Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва изложба на скулптури ,,Торза” од Андреј Митевски во Култ Културен Центар

Views: 185 Вечерва во Култ Културен Центар ќе биде отворена изложбата ,,Торза” од Андреј Митевски.Инаку дело на вајарот Митевски, скулптурата „Перо“ изработена од македонски мермер, стана дел од колекцијата на папата Лав XIV, како државен подарок по повод денот на Св. Кирил и Методиј.Андреј Митевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1999 година. Постдипломски студии завршил во класата на проф. Драган Попоски Дада во 2000/2001 година. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувал на бројни групни претставувања. Неговото...

Продолжи со читање

Австриска вечер на „Охридско лето“

Views: 370 Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да започнат постојана соработка како пијано дуо. Оттогаш до денес редовно настапуваат низ Европа и САД, во престижни концертни сали и на...

Продолжи со читање

Постхумна изложба „Езерски брегови“ во Струга во чест на академскиот сликар Таки М. Павловски

Views: 175 Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, од денес до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхумната изложба циклус ,,Езерски брегови“, посветена на творечкиот опус на академскиот сликар Таки М. Павловски.Изложбата е дел од монографската едиција „55 години творештво (1966–2021)“ и претставува достоинствено оддавање почит на еден од најавтентичните и најзначајните македонски ликовни уметници, чие дело остави длабока и трајна трага во историјата на современата македонска уметност.-Со...

Продолжи со читање

Денес промоција на романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми

Views: 227 Во организација на Издавачката куќа „Светулка“, денес, петок, со почеток во 19:30 часот, во The Harbour Club во Охрид ќе се одржи промоцијата на романот „Само уште еден скок“ од охриѓанката Енис Хилми.За книгата ќе зборуваат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, кои ќе се осврнат на книжевните, етичките и општествените теми што ги отвора романот.Раскажан од перспектива на кучето Тото, „Само уште еден скок“ е роман што на необичен и искрен начин говори за човекот и неговиот однос кон светот. Низ приказната за едно куче се испреплетуваат теми за љубовта, припадноста,...

Продолжи со читање

Чудото на светата великомаченичка Ефимија

Views: 237 Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор...

Продолжи со читање

УХМР: Денес дожд и локална нестабилност, викендов стабилно

Views: 185 Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).Денешните температури во Охрид од 14 до 20 степени Целзиусови.За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе отстранува нелегално изградени гаражи, граѓаните повикани да ги отстранат предметите

Views: 235 Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид информира дека во периодот од 27 до 31 јули 2026 година ќе се спроведе административно отстранување на 10 нелегално изградени гаражи.Гаражите се наоѓаат на катастарската парцела КП 11022/20, КО Охрид 2, земјиште во сопственост на Република Македонија.Од Општината ги повикуваат корисниците на гаражите навреме да ги отстранат сите подвижни и неподвижни предмети што се наоѓаат во нив. Во спротивно, предметите ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби и...

Продолжи со читање

Расте бројот на туристи, најбарани се пловидбите по eзерото

Views: 222 Колони возила на градските улици, преполни тераси, редици во маркетите и раздвижени плажи. Ваква е сликата деновиве во Охрид, кој веќе го живее шпицот на летната туристичка сезона. Од раните утрински часови па до доцна навечер, градот пулсира во ритамот на летото. Најбројни се домашните гости и туристите од земјите од регионот, но сè повеќе има посетители и од Холандија, Англија, Полска и Турција, кои престојот во градот го користат за одмор, прошетки и уживање во убавините на Охридското Езеро.Туристичките работници велат дека сезоната засега се одвива во добра насока, а...

Продолжи со читање