Автор: инфодеск
Post Views: 52 Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот Закон ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол. Сепак за овошјето и зеленчукот, и во маркетите и на пазарите, сè уште се користат пластичните ќеси.
СДСМ Охрид прашува за што граѓаните му плаќаат на ЈП „Градски гробишта“
Post Views: 54 Кога оние кои треба да бидат во служба на народот и на граѓанинот почнуваат да си поигруваат со човековото достоинство, тогаш е дојдено сериозно време да се замисли човек : кому ли охриѓани му поклонаа доверба во октомври 2021 година ? – прашуваат од општинската организација на СДСМ Охрид. Оттаму, преку соопштение до медиумите повторно упатуваат критики на адреса на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, овој пат за работењето на ЈП „Градски гробишта“.„Покрај тоа што народот плаќа поскапи комуналии, поскапи услуги од ѓубретарина – а живееме во...
Нова демократија на Мицотакис победи на изборите во Грција
Post Views: 51 Нова демократија убедливо победи на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат првичните официјални резултати. Гласачите му дадоа уште еден мандат на премиерот Кирјакос Мицотакис.Се очекува Нова демократија да има 157 или 158 пратенички места во 300-члениот парламент. Според преброени скоро 90 отсто од гласачките места во земјата, централно-десничарската Нова демократија на Мицотакис освои над 40 проценти од гласовите, а главниот ривал, крајно левичарската Сириза претрпе голем пораз, освојувајќи само нешто над 18 отсто, што е уште помалку од...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 39 Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=7Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер. Утринската температура до 15 , а максималната до 26 степени.Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Кучето Моли кандидат за „градоначалник“ на Торонто
Post Views: 45 Граѓаните на Торонто наскоро ќе одлучуваат кој ќе биде следниот градоначалник откако скандалот за вонбрачната врска го принуди Џон Тори да ја напушти функцијата.Има повеќе од сто кандидати, а меѓу нив е – едно куче по име Моли. Шестгодишната женка од расата сибирска хаски и нејзиниот сопственик Тоби Хепс се залагаат за запирање на прекумерната употреба на сол на патиштата во текот на зимата. Прекумерната употреба на сол на патот во текот на зимата, вели Хипс, може да ги повреди шепите на кучињата како Моли.Неговата кампања, исто така, предлага да...
Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури во Дебрца
Post Views: 49 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден 24 Јуни 2023 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај...
Се одржа Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер”
Post Views: 91 Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” – 2023 г. се одржа вчера во манастирот ,,Свети Кузман и Дамјан” во село Опеница, Охрид.„Осмата меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е симбол за творечкиот напор и ангажираноста на поетските души, но и обврска за континуитет во поетската и културна ризница на Охрид. Поезијата е незамислива без поетите, но и без читателите. Читателот најсилно се чувствува преку интересот за поетската творба на авторот. Песната вистински живее само тогаш кога има и додека има читатели....
Бунтот на Вагнер заврши, настрада имиџот на Путин
Post Views: 46 Во Русија заврши еднодневниот бунт на платениците од „Вагнер“.Евгениј Пригожин, водачот на платеничката група Вагнер, со своите војници го напушти јужниот руски град Ростов на Дон. Заминувањето на групата уследи по договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко според кој Пригожин и неговите војници платеници ќе избегнат гонење, а Пригожин ќе замине во егзил во Белорусија.Вчера додека паравојската беше далеку во Ростов, во Москва се вршеа евакуции на објекти , по улиците излегоа оклопни возила, па дури имаше...







