Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со мала до умерена облачност

Post Views: 68 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот.

Продолжи со читање

Со законско решение за плажите ќе се воведува ред на охридско-струшкото крајбрежје

Post Views: 99 Струга најавува крај на узурпацијата на плажите. По години нерегулирано поставување урбана опрема и работење без јасен правен статус, се подготвува посебен закон за охридското крајбрежје.Целта е конечно да се воспостави ред. Ќе биде прецизирано на кои локации, на колкава површина  каква урбана опрема и  објекти ќе може да се поставуваат.„Нормално дека тој проблем што е направен со децении не можеме ние како општина сами да го решиме. Веќе имаме контакт и со Министерството за транспорт и врски, со министерот Николовски и со премиерот....

Продолжи со читање

Пораст на минималната плата од март за 1.667 денари

Post Views: 89 Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари и се зголемува за околу 1.667 денари. Владата не попушти и пресече дека таа само законски ќе се усогласи. Сојузот на синдикатите на Македонија демонстративно ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Најавуваат дека борбата за 600 евра минималец, и 6.000 денари раст на сите останати плати ќе продолжи од улица, со протести.-Како што се плашевме, на денешната седница на Економско –социјалниот совет, претставниците на Владата планираат да ја усогласат минималната плата само онолку колку што е...

Продолжи со читање

Царинската управа бележи 7,7% зголемување на аплатата на приходи во февруари

Post Views: 61 Од Царинската управа информираат дека имаат дополнителни уплати од 778,3 милиони денари или 7,7% зголемување на приходите во февруари, период во кој Царинската управа наплатила вкупно 10,8 милијарди денари.Од таму информираат дека раст е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина со зголемување од 8,9 проценти, од акциза со зголемување од 8% и од ДДВ при увоз со зголемување од 3,9%.-Ова значи повеќе средства за јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура, се додава...

Продолжи со читање

Забрана на водата за пиење во Долно и Горно Лакочереј

Post Views: 67 ЈП Водовод Охрид ги известува жителите од селата Долно и Горно Лакочереј, дека се забранува водата за пиење.–Забраната ќе биде во сила се додека од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од овие мерни места, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Малолетник без положен возачки испит управувал возило во Охрид

Post Views: 65 На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска” и „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Осмомартовско издание на Импровокација

Post Views: 106 Оваа недела ќе се одржи најновото Осмомартовско издание на Импровокација.-Изненади ја својата дама, мајка, сакана и донеси ја на театарска импровизација, порачуваат организаторите.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075283066, а шоуто започнува во 20 часот на сцената на Народен театар Охрид.

Продолжи со читање

Скок на цената на гасот во Европа за 20%, нафтата поскапа за 12%

Post Views: 71 Ескалацијата на воениот конфликт меѓу Израел, САД и Иран веќе предизвикува сериозни потреси на глобалните енергетски пазари. Аналитичарите предупредуваат дека, доколку кризата дополнително ескалира, можно е цената да ја надмине психолошката граница од 100 долари за барел, поради стравувањата од прекини во снабдувањето, пренесува Ројтерс.Американската сурова нафта поскапе за околу 8 долари за барел, или 12 проценти, а во недела навечер, на отворањето на фјучерс тргувањето, достигна околу 75 долари. Брент, меѓународната референтна цена на нафтата, скокна за...

Продолжи со читање

Стружанката Ана Прентоска го освои 6. место на Светското првенство во Ергометар

Post Views: 124 Стружанката Ана Прентоска од ВК „Црн Дрим“ – Струга го освои 6. место во дисциплината 1000 метри, во конкуренција на 28 натпреварувачки кои успеаја да се квалификуваат во финалната група. Светското првенство во веслање на ергометар (2026 World Rowing Virtual Indoor Championships) беше одржано во организација на World Rowing.Ова престижно натпреварување се реализираше во виртуелен формат, каде веслачи од целиот свет настапија на Concept2 ергометри од своите клубови и тренинг центри, поврзани преку официјалната он-лајн платформа.На програмата беа...

Продолжи со читање

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски за резултатите во првите 100 дена од мандатот

Post Views: 66 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, сподели информација за сè што е реализирано и започнато во општината првите 100 дена од неговиот мандат.–Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати. Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот. Јас сум еден од Вас. Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање. Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина, напиша градоначалникот во објавата на социјалните мрежи.Сиљаноски наведе дел од...

Продолжи со читање

Нуркачки центар Амфора реализираше акција за чистење на дното на езерото од Сараиште до Пристаниште

Post Views: 80 НЦ Амфора успешно реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро, на потегот од Сараиште до Пристаниште.Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро, велат од нуркачкиот центар.Акцијата е поддржана од Општина Охрид.Со оваа акција НЦ Амфора го најавува проектот “ОХРИД ЕКО 2026” кој по 5ти пат ќе се одржи во месец мај, а...

Продолжи со читање