Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 68Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри. На оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје....
Во ЕМУЦ учеа за важноста од заштитата на флората и фауната во Охридско Езеро
Post Views: 60Околу 120 средношколци од електро-машинскиот училишен центар-„Свети Наум Охридски“ денес имаа можност да се запознаат со тајните на Охридското Езеро односно неговиот жив свет. Денешното предавање беше дел од проектот на Здружението „Јадрански слив“, „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро.“„Денеска имаме гости од Секретаријатот за животна средина, подготвена е една трибина, предавање за флората и фауната во Охридското Езеро. Охридското Езеро е национално богатство, особено ние охриѓани сме горди на тоа што го имаме и мора да покажеме грижа од најмала до најголема...
Охрид наметна нови стандарди за тоа како треба да се организира Гимназијадата
Post Views: 60Грандиозна, воодушевувачка, со неверојатно свечено отворање. Ова се само дел од комплиментите кои ги доби најмасовната спортска манифестација годинава во државава, Гимназијада 2014та. Според претседателот на федерацијата на училишни спортови на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, Охрид со организирањето на овој масовен спортски настан, докажал дека може да биде добар домаќин.„Се чувствува овде еден навистина олимписки дух. Едно спортско движење, овие три дена јас сум присутен во Охрид каде многу настани се случија спортски, а покрај тоа овде имавме и меѓународно...
Реформата на јавната администрација, главна тема на 70та средба на правниците од земјава
Post Views: 52Измените во сетот на закони кои ја регулираат јавната администрација носечка тема на 70та по ред средба на правниците од Република Македонија. Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска смета дека измените во законите кои ја опфаќаат јавната администрација се во насока на обезбедување на поефикасна и поефективна јавна администрација. „Постојат повеќе новитети во законот, во сетот на закони, се работи за сет од закони кои беа усвоени. Генерално постапката на вработување, на селекција, на стручниот развој, стручното усовршување на...
Квалитетно судско вештачење за избегнување на судските спорови
Post Views: 81Квалитетното судско вештачење при сообраќајни незгоди е можност за избегнување на судските спорови. Ова е тематиката на која денес Бирото за судско вештачење, претставници од осигурителните компании од државава, Агенцијата за супервизија во осигурувањето како и странски експерти ќе дискутираат. Дени Ѓорчевски, директор на Бирото за судско вештачење на Република Македонија вели дека тие располагаат со добро потковани и искусни вешти лица кои постојано се надоградуваат, но и дека работат со најсовремените софтверски решенија кои треба да обезбедат квалитетно судско...
Локалната со поддршка за отворање на филмска академија во Охрид
Post Views: 53Со гостите покрај за академското изучување на филмските вештини се разговарало и за можностите во Охрид да се отвори и професионално филмско студио најдобро опремено на овие простори. Меѓу другото било заклучено дека развојот на филмската индустрија во Охрид и снимањето на филмови воопшто, би биле магнети за привлекување на филмски ѕвезди од светски калибар, со што Охрид би имал не само економски бенефит туку би прераснал и во светски познат туристички и културен центар . На средбата било дискутирано и за можноста за организирање на охридски филмски фестивал кој би имал...
Охрид брои ситно до почетокот на 9та Гимназијада на средношколски натпревари
Post Views: 46Охрид брои ситно до почетокот на 9та Гимназијада на средношколски натпревари. Нашиот град годинава ја зеде улогата на домаќин на спортските натпревари кои во наредните неколку денови ќе се случуваат буквално во секоја спортска сала и терен во градов, па и во околните места. Пеце Ѓеоргиески, претседателот на Сојузот на училишни спортови вели дека доколку се покажат како добри домаќини, наредната година ќе се обидат да ја добијат и организацијата на олимпијадата за основните училишта. „Ќе бидат застапени сите спортови. На сите спортски борилишта во градов, во сите спортски сали...
Проектот за правилен развој на децата веќе се спроведува во Дебрца, во Охрид сеуште е на разгледување
Post Views: 50Проектот за безбеден раст и правилен физички развој на децата кој го спроведува кинезитерапевтот Јован Каланоски успешно функционира во општина Дебрца. Овој проект пред околу 2 години се спроведуваше и во општина Охрид, а резултатите добиени од тогашните испитувања зборуваа за сериозен број на деформитети кај децата од основните училишта. Каланоски вели дека не само што процентот на деца кои имаат некаков деформитет е голем, туку и дека за жал тој процент од година во година расте. „Проектот е доста интересен како за нашиот град, така и за општините од околината, така и за...







