Автор: инфодеск
Post Views: 57 Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека државата ќе помогне во лекувањето на маж чија ќерка започнала кампања за собирање пари за неговото лекување со продажба на крофни.„Имаме пари, ќе помогнеме. За тој случај дознав синоќа, човекот не ни се обрати за помош, но денеска ќе му биде разгледана документацијата. Жал ми е што претходно не контактирал со државните институции. Секако дека ќе помогнеме.“ – изјави Мали како гостин во Утринската програма на ТВ Пинк.red za krofne preslatke devojčice koja ih prodaje i skuplja...
Се распаѓаат угостителски објекти на плажите на Преспанско Езеро
Post Views: 102 Се распаѓаат угостителските објекти, изградени во 2016 година на плажите на Преспанско Езеро. На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите објекти денес зјаат празни и руинирани. Жителите велат пред десеттина години во туристичките села на брегот на Преспа имало над 5000 туристи за викенд, а причина биле убаво уредените плажи.„Имавме два и пол киломтри уредена и чиста плажа. Од тие 2,5 км во Стење денес нема ни 100 метри уредена плажа. Нити општината не презела досега никакви активности , една година ние самите селани презедовме...
Италија го бара туристот кој си го напиша името на Колосеумот
Post Views: 68 Министрите за култура и туризам на Италија ветија дека ќе пронајдат и казнат туристот кој бил снимен како го издлабува своето име и името на неговата девојка на ѕидот на римскиот Колосеум, што е прекршок казнив со парична казна во Италија.Видеото од инцидентот стана вирално на социјалните мрежи. Пораката „Иван+Хајли 23“ осамна на Колосеумот во време кога локалното население веќе се жали на однесувањето на туристите кои оваа сезона во рекорден број го преплавуваат Вечниот град.Министерот за култура Џенаро Сандуљано го нарече ова сквернавење на...
Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам
Post Views: 54 Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам...
Во Охрид сончево и топло
Post Views: 45 Денеска во Македонија сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 28 степени.Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има...
Фудбалерка на Замбија ќе игра на Светското првенство за жени откако и утврдуваа пол
Post Views: 34 Фудбалерката од Замбија, Барбара Барби Банда ќе добие дозвола да го предводи националниот тим на претстојното Светско фудбалско првенство за жени, по проблемите што ги имаше со властите при одредувањето на полот.23-годишната Банда која беше исклучена од минатогодишното африканско првенство, мораше да направи тест за утврдување на полот.Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека најдобрата фудбалерка на Замбија може да игра на претстојното Светско првенство. ФИФА никогаш не се сомневаше дека Банда е женско, изјавија оттаму. Африканските и...
Донесена одлука за стратегиска оцена за планскиот документ Стратегија за развој на зеленило
Post Views: 46 Oпштина Охрид донесе одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Стратегија за развој на зеленило.За планскиот документ Стратегија за развој на зеленило на Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за развој на зеленило на Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина...
Започна поставувањето на завршниот слој асфалт на улицата “Марко Цепенков”
Post Views: 44 Започна асфалтирањето на улицата “Марко Цепенков” со завршниот слој асфалт.Асфалт се поставува во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини.Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик.Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари, од кои 5 000 000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид.







