Автор: инфодеск
Post Views: 218 Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија покажало дека сѐ поголем број на луѓе за време на возењето автомобил користат телефони, при што најмногу ги прегледуваат новините на Facebook и другите социјални мрежи. Од британското министерство за сообраќај тогаш предупредија дека луѓето поради користење на Facebook за време на возењето можат некого да убијат бидејќи не се сконцентрирани на возењето. Токму користењето на телефон и Facebook е најголема причина за големата трагедија која се случила во Висконсин кон крајот на 2013 година. Една 34 годишна жена...
Случајно легализирање на бројни видови дроги во Ирска
Post Views: 309 Дупката во законот за легално користење на поедини дроги во Ирска се створила кога Ирскиот уставен суд во вторникот го прогласи законот за злоупотреби на дрога од 1977 година за неуставен, бидејќи домовите од ирскиот парламент не се договориле околу новите дополнувања на законот, што значи дека дрогите кои законот од 1977 година ги забранил, сега се легални, јавува BBC. Ирскиот министер за здравство се обидува да ја спаси оваа ситуација барајќи итно да се изгласаат доплнувањата на законот за повторно истиот да стапи на сила. “Сега е важно за јавното здравство и...
Објавени цените на Apple Watch
Post Views: 256 На штотуку завршената конференција за новинари, Apple конечно ги објави цените на паметниот часовник кои се движат од 349 долари за женската, односно помалата верзија па сѐ до 10.000 долари за златната 24 каратна верзија. За оние кои се одлучиле да го купат Apple Watch нема премногу изненадувања, па така најевтината женска верзија т.н. Apple Sport ќе чини 349 долари, додека за мажите, односно 42мм верзија ќе чини 399 долари. Додатно можат да се купат ремчиња чии цени ќе можат да се најдат наскоро на официјалната страница. Од друга страна постои и “обична” Apple...
Пронашол грутка злато од 2,7 килограми
Post Views: 221 Mick Brown го пребарувал теренот со детектор на метал околу Wedderburn во Victoria кога пред неколку дена наишол на “бинго”. Пишува весникот Age. Се проценува дека грутката вреди 135.000 австралиски долари. Brown за медиумите рекол дека помислил дека нашол парче бакар кога детекторот почнал да алармира. Тој изјавил дека грутката ќе ја продаде на приватен колекционер, ќе ги плати долговите и дека остатокот од парите ќе ги потроши на фамилијата. Wedderburn е сместен во таканаречениот златен триаголник на државата Victoria кој бил средиште на златната треска во...
Во судир на хеликоптери загинаа спортски ѕвезди
Post Views: 228 Осум француски државјани, вклучувајќи ги и славната едриличарка Florence Arthaud, олимпијската пливачка Camille Muffat и боксерот Alexis Vastine, се наоѓаат меѓу десетте загинати лица кога во Аргентина за време на снимање на реално шоу се судрија два хеликоптери. До несреќата дошло во западната провинција La Rioja, во близина на планинскиот венец Анди, соопштиле локалните власти, додавајќи дека причината за несреќата на двете летала засега не е позната. Меѓу загинатите се и неколку членови на продукциската куќа ALP TV кои учествувале во снимањето на...
Deutsche Bank и Barclays под истрага
Post Views: 246 Британската канцеларија за истрага за измами ги повика трговците на британската банка Barclays и германскиот џин Deutsche Bank на разговори во врска со истрагата со која треба да се утврди дали имало манипулации со референтната каматна стапка euribor, извести Financial Times, повикувајќи се на извори поврзани со истрагата. Британскиот регулатор истражува дали трговците манипулирале со меѓубанкарската референтна каматна стапка еuribor за отстварување на лична корист, а ги истражуваат и трговците на некои други банки, објави угледниот лондонски финансиски дневник,...
Внимателно при купување на телефони од Кина
Post Views: 248 На пазарот на паметни телефони сѐ популарни се кинеските компании чии телефони се многу поевтини во однос на познатите компании како што се Samsung, Apple и Sony, а имаат одличен хардвер со кој можат да бидат конкурентни со споменатите компании. Безбедносната компанија Bluebox неодамна тестирала еден од нив (станува збор за Xiaomi Mi4) и непријатно се изненадиле со тоа што го пронашле внатре. Имено, телефонот кои го имале на тестирање имал неколку прединсталациони малициозни апликации, вклучувајќи го и adware кој бил прикриен како легитимна апликација на Google,...
Направете разлика помеѓу интегрален и обоен леб
Post Views: 272 Црниот и р’жениот леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје и водат сметка за правилна исхрана. Таквиот леб би требало да се призведува во поголем дел од цело пченично или р’жано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи. Тајната на црниот леб е неговото богатство од влакна, витамини В и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Тој и во мали количини дава чувство на ситост па затоа се препорачува како предјадење за отфрлање на нервозата поради глад. Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот...
Атрактивни и славни жени кои ги сменија правилата на игра
Post Views: 216 Го славиме денот на жената и да не заборавиме дека бројни славни дами имаат големо влијание на жените ширум светот, но не зборуваме само за трендот и она што го носи црвениот килим. Овие ѕвезди покажале дека се повеќе од убави, а своите недостатоци ги претвориле во предност и го освоиле светот. Од нив може само да се учи. –Oprah Winfrey – Не треба посебно да се нагласува дека е едно од најпознатите лица во јавниот живот. Има 60 години и зад себе завидна кариера во медиумите, но и влијание над луѓето ширум светот. И минатата година се најде на листата на...
“Ова е напад на човештвото во целина”
Post Views: 224 Генералниот секретар на Обединетите нации, Ban Ki-moon остро го осуди разорувањето на стариот антички град Nimrud кој беше уништен од страна на злогласната терористичка организација Исламска држава на северот од Ирак, квалификувајќи го тој чин како “воено злосторство”. Тој побара од верските и политички лидери да го “подигнат гласот” за да ги осудат овие неприфатливи атаци. “Намерното уништување на нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и напад на човештвото во целина”, рекол во соопштението генералниот секретар на Обединетите нации....
Поранешната ѕвезда на Барселона под закана од 10 години затвор
Post Views: 301 Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето, е најновото име кое се споменува во даночниот скандал во Шпанија. Имено, камерунскиот напаѓач е обвинет дека го измамил даночниот систем на Шпанија за 3,5 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година. Шпанскиот El Pais пренесува дека државниот обвинител за 35 годишниот фудбалер, кој моментално игра во турскиот Анталијаспор, бара затворска казна од 10 години. Исто така, се наведува дека еден од предлозите е дека Ето би можел да плати казна од 14 милиони евра кој се однесува на четири различни точки од затајување...
Уапсени две лица осомничени за убиството на Борис Немцов
Post Views: 218 Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков. Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек. Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка. Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици до...