Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонските таеквондисти блеснаа на „Србија опен 2026“: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали

Views: 164 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во силна меѓународна конкуренција, 18 натпреварувачи од македонската федерација освоија вкупно 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и потенцијалот на младите македонски таеквондо-борци.На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска,...

Продолжи со читање

Утре посебен режим на сообраќај кај Пресека до Арбиново

Views: 136 Утре ќе се воведе времен сообраќаен режим на автопатот од Кичево до Охрид поточно на делот од Пресека – Песочан до клучката Арбиново.Времениот режим се воведува поради градежни работи за санација на левиот коловоз, а ќе трае до завршување на санацијата.

Продолжи со читање

кубирани дрва

Дрвокрадците ги пустошат шумите

Views: 121 Дрвокрадците   ги соголуваат шумите. Нелегалната сеча и трговијата  со дрва на „црно” е особено актуелна на  стартот на грејната сезона.. Министерството најавува засилени контроли преку Шумската полиција и координирани акции со другите надлежни институции. Во изминатиот период шумската полиција заплени 500 метри кубни нелегална сеча дрва.„Без разлика што сега започнуваме со грејната сезона, овие криминални активности беа присутни и во изминатиот период. Тие, на еден начин, се подготвуваат, но затоа ние ги засиливме контролите преку Шумската...

Продолжи со читање

Поради дефект утрово прекин во водоснабдувањето во Пештани и дел од Лагадин

Views: 99 Поради настанат друг дефект во раните утрински часови и денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците од село Пештани и дел од населбата Лагадин.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Света Петка

Денес ја славиме Преподобна Параскева (Света Петка)

Views: 83 Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно и посвежо време

Views: 107 Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).Во Охрид денес температурите од минимални 2, до максимални 12 степени Целзиусови.Во среда и четврток ќе биде релативно стабилно, а во петок и за време на викендот ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен севеозападен ветер.

Продолжи со читање

Денес и утре богослужби во храмот „Свети Никола Геракомија”

Views: 117 По повод празникот посветен на „Преподобната Параскева (Петка)”, во храмот „Свети Никола Геракомија” денес ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 16:00 часот, информираат од Првата охридска парохија – Варош.Утренаta Богослужба и Света Божествена Литургија ќе бидат отслужени со почеток во 07:30 часот.

Продолжи со читање

Општина Струга најави акција за чистење на градот од урбана опрема со истечена дозвола

Views: 140 Општина Струга во наредните денови ќе спроведе акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од урбана опрема за која е истечена дозволата за користење.Од Општината ги повикуваат сите сопственици на тезги и друга урбана опрема, кои немаат важечка дозвола за користење на јавните површини, самостојно да ја отстранат поставената опрема.Во спротивно, опремата што ќе остане на јавните површини ќе биде отстранета од страна на Општина Струга.Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните за заедничка грижа за градот, одржување на чистотата и уреденоста,...

Продолжи со читање