Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со умерена облачност и услови за краткотраен дожд

Post Views: 56 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. UV=7Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Утринска температура до 14 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24-тиот степен.Oд утре тмпературата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме.

Продолжи со читање

претстава Улаф сте

Глувите и наглуви лица од Охрид и Струга гледаа театарска претстава на знаковен јазик

Post Views: 64 Глувите и наглуви лица од Охрид и Струга имаа чест за прв пат да гледаат професионална театарска претстава на знаковен јазик. Станува збор за претставата „Улаф сте“, која  ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Претставата е во продукција на битолскиот АТО Центар за современа уметност и култура.Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за...

Продолжи со читање

Книга Тупаре

Промоција на книгата за пловните објекти и веслањето од Здравко Тупаре

Post Views: 53 Во сабота ( 01. 07. 2023 г.) со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.Здравко Тупаре е познат како хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Rezidencijalen objekt na Ohridsko ezero

Приведен турски државјанин кој неовластено влегол во резиденцијален објект во Охрид

Post Views: 54 На 27.06.2023 година во 12.50 часот во СВР Охрид е приведен К.М.С.(21) државјанин на Република Турција. Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап, информираат од СВР Охрид. На лицето му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка.

Продолжи со читање

paris

Париз во пламен откако полицаец застрела тинејџер

Post Views: 50 Убиството на 17 годишно момче од страна на сообраќаен полицаец во предградие на Париз предизвика нереди, протести и судири со полицијата. Запалени се автомобили и контејнери. Полицијата употреби солзавец и во текот на ноќта уапси 31 лице. Полесно се повредени 24 полицајци, а опожарени се околу 40 автомобили.Тинејџерот со алжирско потекло, кој бил застрелан од полицаец откако не го запрел возилото, починал од прострелни рани во градниот кош. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат двајца полицајци кои се обидуваат да сопрат жолт „мерцедес“. Едниот...

Продолжи со читање

Дописничка од BBC го навлече гневот на Македонците со саркастичен твит за Охрид

Post Views: 48 Дописничка за BBC од Вашингтон, Сузан Кианпур денеска на Twitter објасни дека се заљубила во Охридското езеро откако предходно го навлече гневот на Македонците со саркастичен твит.Таа напиша: „Илон Маск каде е копчето за превод да видам што велат моите нови пријатели од Македонија. Не знам дали се гневни или им е мило што се заљубив во нивната земја по мојата спонтана посета на Охридското езеро. “Новинарката Кианпур вчера на Твитер објави видео од возење по Охридското езеро со кајче , а на постот напиша: „Дефинитивно не доаѓајте на Охридското...

Продолжи со читање

Подмоље

ХОТАМ ќе бара одговорност ако не завршат навреме градежните работи кај Подмоље

Post Views: 52 ХОТАМ ќе бара одговорност доколку до 10 јули не завршат градежните зафати на патот кај Подмоље. Од хотелската асоцијација велат туристичкиот сектор трпи огромни штети од  затворањето на влезот кон Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат во ек на летна сезона и воопшто од лошата патна инфраструктура на брегот на Охридското Езеро.Најкритична е делницата, која го поврзува Охридскиот аеродром со двата туристички центри, но и автопатот Охрид – Кичево кој веќе осум години е во изградба.„Ако тоа не се направи следува некаква одговорност, ќе...

Продолжи со читање

Курбан Бајрам Честитка

Пецаков: Курбан Бајрам нè потсетува на вековната традиција на соживот

Post Views: 72 По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков до своите сограѓани од исламска вероисповед упати честитка со желби за добро здравје, љубов и благосостојба во домовите.„Меѓусебното почитување без разлика на верската, етничката или која и да било друга припадност отсекогаш го краселе ова општество и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно. Курбан Бајрам нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот. Ние како локална власт и понатаму посветено ќе...

Продолжи со читање