Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево време со температура до 30 степени

Post Views: 45 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Продолжи со читање

Ана Каренина балет постер

Националната опера и балет најавува двојна изведба на балетот „Ана Каренина“

Post Views: 44 Националната опера и балет Ви најавува двојна изведба на ремек-делото „АНА КАРЕНИНА“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на 23 и 26 јуни 2023 со почеток во 20.00 ч.Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.Во повеќе од два...

Продолжи со читање

Д-р Марјан Шокаровски назначен за директор на државна кардиохирургија

Post Views: 204 Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.Охридскиот кардиохирург Шокаровски во 2020 та година беше дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на срце во историјата на македонското здравство.Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е...

Продолжи со читање

edrenje

Промотивна тура со едрење за туристички агенции

Post Views: 67 Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови, а со поддршка на ИМЕ Increasing Market Employability – IME, организира промотивна двочасовна тура со едрење за туристички агенции, заинтересирани за соработка и вклучување на едрењето во својата понуда.„Ве покануваме во сабота (24.06) во 10.00 часот на градското пристаниште да ни се придружите на оваа промотивна тура и подетално да се запознаете со понудата и нашата визија за иден развој на наутичкиот туризам, како носител на развојот на туризмот, економскиот развој на...

Продолжи со читање

Талентирани ученици

Наградени ученици и ментори од основните и средните училишта во општина Охрид

Post Views: 42 Градоначалникот на општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во општина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење.Со оваа активност општина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици.Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на  учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општина Охрид. Учебната година завршува со промоција на најуспешните,...

Продолжи со читање

Акција кабаст отпад

Акција за собирање на кабаст отпад во петок во Пештани, а во сабота во Косел

Post Views: 56 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.06.2023 и 24.06.2023 год.(петок и сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од с.Пештани и с.Косел ( с. Пештани на 23.06.2023 год.(петок), а од с. Косел на 24.06.2023 год. сабота)Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.06.2023, односно 24.06.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој...

Продолжи со читање

vevcanski viduvanja

Вевчани домаќин и инспирација на светските сликари

Post Views: 59 Живописното Вевчани и годинава ќе биде домаќин и инспирација за врвните светски уметници.Се е подготвено за дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања”. Оваа година на Колонијата свое учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.И годинава како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност...

Продолжи со читање

vinski festival

Финални подготовки за вечерашното отворање на Ohrid Wine Festival 2023

Post Views: 70 Вечерва започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“.Охриѓани и гостите ќе може да уживаат во тридневната дегустација на македонските вина и вкусна храна, дополнети со богата музичка програма во изведба на македонски музички уметници. Вечерва бината е резервирана за бендот Баклава, добро прочуениот Миле Кузманоски и Дарио и неговите безвременски хитови, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен диџејот РутБој.Годинава, своите вина ќе имаат можност да ги презентираат повеќе од 20 винарии од големите вински брендови и компании, како...

Продолжи со читање