Автор: инфодеск
Post Views: 213 Samsung долго време доминираше со пазарот на мобилни телефони, но во последно време оваа компанија западна во големи проблеми па од квартал во квартал бележеше големо намалување на приходите, но и намалување на продажбата на мобилни уреди. За време на минатиот квартал тоа го искористи Apple кој во последните три месеци продаде повеќе од 74 милиони iPhone со што го престигна Samsung и го завзеде првото место на мобилниот пазар. Ситуацијата сега полека се менува, иако Apple продаде многу повеќе телефони во однос на истиот период лани (повеќе од 61 милион) таа бројка...
Паметен багаж кој ќе следи и ќе известува за локацијата
Post Views: 231 Сѐ повеќе предмети околу нас стануваат паметни – телефони, часовници, очила, облека, телевизори, а во иднина ќе користиме и куфери и торби кои ќе биде тешко да се изгубат. Паметен куфер веќе порано беше претставен од компанијата Bluesmart (неговата продажба почнува кон крајот на годината), а на развојот на слични серии на паметен багаж соработуваат Samsonite и Samsung. Благодарение на GPS, сопствениците на овие торби секогаш ќе можат да ја следат локацијата на својот багаж, а торбата ќе ги известува и за бројни други корисни информации.Така, по пат на посебна...
Луис Хамилтон доминантен во Кина
Post Views: 309 Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Кина, втората трка од новата сезона во шампионатот на Формула 1. Хамилтон на патеката во Шангај суверено стигна до првиот трофеј сезонава, откако водеше од самиот почеток па до крајот на трката. За него ова е вкупно петта победа во Кина, нешто кое не му успеало на ниту еден формула 1 возач досега. Британецот стартуваше од пол позиција и остана на првата позиција по стартот. Одличен старт имаше Ферстапен кој успеа да стигне до втората позиција. Фетел падна на петата позиција, па го помина...
LG во Њујорк официјално го претстави G4
Post Views: 214 Со оглед на тоа дека имаше доста информации и фотографии пред самото претставување, немаше многу изненадувања. Новиот G4 го покренува нов 6-јадрен процесор Qualcom Snapdragon 808 со 64 битна поддршка, додека за безгрижен мултитаскинг се грижи 3GB работната меморија, односно 32 GB интерната меморија со можност за проширувње со micro SD картичка. Што се однесува до екранот, новиот G4 може да се пофали со LCD QHD екран со дијагонала од 5,5 инчи со одличен агол при гледање во него. Она што е интересно е неговото име – имено, наречен е “Quantum dot”, а наводно така го...
Нови предупредувања дека на интернетот му се заканува колапс
Post Views: 210 Имајќи во предвид дека не успева да држи чекор со нашата бескрајна потреба за сѐ поголема потреба за побрз пренос на информации, интернетот полека, но сигурно, е близу до исполнување на сите свои капацитети, предупредуваат научниците.Поради тоа минатиот месец на состанок во Лондонското кралско друштво, се повикани водечките инженери, физичари и телекомуникациски компании за да се обидат да утврдат како би го решиле овој проблем.“Развојот на технологијата, како интернет телевизијата, стриминг сервисите и сѐ повеќе моќни компјутери значително го зголеми...
Генијалец кој ги богати и сиромашните фармери
Post Views: 232 Животната приказна на основачот на Alibaba се чини дека е идеално сценарио за некој филм од Холивуд – не бил добар за работа во полицијата, не бил примен на работа во еден ресторан иако бил единствен пријавен, а потоа одлучил да покрене свој сопствен бизнис за да преживее. Работењето на почетокот не одело лесно, а за еден негов проект (Alipay) луѓето му рекле дека е тоа најглупавата идеја за која некогаш слушнале, а сега тој “глупав проект” има околу 800 милиони корисници. Jack Ma денес е еден од најбогатите луѓе во светот кој е тежок околу 23 милијарди долари,...
Банки откриле илјадници ничии сметки
Post Views: 207 Швајцарските банки откриле илјадници сметки отворени пред 1955 година, кои од тогаш не биле активни воопшто, пренесува германскиот весник Welt am Sonntag.Портпаролката на здружението на швајцарските банки потврдила дека истрагата покажала дека ниту временски ниту географски овие сметки не се поврзани со националсоцијализмот во Германија. Спрема нејзините зборови станува збор за клиенти од Швајцарија и странство.Овие сметки излегоа на виделина по усвојувањето на новиот закон кој ги обврзува банкарските институции да ги објават сметките на кои нема активности...
Facebook воведе видео повици во својата Messenger апликација
Post Views: 253 Иако многумина мислат дека Messenger е опција која не ја користат многу луѓе, вистината е сосема поинаква бидејќи оваа апликација која е достапна внатре во Facebook месечно има 600 милиони активни корисници. Секако дека оваа бројка е невозможно да се игнорира, а во Facebook се свесни дека занемарување на оваа апликација може да биде погубно, затоа константно истата се надоградува. Може ли Facebook со оваа опција да ги загрози Skype, Google Hangouts или Face Time на Apple, кои исто така ја имаат оваа можност за гласовни и видео повици, но факт е дека...
Samsung Galaxy 6 има проблеми со RAM меморијата
Post Views: 218 Сведоци сме дека излегувањето на flagship паметните телефони секоја година носат мноштво на новитети и секој производител претставува нешто поразлично од претходниот модел што ќе го разликува од конкуренцијата.Така и овој пат е во случајот со Samsung и неговата нова Galaxy S линија. Спрема пишувањата на PcWorld.com, актуелниот модел предизвика голема медиумска прашина и пред почетокот на неговата продажба. Почетните резултати на продажбата ги оборија сите рекорди во кратко време, но сепак, за да не биде сѐ како што треба се погрижи неговата работна меморија (RAM...
Драматичен викенд за најголемиот производител на автомобили
Post Views: 231 Драматичниот викенд во Волксваген ја означи оставката на претседателот на компанијата Ferdinand Piech со што заврши една ера за компанијата. Иако кон крајот на неделата во германските медиуми Piech тврдеше дека има помирување со извршниот директор Martin Winterkorn и дека постигнал договор за понатамошна соработка, за време на викендот до Надзорниот одбор дошле информации дека Piech со шефот на Порше, Matthias Muller договорил тој да го превземе лидерското место на Волксваген. Членовите на Надзорниот одбор од редовите на синдикатот и покраината Долна Саска каде е...
Паметна картичка со која не се потребни лозинки на телефоните
Post Views: 221 Ако ви досадило својот паметен телефон секој пат да го отклучувате со внесување на лозинка, овој уред секако е решение за вашиот проблем.Станува збор за картичката Salt која уредот ќе го отклучи штом се најдете во негова близина, а уредот во облик на кредитна картичка автоматски ќе се заклучи штом се оддалечите 10-тина метри.Salt по пат на Bluetooth се поврзува со iPhone или Android уредите, а ќе го извести корисникот штом се оддалечи од картичката. Исто така, авторите на овој уред советуваат Salt е најдобро да се чува во паричникот.Компанијата од Чикаго за...
Украинец со американско потекло стана најбогат Британец
Post Views: 249 Сопственикот на Warner Muzic, Len Blavatnik, е најбогат човек во Британија за 2015 година, со имот кој се проценува на преку 13 милијарди фунти, пишува Sunday Times. Blavatnik роден во Одеса – Украина, по националност Американец, а по место на живеење Британец, го превзеде првото место од браќата Hindu, чие богатство вреди 13 милијарди фунти. Blavatnik, чии инвестиции се движат од индустријата на метали и нафта до музичка продукција и дигитални медиуми, поседува куќа во Лондон вредна 41 милион фунти, а на Универзитетот во Оксфорд му подарил 75 милиони фунти за да...