Автор: инфодеск
Post Views: 180 Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација.Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата.Од министерството потсетуваат дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата...
Во петок започнува 10. сезона на „Импровокација“
Post Views: 151 Петок, 17 октомври, Народниот Театар во Охрид ќе биде домаќин на едно од најочекуваните стенд-ап случувања — ИМПРОВОКАЦИЈА: сезона 10, со наслов „ЛАППАЈ СИ!“Публиката ќе има можност да ужива во несекојдневна, жива и целосно непредвидлива импровизација од страна на врвните комичари: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифовски.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Од денес до петок акција за подигнување зелен отпад во населба Радојца Новичиќ
Post Views: 105Од Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид инфомираат за измена во Календарот на акции за подигнување на кабаст и зелен отпад за 2025 год. Имено заради реалната ситуација на терен и наметнатите потреби, Акцијата за подигнување зелен отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ која согласно Календарот беше предвидена за 31.10.2025 год., ќе се реализира на 17.10.2025 год. (петок). Со акцијата се започна од денеска и ќе се реализира заклучно со 17.10.2025 год. (петок).Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2025 год.(петок) ќе...
Одбележани 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“
Post Views: 154 Вчера, по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалстуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков како и гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработка...
ФТУ – Охрид со активен академски придонес на ICEMIT 2025
Post Views: 142 Од Факултетот за туризам и угостителство информираат дека тим од професори од нивниот факултет, во период од 9 до 11 октомври учествуваше на Меѓународната научна конференција за економија, менаџмент и информатички технологии – ICEMIT 2025 во Куршумлиска Бања, Србија, а во организација на Школата за бизнис студии во Блаце, Топличка академија. Таму, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се јави како коорганизатор на оваа престижна научна манифестација, заедно со Универзитетот во Крагуевац, Факултетот за хотелски менаџмент и туризам во Врњачка Бања....
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски
Post Views: 139 Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 111 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.Во Охрид денешните температури во интервал од 9 до 17 степени Целзиусови.
ОЈО Скопје: Откриена бугарско-македонска шема за криумчарење луксузни возила
Post Views: 137 Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека три лица се под истрагата поради сомнение дека се дел од разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои Тојота ЦХР вредна 22.500 евра, Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра и Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра.Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен, во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота...
Денес ќе се одржи света Литургија по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид
Post Views: 208 Од Дебарско-кичевска епархија Охрид по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, денес во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.Од епархијата информираат дека покрај локалните свештеници од Охрид, во...
НУ Завод и Музеј – Охрид е награден за „Најдобар словенски локалитет“
Post Views: 154 Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид ја доби престижната награда „Жива“ за 2025 година, како најдобар словенски културен локалитет. Наградата беше свечено врачена на директорот, м-р Горан Патчев, кој беше придружуван од колегата Сашо Блажески.Добитниците на овогодишните Жива награди ги објави Форумот на словенски култури (FSK) за време на меѓународниот настан што се одржа од 8 до 11 октомври 2025 година во Требиње, Босна и Херцеговина. Ова беше 11-то издание на наградата, проследено со конференција што ги...
Свежо цвеќе во чест на борците од НОБ
Post Views: 139 По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.
Од утре се воведува новиот систем за контрола на Шенген зоната
Post Views: 125 Од утре почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от ден треба да почне евидентирањето на...