Автор: инфодеск
Post Views: 516 На 05/06.03.2022 година од 23 до 04 часот, на подрачјето на Охрид и Кичево, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 15 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-13, Кичево-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Флексибилните телефони на Samsung на пазарот идната година
Post Views: 221 Јужнокорејската компанија Samsung спрема тврдењата на извори блиски на компанијата би требало да претстави два смартфони кои ќе бидат на свиткување и кои би биле спремни за претставување на почетокот на 2017 година. Засега има малку детали, но се шпекулира дека првиот уред ќе биде комбинација на паметен телефон и таблет со 5 инчен екран кој ќе може да се зголеми на дури 8 инчи кога уредот потполно ќе се отвори, а другиот уред ќе биде на расклопување со екран од двете страни. Samsung двата уреди би можел да ги претстави на Mobile World Congress кој се одржува...
Горивата од полноќ поевтинуваат
Post Views: 333 Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 42,50 денари, a Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари. Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата...
Најплатен фудбалер на светот
Post Views: 277 Најплатениот фудбалер на светот не е Кристијано Роналдо а ниту Лајонел Меси, туку Златан Ибрахимовиќ. Резултатите се истражување на фудбалскиот магазин World Soccer. Најголемата ѕвезда на ПСЖ, спрема World Soccer, има годишна плата од 14,6 милиони евра, на второто место е Роналдо (14,4), додека Меси е дури 5-ти со плата од 10,7 милиони евра. Пред Меси се Радамел Фалкао и Тиаго Силва.На Меси сигурно му се врти во глава после објавата на оваа листа. Неговите колеги од Барселона Чави Ернандез и Андрес Иниеста го држат седмото и осмото место по 8 милиони а Нејмар е...
Реакција на Доналд Трамп за масакрот на Флорида
Post Views: 237 Милијардерот Доналд Трамп и кандидат за претседател на САД, кој се залага за забрана на влез на американска територија за сите муслимани, се заблагодарил на Твитер на луѓето кои му честитале дека бил во право за радикалниот исламски тероризам. “Но, не сакам честитки, сакам внимателност и строгост. Мораме да бидеме паметни”, истакнал Трамп. Тој, исто така, ја нападна својата сопарничка од демократската партија, Хилари Клинтон поради нејзините изјави во кои злосторството го нарекла “терористички чин” и рекла дека САД мора да ги “удвои” напорите да ги заштити...
Бројот на блокирани сметки во државава расте
Post Views: 233 Според последните податоци на Народната банка во ноември лани, бројот на блокирани сметки изнесува 247.562, од кои 69.271 се блокирани сметки на правни лица, а 178.231 се блокирани сметки на граѓани.Најчесто блокирањето на сметките е поради неплатени комунални долгови, радиодифузна такса и рати за кредити.. Сега, според законските измени што се во собраниска процедура , извршителот нема веќе да може да блокира сметка без претходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. ...
Искршил Ферари, лажел и на крај уапсен
Post Views: 272 Младиот француз кој го напушти Милан и е на позајмица во Монпеље, продолжува со својот контроверзен начин на живеење и во Франција. 19-годишниот напаѓач,Мбаје Нијанг, недалеку од тренинг центарот на Монпеље, се забил во дрво со своето скапоцено ферари, а потоа избегал од местото на настанот. Истиот ден, полицијата сакала да го испраша што знае за овој случај но Французинот прво негирал дека бил во автомобилот, потоа се спротиставувал на апсењето, и на крај е лишен од слобода. Имено ова не е прв инцидент на „малиот Балотели“. Пред две години во Милано исто така...
Volkswagen ја плаќа цената на скандалот
Post Views: 221 Јапонската Toyota и понатаму е највреден светски бренд во автомобилската индустрија, додека германскиот Volkswagen испадна од листата на 10 водечки компании по скандалот со тестовите за емисија на гасови. Ова го покажува годишниот извештај на компанијата Millward Brown која врз основа на интервјуа со потрошувачите за перцепција на брендовите и анализа на финаниските и бизнис показатели оваа листа ја составува веќе 11 години. Спрема ова истражување, вредноста на брендот Toyota се зголемила за 2%, на 29,5 милијарди долари, додека вредноста на VW брендот паднала...
Највисока просечна плата во регионот за 2015 година има Словенија
Post Views: 246 Највисоката просечна плата за 2015 година во просторите на поранешна Југославија е 1.004 евра која се исплаќала во Словенија, додека најниски примања, само 361 евра земале вработените во Србија.Во Македонија, според последните статистички податоци од октомври, просечната плата изнесувала 365 евра. Просечната плата во Црна Гора, според податоците од ноември изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина била 422 евра, додека во Хрватска изнесувала 747 евра. Просечната плата во Словенија е повисока за 1,49 евра од почетокот на минатата година, а во Хрватска за...
Никој не го сака Пато
Post Views: 300 Со преоѓањето од Коринтијанс во Сао Паоло, Алесандре Пато мислел дека ги решил проблемите, но сепак не е така. Откако стана непожелен меѓу навивачите на Коринтијанс, пред да заигра за новиот клуб се огласија и навивачите на Сао Паоло. Тие протестираа поради неговото доаѓање затоа што претходно играл за градскиот ривал. “Тоа е, очигледно, проблем со кој мораме да се соочиме и да се носиме со него. Секој играч мора да се чувствува добродојден во клубот, а ако не е така тогаш ситуацијата се компликува” рекол тренерот на Сао Паоло Муриси Рамаљо за клупската интернет...
Штрајк на пилотите низ Европа
Post Views: 261 Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC. Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата. “Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила...
Православните христијани го прославуваат Бадник
Post Views: 264 Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање. Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови...