Автор: инфодеск
Post Views: 227 Словенечкиот државен холдинг SDH кој управува со портфолиото на државниот имот, објави дека обидите за приватизација на фабриката Paloma низ докапитализација продолжуваат со јавно наддавање, откако полскиот фонд Abris Capital поради доцнење во реализацијата на договорот се откажа од вложување во таа компанија која е во доминантна државна сопственост. Фабриката за тоалетна хартија од Сладки Врх, во близина на Марибор, е со традиција од 140 години, има 700 вработени и се наоѓа во предстечајна постапка поради застарена опрема и висок долг спрема банките, па затоа...
Тешка несреќа во Сочи
Post Views: 237 Торстен Хоргмо, 26-годишниот сноубордер, тешко настрада после падот на тренингот на патеката Роза Хутор на Краснаја Полјана. Слетал на глава и рамо и итно е пренесен во болница, а има сомнение дека се работи за прелом на клучната коска. Сноубордерите последниве денови се жалат дека олимписката патека е необично опасна и на крај тоа на своја кожа го осети Хоргмо кој најверојатно остана без шанси за освојување на медал. Квалификациите во сноуборд почнуваат во четврток, ден пред службеното отворање на Олимписките игри.
Познатите музеи во Париз се евакуираат
Post Views: 257 Во големите париски музеи сместени на двете страни од реката се води трка со времето за да се евакуираат збирките на уметнички дела кои се собираат со години. Лувр ќе остане затворен за превентивно евакуирање на делата кои се чуваат во складовите. Во Париз Сена достигна 5,37 метри на референтната скала и би требало својот максимум да го достигне денес со ниво од 5,9 метри, известија властите. Тоа ниво сепак останува далеку од оние 8,62 метри за време на поплавата од 1910 година која е референтна точка за Парижаните. Брегот е поплавен на неколку места така што...
Поплавите во Германија однесоа четири жртви
Post Views: 231 Поплавите во јужна Германија вчера однесоа и четири жртви, а стотици ученици поради блокирани патишта останале во училиштата за врме на ноќта, објавија германските власти. Телата на три лица се пронајдени во потопена куќа во градот Симбау ам Ин, додека четвртата жртва е пронајдена во потокот во градот Јулбах, објави полицијата. Поради обилни врнежи кои паднаа во краток период се поплавени улиците на многу градови на југот од Германија, а водата достигнува и до еден метар.Автомобили, дрва и мебел плутаат наокулу, а многу куќи се отсечени со водата па...
20.000 деца се заложници и жив штит на исламистите
Post Views: 254 Ирачките сили во понеделникот започнаа голема операција за завземање на градот Фалуџа, 50 километри западно од Багдад, градот кој е под контрола на Исламската држава. Се очекува дека ирачката војска наскоро ќе влезе во градот кој го држат помеѓу 500 и 1000 борци на Исламската држава. Во градот се заробени уште околу 50.000 цивили од кои 20.000 се деца, јавува CNN. Џихадистите им забрануваат на жителите да побегнат, a одредот на смртта на Исламската држава имаат задача да го убијат секој кој се обидува да избега или ако истакне бело знаме во знак на...
Паника на Олд Трафорд
Post Views: 276 Менаџерот на Манчестер Јунајтед веќе го доби прекарот „Волкот од ВолСтрит„ кој бил експерт за рушење на вредноста на акциите, односно експерт за измама на клиентите кои за големи провизии продавал безвредни акции, а букмејкерите на една голема обложувалница го почастија Мојс со тој прекар бидејќи акциите на клубот од Олд Трафорд потонаа на њујоршката берза за околу 250 милиони во последните шест месеци. Драстичен пад на акциите се поклопува со доаѓањето на Дејвид Мојс и заминувањето на Алекс Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед. Под водство на Мојс, црвените...
Нема договор со Google, а под лупа и други компании
Post Views: 283 Франција ќе се погрижи мултинационалните компании кои работат на нејзина територија да ги подмират даночните обврски, порачал министерот за финансии на Франција Мишел Сапин, наговестувајќи нови истраги по оние кои се спроведени за Google и McDonalds. “Ќе одиме до крај. Можни се и нови случаеви”, рекол Сапин во интервју за Reuters и три европски весници, исклучувајќи ја можноста за договор со Google. “Ние не склучуваме договори како Велика Британија, ние постапуваме во склад со законите”, одговорил францускиот министер на прашањето дали е можна спогодба со...
Сочи под опсада
Post Views: 328 Во елитното црноморско летувалиште пристигнуваат спортистите, допатува и претседателот на Меѓународниот олимписки одбор а олимпискиот факел се искачи на највисокиот врв на Европа. И додека го носат олимпискиот факел по највисоките врвови во Европа, во Сочи се е спремно за почетокот на најскапите олимписки игри во историјата. Прв допатува претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кој беше и повеќе од задоволен од виденото. Посебно внимание е обрнато на безбедноста. „Имаме потполна доверба во руските власти. Со нив сме цело време во контакт и...
Стејт департмент предупредува за можни терористички напади
Post Views: 243 Стејт департментот ги предупредува американските граѓани дека летово се можни териористички напади во Европа, а цели би можеле да бидат туристичките објекти.Предпредувањето за опасноста при патувањето во Европа се однесува за периодот до 31 август. Стејт департментот предупредува дека цел на терористички напади би можело да биде и Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, како и манифестацијата Светски денови на католичката младина што ќе се одржи во Полска од 26 до 31 јули.
Microsoft и Facebook ги поврзуваат Америка и Европа со нови кабли
Post Views: 227 Експанзијата на интернетот, сѐ поголемите брзини на пристап, сѐ покомплексните услуги и сѐ поголемиот број на корисници се параметрите кои секогаш мора да се решаваат одново. Многумина се уверени дека порано или подоцна се заканува “гушење” на пристапот на интернет, што би било рамно на катастрофа за многу компании и стопанства. Еден од темелите на модерниот интернет се таканаречените транс-атлантски кабли кои поврзуваат пристапни точки и центри за податоци во северна Европа со оние во САД. Длабоко под површината на Атлантскиот океан всушност се наоѓа клучот на...
Застава дефинитивно заминува во историјата
Post Views: 307 Групацијата Застава која по декопонирањето на некогашниот најголем индустриски комплекс на Балканот, Групацијата Застава, е сведена на производство на патнички, специјални, земјоделски и приклучни возила, дефинитивно заминува во историјата, пишува Danas. Имено, во Групацијата Застава возила започна реализацијата на последниот социјален програм за кои се изјасниле 92 од вкупно 112 вработени во Холдингот, Резервни делови и Хортикултура, на компанијата од Крагуевац. Гордана Симов, претседател на синдикатот, вели дека реализацијата на социјалната програма е...
Безбедност на интернет без лозинки
Post Views: 273 Бројни технолошки компании веќе долго време се обидуваат да најдат решение за лозинките кои на корисниците ќе им овозможат поедноставна, но и побезбедна пријава на бројни сервиси како што се електронската пошта, социјалните мрежи, банкарски апликации и слично. Впишувањето на класичната лозинка може да биде рискантно бидејќи луѓето често користат едноставни зборови кои лесно се помнат (и лесно се пробиваат) и истите ги користат на бројни сервиси, што ја зголемува можноста за пробивање во сметките, додека двократната аутентификација на многумина им е напорна...