Skip to main content

Автор: инфодеск

Пристигнува најочекуваниот гаџет годинава

Post Views: 270 Apple за 9-ти март најави конференција за новинари на која најмногу ќе се зборува за нивниот паметен часовник кој во продажба би требало да се појави во април. Иако Tim Cook часовникот го претстави во септември, од оваа компанија до денес не објавија додатни информации за нивниот нов гаџет, но како што се ближи времето за почетокот на продажбата на некои портали се објавени гласини околу опциите кои ќе ги има овој уред. Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори, објавиле дека Apple веќе некое време во својата тајна соба во која нема мобилен сигнал и е...

Продолжи со читање

Руски олигарх ја купи германската енергетска компанија RWE

Post Views: 235 Руската групација со седиште во Луксембург, во сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман, ја купи германската гасна и нафтена компанија RWE Dea AG  за 5,1 милијарди евра, пренесува AJB. Германската компанија е една од петте водечки на подрачјето на енергетика и електрична енергија која снабдува 20 милиони корисници, а со гас околу 10 милиони. Велика Британија е загрижена поради оваа трговија, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека Лондон се обидел да ја спречи продажбата. Британските власти се загрижени поради фактот дека RWE продава нафта и гас во...

Продолжи со читање

Супер-Земја навистина постои

Post Views: 244 Астрономите откриле уште една планета за која се претпоставува дека е слична на Земјата, а станува збор за супер-Земја која се наоѓа на оддалеченост од 20 светлосни години од нас. Долго време астрономите го одрекуваа постоењето на егзопланетата GJ581d, која се наоѓа на 20 светлосни години од Земјата, по откривањето во 2014 година. Сметале дека се работи за шум од податоци предизвикан од ѕвездените пеги, како оние на Сонцето. Но, тим на астрономи од Универзитетот Queen Mary од Лондон инсистира на тоа дека планетата е вистинска, по преиспитувањата на своите методи...

Продолжи со читање

Голема снежна бура низ САД

Post Views: 218 Поради голема снежна бура во САД од Тексас до Нова Англија затворени се училишта, откажани се повеќе од 4.000 летови, додека стотици возачи во Кентаки, каде паднал 58 цм. снег, морале да го прекинат патувањето. Авион на превозникот Delta Air Lines на њујоршкиот аеродром La Guardia поради обилен снег при слетувањето се излизгал од пистата и удрил во оградата. Повредени нема. Во Колумбија, Њу Џерси, Јужна Каролина и Тенеси се најавени затварања на училишта, канцеларии и судови, додека гувернерот на Кентаки прогласи вонредна состојба. Националната гарда е разместена...

Продолжи со читање

Џихадистите објавија “туристичка брошура”на Исламската држава

Post Views: 232 Џихадистите на Исламската држава во јавност пуштија бизарни фотографии во обид да привлечат муслимани во џихад. Целта на оваа серија од фотографии е да се прикаже како добро се живее во саопрогласениот калифат. Така на фотографиите свое место си нашле пазарите кои се преполни со шарени артикли, штандови со играчки, парфеми, овошје и зеленчук, пекарски производи…На некои од фотографиите се нашле и некои западни деликатеси како што е пицата, хамбургерот и газираните сокови. Фотографиите се пропратени со слоганот “wish you were here” или во превод “би сакал да...

Продолжи со читање

Hyundai овозможува ракување на автомобилот со паметен часовник

Post Views: 223 Најновата верзија на апликацијата Blue Link на Hyundai им овозможува на сопствениците по пат на поддржан паметен часовник од далечина да управуваат со многу функции на автомобилите од марката Hyundai. Некои од функциите кои ќе можат да се извршуваат со паметниот часовник се стартување на автомобилот, отклучување и заклучување, употреба на сирената, ракување со светлата или можноста да го пронајдете својот автомобил на паркинг. Сето тоа е возможно да се направи по пат на гласовни команди. За сето ова да биде достапно, сопствениците ќе мораат да се претплатат на...

Продолжи со читање

Хрватска – Несекојдневна кампања на Nescafe

Post Views: 199 Во несекојдневна кампања под името “одвоете дел од утрото за себе” Nescafe на граѓаните на Загреб, Сплит, Задар и Осијек во текот на март ќе ги развесели граѓаните со повеќе од 100.000 бесплатни кафиња. Кампањата е поттикната со истражувањето за навиките на љубителите на кафе, која покажала дека основните мотиви за пиење кафе се будењето, покренувањето и подигнувањето на расположението. Затоа Nescafe Classic одлучил да ги изненади Хрватите со кафе и да им овозможи утрински моменти на уживање во омилениот напиток, на нивниот пат до работа или при извршувањето на...

Продолжи со читање

Zuckerberg при вработување си поставува само едно прашање

Post Views: 225 Основачот на Facebook, Mark Zuckerberg, оваа недела ја посети Барселона и саемот на мобилна индустрија Mobile World Congress, а причината не била телефонот на Facebook (за кој многу се зборува), туку само учествувал на конференцијата на која одговарал на прашања од новинари. Веројатно најинтересното прашање било поврзано за вработување на нови луѓе во Facebook па така еден од новинарите прашал кои карактеристики ги бара од кандидатите за работа, односно каков кандидат тој би вработил. Mark му дал едноставен и многу интересен одговор. Имено, тој вели дека ќе ги...

Продолжи со читање

Закон за пакување на цигари во неозначени кутии

Post Views: 245 Ирскиот парламент вчера стана втор парламент во светот кој го донесе законот со кој цигарите мораат да се пакуваат во неозначени кутии, и покрај заканите од тужби од тутунските компании кои се противат на ваков закон. Компаниите Japan Tobacco International и Imperial Tobacco Group се заканиле со тужби против законот со кој се воведува забрана за истакнување логоа на кутиите, но сепак владата на Ирска се одлучила за ваков потез. Австралија сличен закон донесе во 2012 година со цел намалување на пушењето и е соочена со пријава на Светската трговска организација со...

Продолжи со читање

Потекло на имињата на најпопуларните компании

Post Views: 229 Името на компанијата е важно помеѓу технолошките компании бидејќи името сугерира колку е компанијата креативна и заинтересирана со името да ја покаже својата идеја и генијалност. Без оглед за кој спектар на работење се работи, секоја компанија има некое скриено значење во своето име. –Apple – Излет во овоштарник со јаболка влијаел на изборот на името на денес најпопуларната компанија во светот. Токму Steve Jobs по враќањето од фарма со јаболка во Орегон му го предложил името Apple на својот соработник Steve Wozniak, како едноставно, духовито и непретециозно...

Продолжи со читање

Пат околу светот без капка гориво

Post Views: 219 Bertrand Piccard, еден од креаторите и пилот на авионот Solar Impulse 2, ќе го направи првиот пробен лет на неверојатниот и иновативен авион кој при летот не користи ниту една капка гориво туку исклучиво лета на соларен погон, а летот е посветен на принцот на Дубаи, Mohammed bin Zayed. Принцот Zayed учествувал во проектот за изградба на соларниот авион од самиот почеток пред десет години. “Го посветувам првиот лет на неговото величество, Шеикот Mohammed bin Zayed, кој го поддржа целиот проект од првиот ден на нашата средба”, рекол Piccard. Solar Impulse 2 има...

Продолжи со читање

Google потврди нудење услуги како мобилен оператор

Post Views: 220 За тоа дека Google наредните месеци ќе заплови во водите на мобилни оператори се шпекулираше подолго време, а конечната потврда дека тоа навистина ќе се случи пристигна од Mobile World Congress (MWC) кој се одржува во Барселона. Токму таму потпретседателот за Google и Android, Sundar Pichai потврди дека компанијата ќе почне пробен период со своја мобилна мрежа и дека тоа, спрема неговите зборови, би требало да се случи пред крајот на годината. Со оваа најава, Pichai, веднаш се обидел да ги смири страстите велејќи дека “Google не е конкуренција на постоечките...

Продолжи со читање