Автор: инфодеск
Post Views: 14 Од вечерва на полноќ нови цени на горивата. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на „еуродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 2,00 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,888 денар/кг. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.Од 17.03.2023 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „еуросупер БС-95“ 81,50 (денар/литар)Моторен бензин „еуросупер БС-98“ – 85,50 (денари/литар)...
Усвоена Завршната сметка на буџетот на Општина Дебрца за 2022 година
Post Views: 14 На осумнаесеттата седница, која се одржа вчера, советот на Општина Дебрца ја усвои Завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %. Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.На вчерашната седница советот ги донесе Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на...
Охрид се сеќава на д-р Елена Каваева
Post Views: 42 На денешен ден се одбележува јубилејот 130 години од раѓањето на д-р Елена Каваева, основоположник на охридското и македонското здравство.Пред нејзиното вечно почивалиште во знак на почит и сеќавање делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Перчо Божиновски и делегација на Здружението на лекари од Охрид положија свежо цвеќе.Пред одржувањето на овој јубилеј, во чест на д-р Елена Каваева, ЈП „Градски гробишта“ изврши санација на спомен плочата и уредување на нејзиното вечно почивалиште.
Ранг листа за граѓански организации по втор јавен повик
Post Views: 14 Општина Охрид ги објави резултатите од евалуацијата на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD2, проектот кој беше отворен од 04.11.2022 до 02.12.2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Работилница за кариерно советување утре во Младински центар
Post Views: 18 „Мојот кариерен избор“, работилница за кариерно советување утре во Младински Центар Охрид со почеток од 18:00 часот.Современите карактеристики на работата ни поставуваат одредени барања, создавајќи нови потреби во врска со нашиот професионален и личен развој, а оттука произлегува и неопходноста од развивање на компетенциите за управување со сопствената кариера. Ако пред вас е дилемата што после завршување на средното образование и се чувствувате неодлучни, дојдете и дознајте: Зошто велат дека „Успехот е патување, а не дестинација”, Што е кариерно...
Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во Нефрологија Струга
Post Views: 14 Специјализираната болница за нефрологија Струга, утре ќе спроведе бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.Скринингот ќе се врши од 09:00 до 11:00 часот во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел на болницата. Со бесплатниот скрининг ќе биде опфатено мерење крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина. Бесплатниот скринининг е во знак на одбележување на месец март како месец на бубрегот.На 9-ти март се одбележа светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите – да се подготвиме за...
Издавањето на Охридското езеро под концесија се коси со препораките на УНЕСКО
Post Views: 12 Струшката фирма „Еко свест” ја доби концесијата за стопански риболов на Охридското Езеро. Експертите велат доделување на концесија за риболов е контрадикторна одлука и се коси со Стратешкиот план за рехабилитација на Охридскиот регион, кој го изработија македонската и албанската влада. Во него јасно стои дека има забрана за риблов на ендемичните видови риби, кои со години се на работ на исчезнување.На четириесеттата страна на овој документ јасно стои дека треба да има целосна забрана за риболов на Охридското Езеро до моментот кога ние ќе имаме податоци...
150 студенти на предавање за просторот на Касарна Охрид
Post Views: 40 Прашањето за просторот на Касарна Охрид, кое беше отворено на настанот „Разговори за Касарна” во септември, останува отворено овој пат на Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАЦС Скопје.Ќе биде истражувано од различни аспекти и на различни предмети овој семестар. За таа цел Архид Колектив организира воведно предавање и ќе биде домаќин на дводневна посета на 150 студенти кои ке ја обработуваат темата – информираат од Архид Колектив.Предавањето ќе се одржи во четврток на 16-ти март во просториите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и посета на...