Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Охрид обземен од уличната уметност. Благодарение на двајцата уметници од Бугарија Николај Божинов и Викторија Георгиева, нашиот град стана дел од нивниот балкански караван за сликање на мурали. Своето дело тие го насликаа на еден од ѕидовите од Центарот за култура „Григор Прличев“. Велат дека се среќни што имаат можност да насликаат една ваква творба токму во нашиот град и благодарни на Центарот за културен проток Артерија од Охрид на чија покана гостуваат во градов.„На почеток најтешко ни беше да ја направиме композицијата по скица и да ја префрлиме на ѕидот во...
Роденденска торта, прекрасен јубилеј и хуманост
Post Views: 6 Конфети, роденденска торта, музика и хуманост. Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид, денес го прослави својот десетти роденден. Во свечена атмосфера, во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, тие организираа кошаркарски турнир наменет за активните членови на клубот. „Денес го славиме нашиот јубилеј, десет години од нашето постоење. К.К Колибри како школа почна пред десет години на отворените терени на Ј.П „Билјанини извори“. Имавме богата историја позади нас, многу дечиња поминаа низ нашата школа и стигнавме еве до денешниов ден. Симболично со турнир само за...
Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?
Post Views: 6 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на...
Осветена портата на влезот од манастирот „Свети Наум“
Post Views: 9 Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј ја освети новоизградената порта на влезот од манастирот „Свети Наум“. Бројни верници, црковни претставници, претставници од локалната самоуправа од Охрид како и туристи денес имаа можност да ја чујат светата литургија со која манастирската порта го доби светиот благослов. „Свети Наум го заслужувал одамна овој лик да го има и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски. Се разбира дека имаше разни коментари и добронамерни и злонамерни, повеќе отколку добронамерни, но...
Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината
Post Views: 8 Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот. „Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да...
Наградата „Горна порта“ во рацете на доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески
Post Views: 3 Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми. Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година. „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано...
Трета акција за собирање отпадно масло-наредните ќе се одвиваат со измени
Post Views: 7 Трета акција за собирање на отпадното масло од охридските домаќинства. На старото зборно место, на полигонот за мали спортови, граѓаните го предадоа маслото кое во текот на годината го собирале во специјално за тоа добиените кантички во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Освен граѓаните кои трета година со ред го предаваат употребеното масло, на денешната акција, за која дознал преку медиумите се приклучи и жител на нашиот град кој е по потекло од Германија. „Јас мислам дека ова е убава акција овде, зашто знам дека ако...
Жителите на Сирула конечно ќе газат асфалт до селото
Post Views: 8 Свечено пуштен во употреба реконсруираниот и новоизградениот пат кој води до Сирула. Градоначалникот Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, Тони Димовски денес го посетија ова рурално место на христијанскиот празник „Свети Никола“ чие име го носи и селската црква. Мештаните велат дека го добиле најубавиот подарок за денешниот празник.„Да се заблагодариме на локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески кој се заложи и Агенцијата за поддршка на руралниот развој кои ни дадоа...