си има развиена мрежа на комуникации каде доставата се случува за само миг, или барем така би требало да биде. Во нашата држава, главен писмоносец е претпријатието Македонски пошти, па оттука, нивната ажурност е од големо значење за македонскиот граѓанин. Ова е особено важно не само поради пратките и писмата, туку поради фактот што голем дел од сметките на граѓаните доаѓаат токму по пошта. А...

Продолжи со читање

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 224 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги.„Вчера во Битола...

Продолжи со читање