Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Post Views: 192 Македонија денес одбележува 84 години од почетокот на антифашистичкото востание. Празникот 11 октомври е Ден на народното востание.11 Октомври е празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. Настанот од 11 oктомври 1941...

Продолжи со читање

Во недела ќе се одбележат 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид

Post Views: 187 Од Дебарско-кичевска епархија Охрид по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, во недела на 12.10.2025 г. во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.Од епархијата информираат дека покрај локалните...

Продолжи со читање

Настан за подигнување на свеста за менталното здравје денес во Младински Центар Охрид

Post Views: 115 По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври, Младински Центар Охрид денес организира настан-дискусија посветен на менталното здравје на тема „Пристап до услуги – Ментално здравје при катастрофи и вонредни состојби“.-Оваа година, фокусот е на обезбедување на поддршка за лица погодени од конфликти, катастрофи, раселување и други кризни ситуации, како и за хуманитарните работници во теренски услови, информираат организаторите. Во нивното соопштение додаваат дека на настанот ќе говорат лиценцираните психолози Кети Маркоска и Сања Наковска....

Продолжи со читање

Охрид свечено го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание

Post Views: 122 Со свечена седница Општина Охрид ги започна чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Седницата започна со видео запис со историјата на Охрид за време на Втората-светска војна и за борците од охридско кои ги положија животите за ослободување, а продолжи со изведба на химната на Република Македонија од страна на охридскиот детски хор „Бамбино“.11 Октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една генерација која избрала да не молчи со решителност поголема од стравот и со силна идеја...

Продолжи со читање

Меѓународен успех за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – освоени златни и сребрени признанија на ГАТУС

Post Views: 237 Во периодот од 5 до 8 октомври се одржа 13-тиот меѓународен натпревар за ученици од угостителско-туристички училишта – GATUS 2025. На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора), каде домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Бар, Црна Гора.Учениците се натпреваруваа во готварство, угостителско послужување и...

Продолжи со читање

Детското одделение во охридската болница повторно работи во три смени

Post Views: 259 Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако  беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти  за исполнување на тросменски  дежурства.Конечно децата од Охрид ноќе, во викенди и за празници нема  да мора да патуваат во Струга, потребните здравствени услуги ќе ги добиваат во охридската болница.– Ќе ја  искористам ова прилика и да се заблагодарам и на колешките и на персоналот на одделението за педијатрија, кои што се нафатија и знам колкава жртва прават за ова да се...

Продолжи со читање

Одржана работилница во охридскиот затвор на тема: „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“

Post Views: 137 Од Црвен крст Охрид информираат дека во КПУ Затвор Охрид во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, реализираа нова и значајна работилница на тема „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“.–Работилницата се одвиваше во пријатна и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи отворен дијалог, взаемна поддршка и интерес за нови теми кои ќе бидат обработени на идните средби. Заедно создаваме простор за разбирање, промена и личен раст, велат во соопштението од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Денес за најмладите „Марсовски пикник“ во Охрид мол

Post Views: 216 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес ќе биде прикажана детската интерактивна театарска престава „Марсовски пикник“ во изведба на „Театар за тебе“.Претставата ќе биде одиграна во 19 часот во Охрид мол.-Дојдете и уживајте во детската магија!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Светиот маченик Калистрат

Post Views: 181 Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура

Post Views: 109 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР инфомираат дека следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, а во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Продолжи со читање

СДСМ најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште

Post Views: 193 На денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид, како една од најзначајните иницијативи што ја предлагаат како советнички тим на СДСМ.-Оваа иницијатива не е обичен проект ова е порта која ќе го поврзе Охрид со иднината и современите светски туристички дестинации. Порта која ќе го отвори градот кон нови можности за туризам, економски развој и меѓународна соработка. Проектот ќе се реализира во корелација помеѓу Општина Охрид, државните институции и...

Продолжи со читање

Изложба на фотографии од најпретставителните единки на Балкански рис досега фатени на камера во КЦ Култ Охрид

Post Views: 161 Изложба на фотографии кои ја прикажуваат убавината и уникатноста на Балканскиот рис од денеска е отворена за охридската јавност во Културниот центар „Култ“ . 21 фотографија од најпретставителните единки на ова ретко и таинствено животно содржи селекцијата создавана околу 17 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис која ја спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД). Фотографиите се направени со помош на фотозамки, како најкористен метод за теренско истражување на притаени диви животни, а неколку се уловени со фотоапрат.Како...

Продолжи со читање