Skip to main content

Автор: инфодеск

Зграда општина Охрид

Општината ги потсетува обврзниците да платат комунална такса за фирмарина

Post Views: 59 Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот  (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21) и согласно одредбите во законот за Комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2020 /2021 год.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски.Воедно, од општината информираат дека секое регистрирано лице како...

Продолжи со читање

судење родилка Дебар

Судските вештаци лоцираа одговорност кај лекарите за родилката од Дебар

Post Views: 49 Со распит на судските вештаци од Институтот за судска медицина , денеска во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес  за родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, која при породување во 2020 година остана без бубрег, матка и јајник. Вештаците одговарајќи на вкрстеното испрашување  кажаа дека одговорноста е кај докторот кој ја водел бременоста и породувањето но и кај сите лекари и целокупниот медицински персонал. Веапоска очекува одговорност и правда.„Секој доктор од влезот на мојот пороѓај до излезот од болницата јас сметам и како што пишува во вештачењето...

Продолжи со читање

струга суд

Судскиот совет ќе проверува дали Мерко се мешал во судски постапки

Post Views: 36 Судскиот совет ќе ги проверува  наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, во поглед на ставањето на струшкиот градоначалник Рамис Мерко и неговото семејство на црната листа на САД, квалификувајќи го  како  неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значајна корупција и мешање во судски процеси.   Ќе биде формирана посебна  комисија, која ќе врши контрола во судот.  Од Судскиот совет велат минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две...

Продолжи со читање

сараиште

Кајчињата од Сараиште да се отстранат до петок

Post Views: 32 Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, објаснуваат од локалната самоуправа.

Продолжи со читање

gradezni raboti

Од 1-ви јули забрана за градежни работи во Охрид

Post Views: 48 Во период од 1-ви јули до 31 август 2023 година се забранува изведување градежни работи  од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид, информираа денеска од локалната самоуправа.Оваа забрана важи за  просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа  на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Одлуката за забрана за...

Продолжи со читање

Виа ферата

Промотивно видео за првата туристичка Виа Ферата на Галичица

Post Views: 45 Второ лето на рсполагање на авантуристите им е Виа Ферата Доброја на Галичица. Оваа патека за искачување на посетителите им нуди нов вид авантура и еден сосема поинаков начин на другарување со природата и доживување на особено атрактивните панорамски вредности на паркот.Првата Виа Ферата, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала на Галичица беше пуштена во употреба во јули 2022 год. Патеката го доби името „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е карактеристична за повисоките делови од националниот парк. Ова растение,...

Продолжи со читање

ОхридскоЕзеро

Охридско Езеро – најубавиот скапоцен подарок од природата

Post Views: 156 Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен акватичен екоситем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на UNESCO. Во 2010 г. НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“.Потеклото на Охридското...

Продолжи со читање

titan

Во подморницата Титан има кислород до четврток наутро

Post Views: 48 Спасувачките тимови се во трка со времето во потрагата по туристичката подморница со пет лица која исчезна за време на нуркање до потонатиот брод Титаник.Канадски авион синоќа во потрагата открил подводни звуци, објави американската крајбрежна стража. Откритието ги принуди тимовите за пребарување да ги преместат своите подводни роботски операции „во обид да го утврдат изворот на звукот“, објави крајбрежната стража денеска.Екипажот на подморницата Титан изгуби контакт со површинскиот брод – „Поларниот принц“ – час и 45 минути откако почна да...

Продолжи со читање