Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Две Ивани со изложба на графики, слики и филигрански накит

Post Views: 7 Галаксијата и соларните тела видени низ две различни ликовни техники и прекрасните прстени, огрлици и обетки се моќната сила со која двете уметнички, Ивана Настевски и Ивана Стојановска-Станковиќ деновиве ќе ги привлекуваат охридските љубители на уметноста во Куќата на Робевци. Настевски вели дека во епицентарот на нејзините изложени дела е големата богиња мајка како главен елемент во создавањето на целиот систем.„Темата сама по себе е многу деликатна заради тоа што и подрачјето не обработува односно праисториските елементи, симболи, знаци, првите знаци на човеково...

Продолжи со читање

Музика, фолклор, танци и прекрасни носии-прв Охрид Опен 2014

Post Views: 7 Нов фестивал на народни песни и игри, Охрид Опен 2014. Четиринаесет фолклорни групи од повеќе различни земји, како и два домашни фолклорни ансамбли ќе ги презентираат своите народни игри, песни, и прекрасните и колоритни традиционални носии. Од Русија, Литванија, Украина и Полска, па се до балканските Словенија, Србија, Бугарија. Во своето премиерно издание, Охрид Опен успеа во нашиот град да собере преку 480 учесници.„Целта е да се дружиме со фолклорните групи, со некои групи и соработуваме, ќе ја покажат сите групи традицијата, обичаите на самата држава, носиите и...

Продолжи со читање

Првомајските скари на отворено и на места кои не се за тоа предвидени може да ве чинат 200 евра

Post Views: 6 Во очи првомајските празници, кога македонскиот граѓанин најчесто ужива во традиционалните скари на отворено, надлежните со апел да не се палат огнови на отворен простор. Од НП „Галичица“ велат дека забраната за палење на оган на отворено важи преку целата територија на државата и во текот на целата година, но во овој период особено апелираат бидејќи очекуваат поголем обем на граѓани да се упатат кон планинските места. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари при НП „Галичица“ сите охриѓани, но и туристите ги советува наместо било каде, да отидат во едно од...

Продолжи со читање

Дали доаѓа крајот на проблемите со поплавената улица „Илија Смически“ во Лескоец?

Post Views: 8 Повторно испливаа на површина проблемите со улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Жителите велат дека станува збор за децениски проблем за кој многупати им било ветувано решение, но дека засега нема ништо од ветеното. Обилните врнежи деновиве уште еднаш ја поплавија оваа улица, за која жителите велат дека во должина од дури 200 метри се претвора во базен. Се жалат дека нивните деца, за да стигнат на училиште, мора да поминат огромен пат кружејќи околу селото. Јане Бачевски, жител на оваа улица вели дека од ден на ден, секојдневно чекаат да пристигнат багери и да...

Продолжи со читање

Сообраќајна грпка за поголема безбедност кај ОУ „Братство Единство“

Post Views: 4 Сообраќајна грпка за поголема безбедност. Основното училиште „Братство Единство“ заедно со советот на родители  со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на улица „7ми Ноември“. Вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот веќе има на едниот крај од улицата во близина на влезот на училиштето. Проблематичен е само пешачкиот премин што се наоѓа пред објектот на некогашна Охридска трговија. Професорот Борис Лушески вели дека дечињата често без да внимаваат токму во тој дел ја префрлаат улицата, што во минатото не...

Продолжи со читање

Втор круг претседателски и прв парламентарни избори-денес гласаат болните и изнемоштени лица

Post Views: 7 Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна. „Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за...

Продолжи со читање

ОУ „Христо Узунов“ со богата програма го одбележа својот патронат

Post Views: 8 „Горди сме што го носиме името на еден од хероите на македонската историја“, со овие зборови директорот на основното училиште „Христо Узунов“, Тони Симоноски го појасни значењето на одбележувањето на патрониот празник на  училиштето. Тие својот патронат го одбележаа со дводневни активности и тоа посета на куќата на Христо Узунов, положување на цвеќе на бистата во нивниот училишен двор, како и бистата на херојот во градскиот парк. Чествувањата ги продолжија со организирање на уметничка изложба на дела од поранешни и сегашни ликовни педагози од училиштето, како и дела...

Продолжи со читање

Партиските кампањи кулминираат

Post Views: 5 На денешната прес конференција на охридските социјал-демократи, нивниот кандидат за пратеник, Ѓоко Танасоски со мал осврт на целокупната досегашна политичка кампања. Потенцираше дека СДСМ како партија со своите непартиски листи покажала дека за нив најважен е интересот на граѓаните и државата. „Концептот на СДСМ е јасен: наместо во минатото ќе инвестираме во иднината, наместо во историја ќе инвестираме во образованието, наместо мегаломански проекти ќе инвестираме во здравството, наместо во мермер и бронза ќе инвестираме во инфраструктура, наместо криминалот и...

Продолжи со читање