Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Богата програма за Водици 2013 година

Post Views: 198 Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување. Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна...

Продолжи со читање

2012 успешна, во 2013 нови предизвици за ЕК „Бофор“

Post Views: 204 Едриличарите од охридскиот клуб „Бофор“ изминатава година со своите едрилици пловеа низ многу води. 2012 година воглавно ја сметаат за успешна година, пред се поради своите бројни настапи. По одредени класи, едриличарите од „Бофор“ зеле учество и на европски и на светски првенства. Тоа учество го сметаат за драгоцено искуство за во иднина. Освен што учествуваат со свои едра, тие се покажаа и како добри домаќини.„Организацијата на Илинденската регата оваа година беше во помал обем, поради помалото присуство на гостите од другите држави бидејќи беше и олимпијадата во...

Продолжи со читање

Охридските адвокати нема да штрајкуваат без одлука за генерален штрајк

Post Views: 408 Законот за адвокатски маркички ги налути адвокатите.  Охридската заедница на адвокати барем засега својот револт нема да го искажува со штрајк чекор на кој пак се одлучија нивни колеги од неколку градови во државава.  Претседателот на охридската заедница на адвокати, Љупчо Наумовски вели дека немаат легитимитет самостојно да носат одлуки за штрајк, но доколку таква одлука донесе управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија, тие во секој случај ќе им се придружат на своите колеги. Револтот кај адвокатите го предизвика контроверзниот Закон за адвокатски маркички...

Продолжи со читање

Ротаријанците со хуманитарни пакети за социјалните семејства

Post Views: 203 Нова хумана акција на Ротари и Ротаракт клубот од Охрид. Денес ја организираа веќе традиционалната добротворна акција во која тие помагаат на социјално загрозените семејства од Охрид. Акцијата ја нарекоа мала и скромна, но нејзиното значење веројатно најдобро го разбираат  оние кои се всушност и целта на оваа акција. Од Ротари клубот „Охрид“ велат дека на нивно задоволство во изминативе две години, акцијата станува се помасовна и поуспешна.„Се работи за составување на годинава веќе повеќе од 100 пакети со основни прехрамбени продукти и средства за хигиена за социјално...

Продолжи со читање

ФЗОМ-Охрид-сите здравствени картички треба да бидат издадени до Јуни 2013

Post Views: 235 Процесот на замена на старите здравствени книшки со новите електронски картички е во тек. Според плановите на Фондот за здравствено осигурување, Јуни 2013 година би требало да биде крајниот рок за завршување на овој процес. Од таму велат дека во моментов работат на прибирање на барањата од фирмите во градов. Како за сите останати категории, и кај фирмите работата оди бавно. За да се забрза процесот, од Фондот овозможиле, поголемите фирми електронски да ги достават своите барања. Досега Фондот стапил во контакт со околу 25 поголеми фирми со над 50 вработени или вкупно...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес го ширеше празничниот дух

Post Views: 212 Едно пакетче не чини многу, но една насмевка е бесценета. Денес функционерите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го ширеа празничниот дух низ Охрид. Како поинаку освен со новогодишно пакетче. За таа цел тие денес ги посетија децата од центарот за згрижување на деца со посебни потреби во црквата Света Ѓорѓија. Децата со насмевка на лицето им посакаа добредојде, и им ги честитаа новогодишните празници.„Нема поголемо задоволство, нема поголема радост, ниту општествена сатисфакција кога на некои категории на лица кои живеат во општеството или на деца со посебни потреби...

Продолжи со читање

Две подводни елки ќе го красат Охридското езеро

Post Views: 208 Не една, туку две подводни елки годинава го красат Охридското езеро. Денес, околу дваесетина нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“, од Сојузот за подводни активности на Македонија, но и нуркачи од соседна Албанија ја одржаа единаесетгодишна традиција на поставување на подводна елка за новогодишните празници. Годинава, акцентот го ставија на најмладите љубители на нуркањето.„Чувството е неверојатно и многу убаво си поминавме под вода.“„По втор пат учествувам и чувството е супер. Желба си замисливме, здравје, среќа, мир во целиот свет.“-рекоа младите нуркачи.Д-р Горан...

Продолжи со читање

Емигранти-претстава за човечкиот апсурд

Post Views: 224 Четврта театарска премиера на Народниот театар од Охрид за прекрасно заокружување на 2012 година. Брилијантните актери на охридскиот театар продолжуваат со претставите по текстови на Славомир Мрожек. Овој пат на дневен ред е претставата „Емигранти“ која е режирана од младата и талентирана режисерка, Ирена Стеријовска. „Нашата репертоарска политика е како што реков создавање на традиција и на гледање на класици, гледање на нешто што е висококалорично и од друга страна, добро наместено во супер адекватни простори и мислам дека тоа е еден од главните просперитети на една...

Продолжи со читање

И дуќаните во чаршијата во духот на Новата година

Post Views: 342 Се одбројуваат деновите до најлудата ноќ во годината. Охрид традиционално е еден од најукрасените градови во државата. Светкави украси, лампиони, сијалички…навидум безначајни предмети кои го подигнуваат празничниот дух на најдобар можен начин. Новогодишната еуфорија ги понела и охридските дуќанџии, па тие ги дотерале излозите на своите бутици во духот на она што претставува Нова година. Некои повеќе, некои помалку креативни, но со подеднаква желба да ја доловат празничната магија и да ги привлечат купувачите во своите дуќани. „Јас мислам дека ако еден дуќан е...

Продолжи со читање

Нов хуман гест на АД „Макпетрол“

Post Views: 210 Продолжува општествено одговорното делување на компанијата АД „Макпетрол“ од Скопје. Нивната хуманост денес се покажа со новата донација која ја доделија на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Тие донираа 11 нови лцд телевизори, како и постелнини за што е можно поудобен престој во оваа болница.„Би сакал да изразам голема благодарност до АД „Макпетрол“ од Скопје, за дадената донација која што е трета по ред во нашата болница, каде што со оваа донација ќе се подобрат условите за престој во детскиот оддел, на најмладите пациенти...

Продолжи со читање

Граѓаните со католичка вероисповед го слават Христовото раѓање

Post Views: 220 Припадниците на католичката вероисповед и сите верници кои го прифатиле новиот календар, денес го прославуваат Бадник. Со таканаречената „Миса Полночка“, вечерва од 21 часот, во црквата посветена на „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Бенедикт“ во Охрид, верниците ќе го започнат чествувањето на Христовото раѓање, најсветлиот момент во христијанската религија.„Тоа е една свечена литургија, свечена миса. Се пејат нормално Божиќни песни и целата таа миса е проследена со пеење, со славење, радосно, се чествува раѓањето Христово.“-вели отец Оливер Тантушев.Католичкиот Божиќ...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие двокатен панорамски автобус од Владата

Post Views: 206 И Охрид ќе си добие двокатен панорамски автобус. Владата на последната седница донела одлука на општината да и додели еден од овие отворени двокатни автобуси. Тој ќе има капацитет од 60 седишта, а неговата намена се состои во промовирање на туристичките вредности на Охрид. Ќе се употребува за превезување на туристите од еден до друг туристички локалитет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави ваквата одлука на владата. Од таму велат ова е еден од елементите кој на Охрид му недостасуваат во поглед на туризмот. „За да можеме институционално тоа да го решиме, и...

Продолжи со читање