Skip to main content

Автор: инфодеск

Втора форумска сесија од проектот Зајакнување на општинските совети

Post Views: 18 Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија. Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста...

Продолжи со читање

Започна опремувањето на детските игралишта со реквизити

Post Views: 17 Започна опремувањето со детски реквизити на игралишта на улиците „Даме Груев, „Крали Марко ” и населбата Далјан.Во наредниот период оваа активност ќе ги опфати и останатите детски игралишта на територија на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Заканата за безбедноста на лекарите е и закана за грижата за пациентите

Post Views: 18 Со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување Лекарската комора се придружи кон одбележување на вчерашниот ден, 12 март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат.Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба. Таквата агресија може да има...

Продолжи со читање

Десет години без Пепе

Post Views: 15 На 11-ти март во 2013 -та година колективот на Телевизија ТВМ го загуби својот драгоцен колега и пријател Петар Алексоски. Петар почина ненадејно и прерано во својата 42 година.Петар беше еден од неколкумината ентузијасти кои работеа во ТВМ од самиот почеток. Во текот на две децении колку што траеше неговиот работен век во медиумот тој го вгради својот интелект, креативност и душа во се она што го работеше. Петар беше беспрекорен во својата работа, професионален и одговорен. Беше омилен во тимот. Секогаш ведар, насмеан, духовит и подготвен да сослуша и да...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на првото државно првенство Таеквондо ИТФ

Post Views: 25 Во Охрид се одржа првото државно првенство Таеквондо ИТФ во организација на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“, а под покровителство на Општина Охрид.Во натпреварувачкиот дел од настанот учествуваа 63 натпреварувачи од 5 клубови од Македонија: „Мастер“ од Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ од с. Лескоец, ИТФ клубот „Чонџи“ од Косел, ИТФ клубот „Сонкал“ од Мислешево – Струга и „Ахилиус“ од Скопје.  При официјалното отворање на првенството пред присутните се обрати заменик градонaчалникот, Перчо Божиновски.Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие...

Продолжи со читање

Две лица физички нападнале стружанец

Post Views: 11 На 12.03.2023 година во 04:20 часот, на улицата „15 корпус” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.У. и К.М. врз А.Ш.(43), сите од Струга.Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Еколошка акција на УМС Охрид

Post Views: 13 Општинскиот комитет Охрид на УМС се приклучи на акцијата под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”. Како УМС се залагаме за почиста животна околина, па затоа денес засадивме садници во околината на Горна Порта – информираат од УМС Охрид, за вчерашната еколошка акција.

Продолжи со читање

Казнети 5 возачи на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 14 На 10/11.03.2023 година од 23 до 05 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга- 02, Кичево-02).Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање