Skip to main content

Автор: инфодеск

Ново покачување на пензиите

Post Views: 8 Пензиите за март, кои на пензионерите ќе им бидат исплатени на крајот од месецов, ќе се зголемат за 8,4 отсто, со што просечната пензија би достигнала 19 150 денари, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).Усогласувањето на мартовската пензија е согласно владината одлука од минатата година, според која, пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно – во март и во септември секоја година.Од МТСП велат дека во пресметката на процентот на усогласување на пензиите се зема предвид индексот на трошоците на живот во претходното...

Продолжи со читање

Ќе се реконструира ул. Шопев Мост во Вевчани

Post Views: 11 Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Шопев Мост“ до Здравствен дом во Вевчани.Се молат сите кои имаат потреба од вклучување на водоводна и канализациона мрежа, истото да го направат во текот на извршувањето на земјените работи, односно пред асфалтирањето – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

Денеска е Летник

Post Views: 19 Летник се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината.Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо...

Продолжи со читање

Преподобна Евдокија

Се празнува Преподобната маченичка Евдокија

Post Views: 14 Живееше во феникискиот град Илиопол во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Од развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи.Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до...

Продолжи со читање

Акција за чистење дива депонија кај Горна Порта

Post Views: 16 По налог на локалната самоуправа екипите на ЈП „Охридски Комуналец” спроведуваат акција за расчистување на мапирана дива депонија во шумскиот дел од Охридското Кале, под Горна Порта, над населба Кошишта.Се подигнува расфрлана покуќнина, градежни материјали и друг кабаст отпад, од кој несовесни граѓани на овој начин се ослободиле во срцето на Охридското Кале. Поради тешката пристапност на теренот чистењето ќе се реализира повеќе денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Денеска сончево и топло, од утре заладување

Post Views: 21 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и дневна температура до 16 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 15, Дојран 18.Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините и на повисоките места...

Продолжи со читање

Крводарителска акција во ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид

Post Views: 17 Во среда на 15-ти март од 12 до 16 часот во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, по повод Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, Унијата на жени, Општинскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Охрид организираат крводарителска акција.Хуманоста на дело, да се спаси живот е најголемата доброта – велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Продолжи со читање

Златната соба најинтересна за посетителите

Post Views: 58 Златната маска и приказните за Златната соба се уште најинтересни и најпривлечни за туристите кои доаѓаат да го посетат Музејот Куќата на Робевци. После две годишен значителен пад на посетеноста поради пандемијата од Ковид-19, се чини дека работите конечно се движат во вистинска насока. Но, мал е бројот на домашните посетители.„Околу 80% од посетителите на музејот се странски посетители, 20% се домашни македонски посетители, што можеби е еден поразителен податок. Но, со оглед на економската и целокупната ситуација во државата веќе подолг период, можеби и се...

Продолжи со читање