Skip to main content

Автор: инфодеск

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон

Views: 244 Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон.  Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хајдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, како и на Гершвин и делата од современите композитори. Во репертоарот со оркестар таа изведува дела од класичниот репертоар,...

Продолжи со читање

Полициско возило

Човечки череп пронајден во атарот на Лабуништа

Views: 221 Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во атарот на Лабуништа, кај Подгоречкото Езеро, во непосредна близина на македонско-албанската граница, пронашле човечки череп и други предмети,Според информациите од МВР, на 25 јули 2026 година, полициски службеници при извршување на службени активности на терен, во атарот на селото Лабуништа, кај Подгоречкото Езеро, пронашле човечки череп и други предмети.Полицијата во координација со другите надлежни институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Концертoт на „Билјанини Извори“ двојно ја надминал дозволената бучава, СВР најави поднесок

Views: 205 На 26 јули 2025 година, околу 01:00 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од концерт кој се одржувал во спортски центар во Охрид се емитува гласна музика што го нарушува јавниот ред и мир.По пријавата, полициски службеници извршиле мерење на нивото на бучава со фонометар, при што било утврдено дека јачината на звукот изнесувала 77 децибели, што е значително над дозволената граница од 35 децибели.Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот, против одговорните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Продолжи со читање

На 27 јули во Охрид бесплатни тестирања за хепатитис и ХИВ на Градскиот плоштад

Views: 306 По повод Светскиот ден за борба против хепатитис – 28 Јули, Здружението „ХЕПАР Центар Битола“, во партнерство со Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид, со поддршка од Здружението на лекари од Охрид, ЈЗУ Општа болница Охрид, универзитетските клиники и други здравствени партнери, организира голема јавна превентивна здравствена акција.Настанот ќе се одржи на 27 јули 2026 година (понеделник), од 17:00 до 20:00 часот, на Градскиот плоштад во Охрид, каде што граѓаните и...

Продолжи со читање

ujp

УЈП со засилени активности за пријавување приходи од изнајмување сместувања и други сезонски туристички активности

Views: 313 Во текот на летната туристичка сезона, Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека сите граѓани кои издаваат апартмани, станови, куќи, соби или друг вид сместување треба навремено да ги пријават приходите и да ги исполнат даночните обврски.Од УЈП велат дека целта не е само контрола, туку и помош за граѓаните полесно да ги разберат и исполнат законските обврски. Во фокус се приходите од краткорочно изнајмување сместувања и други сезонски туристички активности.Институцијата ќе...

Продолжи со читање

Свр охрид

15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка

Views: 274 На 24 јули 2026 година, во 00:35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач и неговата 17-годишна сопатничка, исто така од Охрид. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР...

Продолжи со читање

Во недела ќе бидат одбележани 100 години од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Волино

Views: 521 Верниците и почитувачите на духовното и културното наследство се поканети да присуствуваат на свеченото одбележување на 100-годишнината од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Волино, кое ќе се одржи на 26 јули (недела).Јубилејот го организира храмот „Пресвета Богородица“ во  Волино при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по повод еден век од осветувањето на црквата, изградена и осветена во 1926 година.Свечената програма ќе започне во 9:00 часот со пречек на...

Продолжи со читање

Охридскиот регион останува под заштита на УНЕСКО, Македонија доби рок од пет години за исполнување на препораките

Views: 257 Охридскиот регион го задржа статусот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО и нема да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, откако Комитетот за светско наследство донесе одлука со која на Македонија ѝ се дава дополнителен рок од пет години за спроведување на препорачаните мерки.Одлуката беше донесена од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја. Македонската делегација во Бусан ја предводи амбасадорот во Париз Игор Николов со неколку државни службеници.-Во наредниот...

Продолжи со читање