Skip to main content

Автор: инфодеск

„Водениот рај на Европа” – документарен филм за скриените светови на Охридското Езеро

Views: 9 Охридското Езеро, неговото уникатно природно богатство, научните истражувања и луѓето кои со децении живеат во нераскинлива врска со него, се во фокусот на новиот документарен филм „Водениот рај на Европа”. Станува збор за германска продукција на телевизијата Арте, дел од серијал посветен на највпечатливите и најинтересните водени предели на европскиот континент. Во реализацијата на филмот учествуваше и охридскиот режисер Илија Пиперкоски, во улога на извршен продуцент при снимањето во Охрид.„Се работи за серијал посветен на водениот рај на Европа, во продукција и...

Продолжи со читање

Денес се празнува Светиот апостол Јаков

Views: 14 Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Според преданието тој и во Египет одеше со Пресветата Дева и со Јосиф, кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја...

Продолжи со читање

УХМР: До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви период

Views: 16 Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес во Охрид температурите од 5 до 12 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Продолжи со читање

Охридски кардиолог пред светската кардиолошка елита: Д-р Дејан Манчевски со презентација на престижен конгрес во САД

Views: 58 Д-р Дејан Манчевски, раководител на Одделот за перкутани артериски инвазивни процедури во ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Стефан“ – Охрид, ја претстави болницата и македонската интервентна кардиологија на престижниот светски конгрес TCT 2026 (Transcatheter Cardiovascular Therapeutics), кој се одржува во Сан Диего, САД.-Презентирана е комплексна процедура за реваскуларизација на крвните садови на долните екстремитети, со примена на современа SPUR™ RST технологија и балон со лек-облога, со цел воспоставување на крвотокот и зачувување на екстремитетот кај пациенти со тешка...

Продолжи со читање

Пари

Од понеделник нови правила за банкарските плаќања

Views: 55 Од понеделник, 9 ноември, започнува примената на нови стандарди во домашниот платен промет, со кои денарските платежни сметки ќе се означуваат во меѓународниот ИБАН-формат, ќе се воведат нови платни налози и ќе се променат шифрите за целта на плаќањето. Промените ги опфаќаат и граѓаните и компаниите, но не подразбираат отворање нови банкарски сметки.Според Македонската банкарска асоцијација, станува збор за модернизација на националниот платен промет, која произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти на Народната банка. Целта е податоците за...

Продолжи со читање

Трикафта

Клиника за детски болести: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти со цистична фиброза

Views: 59 Од Клиниката за детски болести во Скопје соопштија дека современата модулаторна терапија „Трикафта“ е обезбедена за сите пациенти со цистична фиброза во Македонија кај кои постои соодветна медицинска индикација.Oд оваа година вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми, ќе имаат пристап до современата таргетирана терапија.„Ова е значаен исчекор во третманот на цистичната фиброза во нашата држава“, велат од Клиниката за детски болести.Инаку, „Трикафта“ е современа модулаторна терапија која го подобрува...

Продолжи со читање

Гран-при за „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски во Токио

Views: 91 Најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, ја освои главната награда „Токио Гран при“ на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, кој се вбројува меѓу фестивалите од А-категорија. Ова е прва победа на македонски филм на фестивал од А-категорија по успехот на „Пред дождот“, кој во 1994 година ја освои „Златната лавица“ во Венеција, исто така во режија на Манчевски.Жирито, предводено од австралискиот режисер Ролф де Хер, ја додели наградата за беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, како и за човечноста и сочувството кон...

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Бајкоград“ од роднокрајната авторка Ана Цветаноска

Views: 107 Во рамките на одбележувањето на манифестацијата „Месец на книгата“, денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше промовирано најновото дело на роднокрајната авторка Ана Цветаноска – „Бајкоград“.Поздравен збор одржа директорката на установата, Христина Трпеска, која истакна дека Библиотеката била и секогаш ќе биде отворена за сите писатели и творци од Охрид и пошироко, како и дека претставува место за креативно изразување во сите облици и форми.Присутните во светот на илустрираната книга „Бајкоград“ ги воведоа актерите Христина Цветаноска и Томе Станковски, на...

Продолжи со читање