Skip to main content

Автор: инфодеск

Почетокот на Еуро2016 Франција го дочекува во потполн хаос

Post Views: 237 Штрајкот на синдикатите, поради измените во законите за работниците, предизвикува големи проблеми во Марсеј и Париз каде денес се игра првиот натпревар на Европското првенство во фудбал. Железницата одлучи штрајкот да го засили, вклучувајќи и линии од метрото кое вози до стадионот Stade de France на кој денес ќе се игра натпреварот помеѓу Франција и Романија кој го отвора Еуро2016. Фудбалските фанови пристигнуваат во Париз и се соочуваат со смрдеата од контејнерите кои со денови не се испразнети поради штрајкот. На улиците од главниот град на Франција има 3.000...

Продолжи со читање

Денес е Свети Наум – исцелител и просветител

Post Views: 256 Денес православните христијани го слават Свети Наум, познат како исцелител и просветител на македонскиот народ. Денес именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…Свети Наум заедно со Свети Климент го проповедале Светото Евангелие, ги просветиле словенските народи со благата Евангелска наука. Поминале низ многу места во Девол, Панонија, се до Илирик. Потоа дошле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент бил Епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Со време во манастирот настанало големо братство на монаси, на кој...

Продолжи со читање

На пазарот тотална доминација на Facebook

Post Views: 256 Резултатите од истражувањето на компанијата Nomura Research покажале дека мнозинството на корисници на паметни телефони користат само неколку апликации и околу 80% од времето трошат само на три апликации, а тие три се најчесто во сопственост на Facebook.  Информациите за превземање на апликации на iPhone и Android од минатиот месец покажале дека повеќе од 60% му припаѓаат токму на компанијата на Zuckerberg која на оваа листа доминира благодарение на апликациите на Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram. Во истражувањето се заклучува дека корисниците...

Продолжи со читање

Укината забраната за камиони на планинските превои

Post Views: 245 Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Продолжи со читање

Афера која може да го растресе Реал Мадрид

Post Views: 290   И на последниот натпревар на Реал Мадрид во првото полуфинале од купот на Шпанија против градскиот ривал Атлетико, не остана неприметено отсуството од екипата на Герет Бејл. Ова беше доволно да се крене лавина од шпекулации. Откако е дојден во Реал често се случуваат чудни работи со мистериозни повреди на Велшанецот. Во Реал истакнуваат дека се работи само за мали проблеми, ама Бејл никако да направи континуитет во играње. Се поставува логично прашање: ако нема проблеми, зошто Бејл толку изостанува?. Некои се сомневаат дека Мадриѓаните купиле „роба со грешка„....

Продолжи со читање

Русите претставија нов патнички авион

Post Views: 261 Новиот руски патнички авион од среден домет кој е претстваен во Сибир, спрема пишувањата на државните медиуми, би требало да биде конкурентен на најголемите светски производители Boing и Airbus, а во многу работи и подобар, па така ќе се најде во руската флота, но и во странски компании, објави Reuters. На свеченото претставување на авионот МС-21 присуствувал и рускиот премиер Дмитриј Медведев кој изјавил: “Потполно сум уверен дека овој авион ќе биде гордост на цивилното воздухопловство и дека нашите граѓани, како и странците, ќе уживаат летајќи со МС-21”. ...

Продолжи со читање

“Brexit” во водство, пазарот во опаѓање

Post Views: 208 Додека поддржувачите за излез на Велика Британија од Европската унија се во водство, продавачите и изнајмувачите на деловни простори во договорите почнале да ставаат т.н. Brexit клаузула за да, колку толку, го оживеат мртвиот пазар. Поддршката на Британците за излез од ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни, се зголеми, покажаа резултатите од анкетите кои ги спроведоа TNS и YouGov за телевизиската мрежа ITV. Спрема YouGov, од 3945 анкетирани 45% го поддржуваат Brexit додека 41% се за останување во ЕУ, а 11% од анкетираните биле неодлучни. Анкетата на TNS...

Продолжи со читање

Времен прекин на сообраќајот на правецот Кичево-Охрид

Post Views: 282 АМСМ информира дека денеска ќе се врши минирање меѓу 12:30 и 14:30 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, па сообраќајот околу 15 минути во ќе биде во прекин кај планинскиот премин Пресека – село Врбјани.

Продолжи со читање

Експлозија во Истанбул, има загинати и повредени

Post Views: 243 Единаесет лица загинаа, а повеќемина се ранети во бомбашки напад во центарот на Истанбул, јавуваат турските медиуми.Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж, во центарот на Истанбул во близина на автобуска станица во областа Везнечилер.Мета на нападот бил полициски автобус, а голем број возила на итна медицинска помош се упатиле кон местото на експлозијата.Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а неодамнешните напади во Турција ги изведоа припадници на Исламска држава, курдски екстремисти, како и припадници на...

Продолжи со читање

Гвардиола не го сака Манџукиќ

Post Views: 251 Доколку може да се верува на пишувањата на The Sun, менаџерот на Челзи,Хозе Мурињо, е одлучен во намерата да ова лето го доведе во редовите на својот тим Марио Манџукиќ. Минатото лето Мурињо долго време пробуваше да го реализира трансферот на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, но тоа не му успеа и се сомнева дека тоа ќе го направат и следното лето. Не е Челзи единствениот тим кој е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и Арсенал и италијанскиот првак Јувентус. Бидејќи Баерн веќе договори трансфер на напаѓачот Роберт...

Продолжи со читање

Швајцарците не сакаат 2.200 евра месечно без работа

Post Views: 309 Со иницијативата која се гласаше на референдум вчера, Швајцарија предлагаше воведување на минимален месечен личен доход од 2.500 швајцарски франци по лице, без разлика дали лицето работи или не, односно 625 франци по дете помладо од 18 години. Конечните резултати од референдумот покажаа дека предлогот е отфрлен и 76,9% од бирачите рекле НЕ за овој контроверзен план, а излезноста била 46%. Меѓутоа, идејата за пари без работа спрема Швајцарците не е праведна. “Швајцарците во неделата беа реалисти”, рекол политикологот Андреас Ладнер за мрежата RTS од...

Продолжи со читање

Фатен терорист со стотици килограми експлозив, целта била Еуро2016 во Франција?

Post Views: 269 Неименуван француски државјанин е фатен на полско-украинската граница бидејќи превезувал стотици килограми експлозив, детонатори, три фрлачи на гранати и неколку калашникови. Намерата му била сето тоа да го прокриумчари во Франција, па од тие причини се сомневаат дека оружјето би требало да биде употребено за време на скорешното Европско првенство во фудбал, пренесува станицата М6. Мажот (25) е фатен уште на 21 мај, меѓутоа тој податок сега дојде до јавноста бидејќи граничната служба веднаш го предала во рацете на украинската тајна полиција. Порталот...

Продолжи со читање